„Месец на Никола Мартиноски“ во Националната галерија

По повод  „Месецот на Никола Мартиноски“, Националната галерија на Македонија Ве информира дека ќе се реализираат три исклучителни настани во име на културното наследство што го остави современикот на македонското сликарство и ликовната уметност.

покана Мартин за принтПрв настан, промоција на монографија

На 5 мај 2017 год. (петок), во 11 ч во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица ќе се реализира промоција на монографијата „Никола Мартиноски до 1945“.  Издавач на монографското издание е Националната галерија на Македонија а автор на монографијата е Проф. д-р Кирил Пенушлиски. За монографијата на промоцијата ќе говорат д-р Дита Старова Ќерими, директор на Националната галерија на Македонија, академскиот сликар Рубенс Корубин и академик Влада Урошевиќ.

Втор настан, отворање на изложба

Како продолжение на истражувачкиот труд , покрај промоција на монографијата ќе се реализира и изложба на слики и фоторепродукции на делата од Мартиноски кои датираат од самиот почеток на  неговата ликовна кариера. Изложбата носи наслов „Никола Мартиноски, почетоци 1919-1929“, ќе биде поставена и отворена во Мала станица на 11 мај 2017 год. (четврток), во 20 ч.

Трет настан, предавање на д-р Кирил Пенушлиски

На 16 мај 2017 год. (вторник) во Мала станица, 11 часот , Проф. д-р Кирил Пенушлиски ќе одржи предавање на тема „Од Мартин во Мартиноски“.

*******************************************************************************************************

Еве неколку наслови кои ја наговестуваат содржината на монографското издание и изложбата

Мартиноски 1919-1929, првите сликарски обиди

„Никола Мартиноски – почетоци, 1919-1929 година“ обединува триесеттина слики кои го прикажуваат развојниот пат на Мартиноски во најраниот период од неговата кариера, и за прв пат македонската јавност има прилика да види кохерентен приказ на еден период од неговото творештвото.

Изложбата започнува со првите сликарски обиди на Мартиноски, вклучувајќи ја тука и сликата „Пејзаж“ – од приватна колекција во Скопје – која е веројатно најстарото зачувано дело на Мартиноски. Сликата може да се датира во 1919 година, во време кога Мартиноски сеуште бил дел од работилницата на последниот македонски зограф – Димитрие Папрадишки.

„Пејзаж“,

Мартиноски, студиски престој, Школа на убави уметности, Букурешт 1920-1924

Од седумгодишниот студиски престој на Мартиноски во Букурешт, како студент на тогашната Школа за убави уметност, овдека се претставени повеќе слики. Од времето кога тој го слушал основниот курс на Школата (во периодот од 1920 до 1924 година) треба да се издвојат „Мртва природа со череп“ и „Девојка крај клавир“. Додека пак малечката „Во поле“ го симболизира новиот правец на уметноста на Мартиноски кој започнува во моментот кога тој го запишал специјалниот курс по сликање на Школата во Букурешт, во класата на Камил Ресу, во 1925 година.

„Мртва природа со череп“

 „Девојка крај клавир“

Промена на ликовниот израз, Париз, 1928-1929

Краткиот престој на Мартиноски во Париз (од крајот на 1928 до крајот на 1929 година) на изложбата е “илустриран“ со дела како „Женски портрет“ – од приватна колекција во Скопје – и крушевската „Глава на жена“. Дела кои јасно ја прикажуваат промената на ликовниот израз на младиот уметник, која настанува по неговото соочување со модерната уметност во Париз.

,„Глава на жена“

Враќање во Македонија, прва самостојна изложба 1929 година

Сликите од Музејот во Смедерево „Девојка со грне и младич“ и „Охридски рибари“, како и делата „Романски селанки во пејзаж 1 и 2“ (двете од приватни колекции во Србија),  „Циганка што пие кафе“ (во сопственост на Националната галерија на Македонија) и „Под распетието“ (приватна колекција Скопје), се меѓу првите сликарски обиди на Мартиноски по враќањето во Македонија, а воедно тоа се и делата што тој ги излагал на својата прва самостојна изложба во Скопје во 1929 година.

„Циганка што пие кафе“ (дел од постојаната поставка на Националната галерија на Македонија во Даут пашиниот амам)

Фоторепродукции на дела кои никогаш не биле претставени на македонската јавност

Дополнително,„Никола Мартиноски – почетоци, 1919-1929 година“ е збогатена со неколку фото-репродукции на дела кои се оштетени или не беа во можност да патуваат до Скопје.

