Проект „Магла“ на кураторот Ави Лубин

Share Button

Проектот „Магла“ е кураторски проект на Ави Лубин, куратор од Израел, во кој учествуваат уметниците: Алберт Алгаер, Газмент Ејупи, Фатмир Мустафа, Луан Бајрактари и Дритон Селмани.

Оваа изложба која е насловена Магла, по првото искуство на кураторот Лубин со Косово, т.е. со маглата на аеродромот кој го отежнал слетувањето, има за цел да одговори на неколку дискурси и тоа: Што значи да се биде делумно признаена држава како што е Косово? Што значи да се биде подрачје во спорот? Кураторот пред себе го имал и фактот што токму неговиот роден Израел е една од земјите кои не го признале Косово за независна држава. Сите овие автори на различен начин, со различен медиум и пристап кон темата го проблематизираат аспектот на себеидентификацијата.

—————————

Ави Лубин е куратор и теоретичар во областа на современата уметност. Во моментов е кустос на галеријата Хамидраша – Хајаркон 19 и раководител на теоретските студии на постдипломската програма за ликовна уметност на Факултетот за уметности – Хамидраша, колеџ Бејт Берл. Лубин неодамна беше именуван како куратор на изложбата на Аја Бен Рон за израелскиот павилјон на 58. Венециско биенале.

Учествувал на многу самостојни и групни изложби во јавни и приватни галерии, музеи и алтернативни простори во Израел и во целиот свет, вклучувајќи ги и “Уметничката школа”, Музејот на уметноста во Тел Авив (Хелен Рубинштајн); “Скриени патници”, Апексарт, Њујорк; “Тајм тајмс”, Уметничката галерија на Генеа Шрајбер, Универзитетот во Тел Авив; “Магла”, Националната галерија на Косово; “Кружни движења”, Kunstverein Kunsthaus, Потсдам; “Vestige”, Art Cube Gallery, уметнички студиа, Ерусалим; и мешан хромозом, MOM Artspace, Хамбург. Неговите статии се објавени во академски списанија, списанија, монографии и каталози.

Магла, кураторски проект на Ави Лубин, проект на Националната галерија на Косово, ко-куратор Ана Франговска, 11 Јуни – 11 Јули, Мала станица

Share Button