Распоред на активности од програмата на НГМ за април 2016 година

Share Button

Borce Nikoloski Mala stanica 22

Распоред на активности од програмата на Националната галерија на Македoнија за април 2016 година

Мала Станица

15-20.04 Земна и небесна екстаза – љубовна поезија и уметност, организатор Маленко Љупчо 

На 15.04 Светскиот ден на уметноста ке биде отворење изложба на дела од 14 ликовни уметници инспирирани од светската лубовна поезија.Отворање 20:30 часот.
Изложбата ќе ја отвори Ефтим Клетников, вон програмска содржина.

 23.04-01.05 „Галерија на портрети“, куратор Ана Франговска 

Изложбата е практично збир на нематеријални дела, недофатни на перцепцијата на човекот со денешните биолошки перцептивни можности. Во повеќе од просториите на Мала станица, просторот се неутрализира од аспект на мирис (се варосува, а подот се брише со средство за неутрализирање), а потоа во секоја од просториите се поставува “мирисен квадрат”. Сопствениците на кучиња, по претходно закажен термин и добиени инструкции, ја посетуваат изложбата. Делото е невидливо за сопствениците, но не и за нивните миленици, чија реакција се документира (фотографии и видео). Во предвид доаѓаат само социјализирани миленици, навикнати на живот во затворен простор.

26.04-03.05 Изложба на фотографии, куратор Маленко Љупчо

Фотографии за развојот на Општината Кши Ченг од Пекинг, организатор Општина Центар, вон програмска содржина.

vana uroshevic postavka cifte (7) (Copy)

Чифте амам

06.04 Денот на лицата со аутизам, едукатор Маја Димитрова 
Креативни ликовни работилници и изложба по повод одбележување на лицата со аутизам. 6-ти април 2016 година. Во работилниците ке учествуваат 50 дечиња на возраст од 5-15 години во придружба на родители и дефектолози ангажирани од организации на невладиниот сектор.

16-25.04 Награда за млад ликовен уметник, организатор Центар за современи уметности

26.04 Годишна изложба на основни училишта, едукатор Маја Димитрова 
Годишна изложба на основни училишта од градот Скопје. Традиционална изложба каде учество земаат повеке од 800 ученици на возраст од 10-14 години. Отварање 13:30 часот

daut pasin amam

Даут-пашин амам

01.04 Коцерт Арјана Куриу-Груби

18:00 Проф.Арјана Куриу-Груби концерт-пиано

06.04 ,,Роман на годината” настан на “Утрински весник”
19-22:00 Свечено доделување на наградата “Роман на годината” за 2015 година”, “Телото во кое треба да се живее” на авторот Петар Андоновски.

22.04 „Денот на планетат земја“, едукатор Ацо Таневски

Ликовен хепенинг во дворот на Даут пашин амам.

28.04 Коцерт Сихана Јакупи
19:00 часот, ќе се одржи концерт на Сихана Јакупи – хорна и Арџира Чолаку – флејта. Ќе бидат изведени дела од повеќе композитори, меѓу кои и Haydn, Veber, Ravell и други.
Влезот е бесплатен.

———–

07.04 Самостојна Изложба на Решат Амети – во МАНУ, куратор Маја Крстевска

Изложбата ке биде поставена во месец Октомври, во изложбениот салон на Македонската Академија на Науките и Уметностите, каде ќе бидат поставени околу 30-тина дела, настанати во период од 2000-та година, до денес.

Предизвик и приоритет му се геометријата, пред се, видена во правилните форми на квадратот, триаголникот, кругот, или форми кои едноставно се врзуваат со човекот.На платната што ги работи се појавуваат конструкции од хоризонтални и вертикални линии, поставени под прав агол, кои уште повеќе ја интензивираат геометријата како принцип на неговите дела.

Во овој последен творечки циклус , повторно создава дела со различен стилско-содржински израз и таквите дела оставаат во исто време слоевитост на прикажаното, со светлина која ја оживува целата претстава.

Насловот на оваа изложба е “Лирска геометрија” и всушност е пресек на целото досегашно негово творење.

Меѓународна изложба

07-20.04 (По)трагите на водата – Акварел од колекцијата на Националната галерија на Македонија во КИЦ Софија, куратор Елена Георгиевска

kic sofija akvarel

Во Културно- информативен центар на Република Македонија во Софија, Република Бугарија се отвори изложбата со наслов (По)трагите на водата – Акварел од колекцијата на Националната галерија на Македонија. Акварелот како составен дел од Збирката на Националната галерија на Македонија, завзема значајно место, такашто со оваа изложба се презентира избор на дел од уметничките дела остварени во оваа ликовна техника.

Овој проект беше замислен како изложба со патувачки карактер истата беше поставена во повеќе градови низ Македонија (Велес, Крива Паланка, Штип, Битола, Кавадарци, Куманово). Истата, беше реализирана во соработка со Дирекцијата за култура и уметност- Скопје, и е во рамките на проектот „Кич, да!?/сте или не/“ поддржан од Министерството за култура.

akvarel kolekcija na ngmЉубителите на уметноста добија можност да видат селектирани дела од најстарата генерација автори од македонската современа ликовна уметност, како и од соседството.

Меѓу авторите на акварелите застапени во колекцијата на Галеријата се претставници од најстарата генерација современи академски сликари од Македонија – Михајло Шојлев, Димитар Аврамовски Пандилов, Киро Караџа, Лазар Личеноски, Вангел Коџоман, Љубомир Белогаски, Василие Поповиќ – Цицо, како и одредени познати имиња (врвни мајстори) од соседните држави (кои покрај сликарството работеле и акварели) – Томислав Кризман, Јован Бјелиќ, Коста Хакман, Петар Лубарда, Предраг Милосављевиќ – Пеѓа, Никола Славин.

Регистарот на акварелното сликарство, продолжува со создадени дела од авторите – Лена Стефанова, Ејуп Умер, Богољуб Ивковиќ, кои во својот творечки опус периодично или експериментално работеле акварел, или пак, негова имплементација во делото (цртеж во комбинирана техника со акварел, гваш) – Симон Шемов, Владимир Георгиевски, Станко Ѓорѓиев, додека некои од уметниците се најпрепознатливи во своето творештво во акварелната техника – Никола Бутров, Илија Кавкалески- Кавкале, Теофил Шулајковски-Тофе, Јакуп Хајро.

Истата ке биде поставена до 20.04.2016 година.

Share Button