Фоторепродукција – „Мртва природа – Бордо“

no comments

Read more...

Видеотрилогијата „Анатомија на векот“ на Гоце Наневски во Мала станица

Анатомија на векот, видеотрилогија на Гоце Наневски ќе биде прикажана на 4-ти мај (четврток) во Мала станица, 20 часот 

pokana_anatomija_na_vekot_nanevski

Најновиот проект – три индивидуални видеа имаат концепциско-документаторски карактер. Наневски во оваа трилогија е социјално-политички ангажиран. Неговиот јазик не е буквален и директен, не е априорна реакција и критика на актуелното секојдневие, туку преку малите суштествени наративи со многу генерална конотација укажува на мошне клучни деформации на општествената свест, кои ги дефинираат ликот и опачината на претставникот на едно трансформирачко општество без видлив расплет.


Во Раѓање, го обработува повеќеслојно аспектот на раѓањето виден низ разновидни призми, од најбазичната биолошко-физичка – предадена во разговор со доктор гинеколог и ембриолог (и бремената со прво дете); преку духовното раѓање и соживотот со Бога – во облик на есхатолошко-философски аспекти на еден православен свештеник – а всушност доктор по философија; онтологии за философското и општествено-социјално „раѓање“ и созревање – во ставовите на д-р по философија, професор и аналитичар на социополитичките состојби; па сѐ до женски наративи за физиологијата на жената-мајка – успешни професионалки во своите области, чии животи се менуваат со чинот на раѓање ново битие што ги облагородува и ги прави подобри личности (без оглед дали станува збор за едно или за повеќе деца).



Судбина, пак, третира претставници на најранливата категорија граѓани во Македонија кои се комплетно маргинализирани – Ромите, а од друга страна и малцинство со кое се поврзува зборот судбина и во позитивна и во негативна конотација. Интегрирањето и еманципацијата на Ромите кај нас зема посебен замав во последното десетлетие, особено во полето на едукацијата и инкорпорацијата во општествените сфери, но, за жал, сѐ уште само Ромите ги среќаваме да просат на улиците (без оглед на возраста). Во видеото Наневски го проблематизира овој микросвет, со цел индиректно да критикува во два правци – и општеството што не се грижи доволно, но и решението на оваа заедница да се задоволи со стереотипите и да не се освести дека решението за судбината е во сечии индивидуални раце. Визуелно, ова видео е ослободено од колорит, т.е. е црно-бело, а во него е вклучена авторска музика, шумење од замрзнати видеофрејмови со ефект на снег, како и звуци и кадри кои се добиени со иреверзибилно течење на одредена видеосеквенција.


Во третото видео, Ние, вампирите, Наневски се занимава со сказните и преданијата на старите народи и македонските племиња што се пренесувале од колено на колено и во кои се верувало дека постојат вампири за да прејде дијалогот постепено во анализа на актуелното општество и во персонифицирање на актуелните проблеми во политичкиот, економскиот, социјалниот и културниот свет како дело на вампири. Давајќи му една духовита димензија на целиот видеопреглед, всушност со многу критика и автокритичност, авторот  констатира дека сите ние сме вампири на денешното време и дека сите актуелни општествени малформации се случуваат благодарение на нас и се иницирани директно или индиректно од сите социјални фактори на една заедница. Еден интересен коментар на соговорникот Коста вели : „…вампирите четири вреќи ќе ти земат, ама една ќе ти остават, значи имале некаква етика…“, за разлика од „современите вампири“ кои немаат етика, а уште помалку морал и скрупули.

Видеата имаат и забавен елемент бидејќи играат на тенка линија помеѓу пренагласена сериозност-ангажираност и духовитост, продлабочени размисли наспроти модули кои имаат многу плитка животна философија итн. Наневски визуелно ја обликува личната перцепција за анатомијата на животот, т.е. за конструктивните аспекти на животот (како во скулптура) приоѓајќи им како на скелетон кој бара статичност и издржаност.

Изложбата ќе може да се погледа до 24-ти мај 2017 год.

no comments

Read more...

Годишна изложба на учениците од гимназијата „Јосип Броз Тито“

На 13 март (понеделник) од 20.00 часот во објектот Мала станица, при Национална галерија на Македонија ќе биде отворена несекојдневна изложба на дела од ученици по меѓународна матура од средното училиште “Јосип Броз Тито”.

lzlozba jbt 20 mala stanlca

Скопската публика ќе има можност да види интересни приоди на 20- ина млади креатори на сопствени светови. Оваа година настапот е јубилеен и се одржува по дваесетти пат, и петти во истиот професионален простор.

