Националната галерија на Македонија со богата програма и значајни проекти

mala stanica mala 3

Изминатата година во објектот „Мала станица“ беше извршена целосна реконструкција на системот за греење и ладење, што беше неопходно за самиот простор, како и реконструкција на предната фасада на објектот со цел просторот кој е наменет за најразлични галериски перформанси и промоции да биде ставен во функција на уметниците …

Повеќе значајни проекти се реализирани во изминатиот период во Националната галерија на Македонија, чија основна дејност е колекционирањето, негувањето и презентацијата на ликовното творештво. Два проекта во делот на инвестиции во објектот „Мала станица“ се целосно завршени од страна на Националната галерија, а годинава во делот на инвестициите ќе се реализираат уште два исклучително значајни проекти, и тоа за Даут-пашиниот амам и за Чифте амам.

Националната галерија на Македонија годинава нуди програма која вклучува голем број ретроспективни изложби на наши истакнати уметници, ќе учествува со голем број проекти во културно-информативните центри во Софија и во Њујорк, а ќе се претстави и на Венециското биенале. За успешното функционирање на Националната галерија на Македонија задоволство изрази министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, која денеска ја посети оваа национална установа.

- Изминатата година во објектот „Мала станица“ беше извршена целосна реконструкција на системот за греење и ладење, што беше неопходно за самиот простор, како и реконструкција на предната фасада на објектот со цел просторот кој е наменет за најразлични галериски перформанси и промоции да биде ставен во функција на уметниците – рече Канческа-Милевска.

Таа посочи дека во програмата за годинава во делот на инвестициите ќе се реализираат два исклучително значајни проекти – едниот за уредување на депото на галерискиот објект Даут-пашин амам, а другиот е наменет за галерискиот објект Чифте амам.

- Во рамките на проектот за уредување на депоата во националните институции, влезен е и Даут-пашиниот амам каде што Националната галерија ќе изврши целосно уредување на депоата, како и проектот наменет за галерискиот објект Чифте амам. За него е изработен основен проект од страна на Националната галерија кој опфаќа целосно спречување на влагата во објектот. Проектот е околу 17 милиони денари. Ќе се уреди и дворниот простор на Чифте амам каде што ќе биде поставена и ограда – истакна Канческа-Милевска.

Таа се осврна на реализираните многубројни ретроспективно-монографски изложби, како и на соработката со други центри, како што е онаа со Чешкиот културен центар. Исто така, министерката укажа на изложбата која минатата година се одржа во Чешка по повод одбележувањето 20 години дипломатски односи со Чешка, а ја нагласи и соработката со Словенија.

- Нешто што сакам да потенцирам, а е од исклучителна важност за Република Македонија, е во однос на Музејот на Лазар Личеновски. Целосно е завршена оставинската постапка во врска со куќата на Лазар Личеновски, државата додели два стана, она што се бараше од страна на сопствениците. Процедурата е целосно затворена, правосилно е решението, а остануваат уште административните работи – рече Канческа-Милевска.

Таа потенцираше дека Националната галерија се подготвува за уредувањето на Музејот на Лазар Личеновски, а идната година, кога се одбележуваат 115 години од раѓањето на Лазар Личеновски, а тоа е април 2016 година, планирано е да заврши целокупното уредување и да се отвори Музејот за посетителите.

- Минатата година почнавме со откуп на ликовни дела како една стимулативна мерка. Откупени се околу 64 ликовни дела од 60 уметници. Планираме годинава да има изложба со цел јавноста да види што има откупено државата. Дел од откупените ликовни дела влегуваат во поставките на Националната галерија и на Музејот на современата уметност, тука влегоа 16 ликовни дела, и се планира заедничка изложба на двете институции – додаде Канческа-Милевска.

Директорката на Националната галерија на Македонија, Маја Неделкоска-Брзанова, рече дека и годинава имаат обемна програмска активност и настојуваат да реализираат проекти кои се однесуваат на афирмација на македонската современа ликовна уметност на автори кои оставиле голем белег во нејзиниот развој, како и на помладите генерации.

- Предвидени се две ретроспективни изложби на Томо Шијак и на Александар Кондев. Потоа имаме неколку истражувачки проекти кои ги опфаќаат авторите Борко Лазески, Вангел Наумовски, Спасе Куновски… кои ќе се одвиваат во неколку фази и крајно би било реализација на ретроспективни изложби проследени со соодветни публикации – истакна Неделкоска-Брзанова. Меѓународната активност, посочи таа, опфаќа соработка од реципрочен карактер – Чешкиот културен центар годинава гостува кај нас со дела од современата чешка уметност.

