Спонзорирање изложби

Спонзорирањето изложби во Националната галерија на Македонија преставува една од најважните можности за спонзорирање на уметноста во земјата. Тоа овозможува исклучителни погодности меѓу кои присуството во сите медиумски соопштенија, реклами, изданија и настани, како и одлични прилики за забава на клиентите, организациите или целните групи.

Маркетинг службата од блиску соработува со спонзорот за да овозможи целите да се реализираат во согласност со Развојната програма на Галеријата. Ние ја прифаќаме комерцијалната условеност од таквото партнерство и ќе соработуваме со спонзорот со цел да му возвратиме.

This post is also available in: English, Albanian