Со ова се продолжува заложбата на Национална галерија на Македонија да им се дава можност на младите да напредуваат и покажат својот креативен потенцијал.

Ова е 20-тата изложба на учениците од Меѓународна Матура (IB) при гимназијата „Јосип Броз Тито“.

Изложбата ќе биде отворена за посетители до 15-ти март.

no comments

Read more...

Годишната програма на Националната галерија на Македонија

 

Националната галерија на Македонија за 2017 година ќе понуди мошне квалитетна Програма од областа на визуелните уметности, поточно ликовната дејност, издавачката дејност, истражувачки и едукативни проекти, меѓународната билатерална и мултилатерална соработка.

boris shemov mala stanica

Сигурни сме дека оваа Програма ќе ги исполни очекувањата на љубителите на уметноста и целокупната публика, различните таргетни групи, посетители, ќе даде исклучителен придонес во образовниот процес со што ќе се потврди улогата и значението на нашата институција.

Меѓу позначајните проекти најнапред да ги најавиме ретроспективните изложби на македонските автори, доајенот на македонската модерна уметност Никола Мартиноски, потоа Борко Лазески, Петар Мазев и македонската авторка која долг низ години живее и твори во Париз, Франција – Евгенија Демниевска.

Од богатата колекција на Националната галерија на Македонија, годинава ќе бидат реализирани три проекти: самостојна изложба на Љубомир Ивановиќ-Љуба, Иван Мештровиќ: Литографии и тематската изложба „Урбаниот предел како тематски предизвик (урбан предел-слика-документ)“, дела од повеќе автори во сопственост на Националната галерија на Македонија.

Значајни индивидуални и групни претставувања како: „Теорија: постконцептуални цртежи, 2015/2016“- самостојна изложба на Зоран Попоски, „Фотографијата во Македонија до Првата светска војна“, истражување и изложба - Душан Мандиќ (претставник на групата IRWIN) „Die Welt ist Schon“, изложба на Јасмина Цибиќ – една од позначајните словенечки уметници со европско реноме, претставник на Словенија на Венецијанското биенале 2013 година во соработка со Музејот на современа уметност од Загреб, потоа изложба на Дритон Селмани во соработка со Националната галерија на Косово, самостојна изложба на академскиот сликар Бурхан Ахмети, самостојна изложба на Бен Камили, Берлин – Германија, графики на Евгениј Пантев, изложба на Мухамедали Алили, Џезаир Реџепи, Нина Бале, Шќипе Мехмети, Хељидон Ѓерг, фотографии на Богдановска/Велиу и други проекти.

Во текот на 2017 година ќе се превземат подготвителни истражувачки проекти: подготовки за ретроспективни изложби на Танас ЛуловскиДраган Поповски – Дада и Костадин Танчев – Динка. Kако еден од најзначајните настани кои ги отпочнуваме годинава, а ќе се реализира догодина во рамките на одбележување на јубилејот-70 години Национална галерија на Македонија е изложба на светски познатиот Анри Сала.

Анри Сала е еден од најголемите уметници на денешницата, уметник со албанско потекло, стекнува образование, твори и живее во Франција. Реализирал многубројни изложби насекаде низ светот, негови дела се наоѓаат во колекции на најзначајни светски музеи и галерии, особено во приватни колекции на софистицирани колекционери на уметност. Ја претставуваше Франција, како национален претставник, на 56-то Венециско Биенале во 2013 година. Неговите дела, видеа, се поезија, зрачат со својата едноставност и ефективност, совршено концепциски и изведбено.

Едукативната програма за 2017 година е мошне плодотворна и таа опфаќа, покрај останатите проекти и работилници, и неколку веќе востановени, јубилејни младински изложби како: „Х младински пролетен салон“, Годишна изложба на основни училишта од Скопје која годинава ќе биде во знак на Петар Мазев и многу други. Покрај подршка на образовниот процес, присатна е општествената одговорност и хуманот аспект кај проектите „Будење“ – работилница со аутистични деца и работилницата со изложба во насока на одбележување на 3-ти декември, ден на лица со посебни потреби. Националната галерија на Македонија е единствена институција од областа на културата која редовно се вклучува во светските кампањи кои ги анимираат овие категории на лица и подигнување на јавната свест. Едукацијата и работилниците се реализираат подеднакво во сите три објекти во опремени едукативни катчиња.