- Ќе гостуваме во Загреб со еден проект на Ана Франговска, Маја Чанкуловска Михајловска и Горанчо Ѓоргиевски, а имаме три проекти во Културно-информативниот центар во Софија со Тома Мишев, Жанета Гелевска, Благоја Маневски и Јован Шумковски, а во Културно-информативниот центар во Њујорк со Ивана Пирковска и Александар Таневски итн. – додаде Неделкоска-Брзанова.

no comments

Read more...

Изложба на дела од палатата Фарнезина во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам вчеравечер беше отворена изложбата „Кон почетоците на Европската унија – италијанска архитектура и уметност за палатата Фарнезина“.

farnezina vo chifte 7Изложбата на која се претставени дела од најпознатите сликари на италијанскиот модернизам и архитектонски скици од палатата Фарнезина, е дел од културната програма со која беше одбележано претседателството на Република Италија со ЕУ. Со неа завршува презентацијата на италијанската култура во Македонија која годинава беше поддржана и од Министерството за култура.

- Италијанската култура е двигател на многу развојни процеси во европската уметност и во таа смисла, настаните кои ни ја презентираат италијанската традиција се секогаш со задоволство и големо внимание проследени од нашата културна јавност, истакна министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска пред отворањето на изложбата.

„Кон почетоците на Европската унија – италијанска архитектура и уметност за палатата Фарнезина“, како што рече, е приказ на клучните, историски моменти на италијанското општество и Европа во 20-тиот век. Воедно претставува дел од раскошната колекција на палатата Фарнезина која е во сопственост на Министерството за надворешни работи на Република Италија.

farnezina vo chifte 6

- Колекцијата на 22 дела од најпознатите сликари на италијанскиот модернизам и 16-те архитектонски скици ни ја раскажуваат историјата на ова уникатно здание изградено во далечната 1935 година кое има репутација на екслузивен културен простор во кој се сместени врвните дела на авторите кои се синоним за италијанската уметност денес, посочи Канческа-Милевска.

Оваа репрезентативна изложба, додаде, е одлична можност македонската јавност да се запознае со архивскиот материјал за внатрешниот дизајн на палатата кој е дело на архитектот Енрико Дел Дебио но, и со современите уметнички креации на Афро Басалдела, Џани Бертини, Карла Акарди, Пиетро Дорацио, Карло Баталја, Антонио Санфилипо, Антонио Скордиа, Алберто Бевилаква, Америго Тот, Арналдо Помодоро и многу други кои во текот на 50-тите и 60-тите години на минатиот век, кога се поставуваа темелите на ЕУ, одиграа значајна улога во развојот и во афирмацијата на новите ликовни стилови во европската и во светската историја на уметноста.

farnezina vo chifte 4

farnezina vo chifte 3

- Република Италија е наш долгогодишен пријател со кој негуваме традиционално одлични односи во областа на културата. По катастрофалниот земјотрес во Скопје, Италија донираше повеќе од 300 уметнички дела од современи италијански уметници кои денеска се дел од италијанската колекција на Музејот на современата уметност во Скопје. Радува податокот што дел од овие автори кои ни ја пренесуваат раскошната творечка експресија на италијанската уметност се застапени токму и во изложбата од Фарнезина, нагласи министерката.

Подвлекувајќи дека Македонија и Италија имаат интензивни релации во областа на културата, Канческа-Милевска изрази уверување за натамошно негување на успешната соработка и заедничко реализирање многу проекти како траен доказ за цврството пријателство помеѓу двете земји.

farnezina vo chifte 2

- Да продолжиме и во иднина заеднички да го освојуваме европскиот културен простор, да ја потврдуваме космополитската димензија на културата и уметноста и нејзината моќ да ги обединува земјите и народите, порача министерката Канческа-Милевска.

На изложбата поддржана од Министерството за култура во соработка со Амбасадата на Република Италија во Република Македонија, чиј куратор е проф. д-р Давиде Лакањина, присуствуваа претседателот на државата Ѓорге Иванов, италијанскиот амбасадор Ернесто Масимино Белели и директорката на Националната галерија на Македонија Маја Неделковска Брзанова.

farnezina vo chifte 1

no comments

Read more...

Монографија за донациите во културата од Амбасадорскиот фонд на САД

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје вчера ја промовираше монографијата „Зачувување и заштита“, во која се претставени реализираните проекти од културното наследство во Македонија, Албанија, Косово и во Црна Гора, заштитени и обновени со грантови од Амбасадорскиот фонд, од 2001 до 2012 година …

017 D-amam

Од Амбасадорскиот фонд на САД во Македонија се инвестирани повеќе од 1 милион долари во 11 проекти за зачувување, реставрација и конзервација: Јавна зграда – Стоа на локалитетот Вардарски рид кај Гевгелија; археолошки истражувања на Римскиот форум во Стоби; ранохристијанските фрески на Епископската базилика во Стоби; црквата „Свети Спас“ во Скопје; Турската бања во Тетово; мегалитската опсерваторија „Кокино“; словенските ракописи од 9 и 10 век во Охрид; Даут-пашин амам во Скопје; Шарена џамија во Тетово; конакот во манастирот „Св. Архангели“ во скопското село Кучевиште и проектот за реставрација на црквата и на фреските во „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид, кој е во тек и треба да заврши до крајот на годинава.