Од меѓународната соработка за 2017 година ја издвојуваме патувачката изложба „Есенција на егзистенција“ која ќе се реализира во Националната галерија во Приштина и изложбата на Теута Хоџа Имери во Македонскиот културен центар во Њујорк, САД.

Посебно место мора да издвоиме за големите инвестициски зафати кои оваа година, благодарение на поддршката на Министерството за култура на Р. Македонија, ќе ги започне и превземе Националната галерија на Македонија како реконструкција на објектот Мала станица, реконструкција на објектот Чифте амам, Конзервација и реставрација на паркот на скулптури – Даут пашин амам, внатрешни техничко – безбедносни зафати и многу слични интервенции кои дополнително ќе го подигнат нивото, безбедноста, квалитетот и задоволството во проектите на Националната галерија на Македонија. Особено треба да се спомене конзервацијата и реставрацијата на збирките кои се дел од движното културно наследство на Спомен куќата на Лазар Личеноски.

no comments

Read more...

Изложба на уметнички слики од македонски автори, наследени во процесот на сукцесија на поранешна СФРЈ

Во Национална галерија на Македонија, објект Мала станица, на 3 декември 2016 година, во 12 часот ќе се отвори изложбата Уметнички слики од македонски автори, наследени во процесот на сукцесија на поранешна СФРЈ.

MNR pokana mak

На изложбата се застапени 46 уметнички дела и се поголем дел на уметнички слики од македонски автори преземени како движен имот во сукцесијата која и припадна на Република Македонија, а чиј што пат дотука воопшто не беше лесен.

Овие дела, од наши македонски автори, долги години ги украсувале просториите на амбасадите, конзулатите и мисиите на СФРЈ, а подоцна и на поранешните југословенски републики, недостапни за пошироката јавност, секое на различна дестинација, далеку од матичната Македонија.

Овие 46 дела се донесени од над 20 различни држави. Некои од нив пропатуваа од најдалечните Мексико, Каракас, Перу, Токио, Њујорк за конечно повторно да се најдат тука во Македонија, онаму каде што припаѓаат. Меѓу останатите автори на изложбата се застапени дела и од авторите Мартиновски, Личеновски, Коџоман, Мазев, Кондовски, Куновски, Темкова, Хаџи Бошков, Перчинков и други, чија што работа оставила голема трага во македонската култура, создадени во периодот по Втората светска војна, дела кои досега не биле изложени за широката културна јавност, дела кои ќе го збогатат културното наследство на Република Македонија.

no comments

Read more...

„Низ огледалото“ на Санјонг Ли од Јужна Кореја во Мала станица

„Низ огледалото“ е насловот на најновата самостојна изложба на Санјонг Ли од Јужна Кореја, со која таа се претстави пред македонската публика. Изложбата се отвори на 3 август во 20:30, во Националната галерија на Македонија во објектот Мала станица во Скопје и траеше до 29 август.

29 Низ огледалото, изложба на Санјонг Ли, 3.8.2016-29.8.2016; Фотографија - Драган МитрескиСанјонг Ли е родена во 1975 година во Ченгџу, Јужна Кореја, каде живее живее и работи. Во 2001 дипломира на Националниот универзитет во Чунбук, на одделот за ликовна уметност, а во 2009 година завршува постдипломски студии на одделот за ликовна уметност на истиот универзитет. Наградена е како најдобар студент во класата на Факултетот за продукт дизајн.

Во 2007 година станува член на Друштвото на ликовни уметници на Кореја и Друштвото на Ликовни уметници на Ченгџу. Таа е еден од основачите на групата Егзит, формирана во 2012 година. Предава на Националниот универзитет во Чунбук на Факултетот за фигуративна уметност. Изложува на повеќе самостојни и групни изложби во Кореја, Јапонија, Кина, САД, Македонија и т.н.

На изложбата „Низ огледалото“ беа претставени дела во повеќе медиуми ‒ инсталации, објекти, слики и фотографии.

„Инспирирана од книгите на Луис Керол, ’Алиса во земјата на чудата’ и ’Алиса од другата страна на огледалото’ кои, иако наменети за деца, биле критика на времето во кое биле напишани, Санjонг Ли преку својата изложба ’Низ огледалото’, на сличен начин, со својот бајковиден израз, се осврнува на апсурдот на светот во кој живееме денес. Преку дела во различни медиуми, во две и три димензии, не води од другата страна на огледалото, во свет кој навидум ја деформира реалноста, но во суштина е воочување и посочување на нејзиниот вистински карактер, ослободен од илузијата.