Сите тие се опишани и илустрирани во монографијата, заедно со уште 19 споменици на културата во Црна Гора, Албанија и Косово, кои со грантовите од САД се заштитетни и им е вратен автентичниот изглед.

016 D-amam

Американскиот амбасадор во Македонија, Пол Волерс, истакна дека со зачувување на она што е изградено пред нашето време, создаваме врска со минатото која, како што рече, ја зајакнува нашата култура и ни помага да ја разбереме нашата историја.

- Кога ќе зачувате парче од културата, тоа парче може да се сподели со светот. САД имаат инвестирано повеќе од 26 милиони долари за зачувување на историски и културни објекти во целиот свет бидејќи ние веруваме дека вреди да се споделуваат традициите со другите. Овие локалитети ќе служат не само како историски потсетник, туку и како мостови на градење посилни врски на заемно разбирање во светот. Горди сме што преку Амбасадорскиот фонд за културна заштита, само во Македонија имаме инвестирано повеќе од еден милион долари. Македонија има неверојатно богата историја и овие локалитети помагаат да се раскаже приказната за таа историја – рече амбасадорот Волерс на промоцијата во галеријата Даут-пашин амам, средновековен споменик на културата кој е меѓу 11-те реставрирани со американска помош.

012 D-amam-1

За поддршката од САД и за личниот ангажман на амбасадорот Волерс, се заблагодари министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, која рече дека верува оти македонско-американското партнерство и во иднина ќе биде инспиративен пример за успешна соработка и отворена можност за нови проекти од областа на културното наследство.

- Република Македонија е земја на стари цркви и манастири, објекти од старата градска архитектура, џамии, саат-кули – артефакти кои го одразуваат духот на македонскиот народ и на македонската држава. Заштитата на ваквите споменици е постојана грижа и приоритет на Владата на РМ – рече Канческа-Милевска и додаде дека покрај заложбите на државата, особено е значаен и партнерскиот однос со други институции.

06 D-amam

01 D-amam-1

no comments

Read more...

„Копнеж по реалното“ изложба на современи австриски уметници (Фото)

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, во средата (10 јули 2013 година) се отвори изложбата Копнеж по реалното, изложба на современи австриски уметници.

izlozba avstrija kopnez po realnoto (8)

Изложбата свеченото ја отвори г-а Халиде Палоши, директор на Национална галерија на Македонија, Карин Цимер, куратор на проектот, Ханспетер Хубер, помошник министер во сојузното Министерство за образование, уметност и култура на Р. Австрија и Елизабета Канческа-Милевска, министер за култура на Р. Македонија.

izlozba avstrija kopnez po realnoto (3)

izlozba avstrija kopnez po realnoto (7)  izlozba avstrija kopnez po realnoto (2)

izlozba avstrija kopnez po realnoto (1)

izlozba avstrija kopnez po realnoto (5)

izlozba avstrija kopnez po realnoto (6)

izlozba avstrija kopnez po realnoto (4)

no comments

Read more...

Изложба на современи австриски уметници вечерва во Чифте амам

Почитувани, Ве известуваме дека во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 10 јули 2013 година (среда) во 20 часот ќе се отвори изложбата Копнеж по реалното, изложба на современи австриски уметници.

NGM Einladung Skopje-DIGITAL front

Изложбата ќе се отвори во среда, 10 јули, во 20.00 часот, во нашиот објект Чифте амам, а на свеченото отворање ќе говорат г-а Халиде Палоши, директор на Национална галерија на Македонија, Карин Цимер, куратор на проектот, Ханспетер Хубер, помошник министер во сојузното Министерство за образование, уметност и култура на Р. Австрија и Елизабета Канческа-Милевска, министер за култура на Р. Македонија.

Оваа изложба е во соработка со Министерството за култура на Република Македонија и Министерството за култура на Австрија.

Со почит,

Национална галерија на Македонија

NGM Cifte amam avstriska izlozba (3)

NGM Cifte amam avstriska izlozba (2)

NGM Cifte amam avstriska izlozba (4)

NGM Cifte amam avstriska izlozba (5)

NGM Cifte amam avstriska izlozba (6)

NGM Cifte amam avstriska izlozba (7)

NGM Cifte amam avstriska izlozba (8)

NGM Cifte amam avstriska izlozba (1)

no comments

Read more...