Детските пластични играчки – Барби кукли, продукт на потрошувачкото општество, кој има тенденција од најмала возраст да се наметне како модел за убавина, формирајќи стереотип, се ’разголени’ во нивното вистинско светло, како продукти во пластични кеси и ангели со црни крилја. Црвените волнени клопчиња распоредени во просторот и поставени наместо глави на куклите, не тераат да се запрашаме каде води конецот што се замотува… Како знак на отпор на ваквата ситуација која се заплеткува во се поголем апсурд, Санјонг ја предлага можноста да се обидеме да застанеме и да не правиме ништо.“ ‒ Маја Кировска, куратор на изложбата.

no comments

Read more...

Изложба на скулптури на Џелил Руфати во Мала станица

Во рамките на Скопско лето 2016, Националната галерија на Македонија е домаќин на уште еден настан, изложба на скулптури на уметникот Џелил Руфати.

rufati mala stanica

Отварањето на изложбата е на 07.07.2016 во 20:30 часот во објектот Мала станица.

no comments

Read more...

Посета на амбасадорот на Перу за Македонија во Националната галерија

Во Националната галерија на Македонија, во мултимедијалниот центар Мала станица се одржа свечена средба меѓу директорот на Националната галерија на Македонија, д-р Дита Старова Ќерими и Н.Е. господинот Хозе Антонио Ароспиде Дел Бусто, амбасадор на Р. Перу за Македонија со седиште во Букурешт, Романија.

ngm peru

Повод за средбата е отварање на изложба на фотографии на 16.06.2016, четврток под наслов ˶Патот на Инките ̋ која Националната галерија на Македонија за прв пат ја организира во соработка со почесниот конзул на Р. Перу во Македонија Ненад Јанакиевиќ. Амбасадорот Дел Бусто и директорката Старова Ќерими остварија конструктивен разговор за соработка која започнува со оваа изложба на која ќе се презентира древната цивилизација на оваа далечна земја.

Соговорниците договорија Националната галерија на Македонија да реализира проект/изложба со која би ја промовирале нашата култура токму во Перу во текот на наредната година во институција од ист ранг како нашата.
Ретки се можностите да се отпатува на вака далечни дестинации, затоа Националната галерија на Македонија понуди ексклузивна можност за пошироката публика преку овие фотографии да долови дел од прекрасните природни убавини на Перу.

Директорката Старова Ќерими истакна дека вратите на Националната галерија се отворени за запознавање и реципроцитетна соработка со амбасадите на различни култури и е поттик во иднина да се реализираат ваков тип на промоции кои ќе зближуваат две култури преку уметност.

Изложбата ќе се отвори во 18:30 часот а ќе биде поставена до 30.06.2016.

no comments

Read more...

Изложба „Древниот сон“ на Тони Чатлески

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 1 јуни 2016 година (среда), во 20 часот ќе се отвори изложба на Тони Чатлески со наслов Древниот сон.

chatleski

Во најновиот циклус на слики насловен Древниот сон, Чатлески ги бара одговорите за смислата на животот, при што е евидентно прочистувањето на визуелната палета додека филозофијата за сопственото постоење и живот е пренесена низ призмата на надреалноста на сонот. .Древниот сон ги материјализира и ги презентира сите интимни состојби и ситуации што го провоцираат уметникот на креативен чин и се интегрираат во сложувалката на секојдневието, оставајќи ја метаризницата на минатото – во иднината. Уметникот преку реалноста на сонот свесно или несвесно креира свои микросветови, со што учествува во она што го нарекуваме создавање на реалноста на живеењето.

Делата се видливи од два елемента – макро и микрогледање на сликата. Макропогледот го претставуваат обоените плохи, при што сликата е видлива како апстрактна композиција, но со доближувањето на погледот се отвора еден волшебен микросвет со стилизирана фигурација (човек, битија од минатото и иднината, животни од земниот и од подводниот свет…) која во симплификацијата на приказот е доведена до знак или симбол. Ова знаковност или симбол е еден вид прошетка низ времето во постојаната потрага по смислата и суштината на животот. Чатлески воедно ја опфаќа суштината на традиционалните симболи за да формира единствени естетски креации. Во неговите опсесии во ликовните творби се вметнати елементи од стварноста преобразени во симболички знаци кои прикажуваат фрагменти од сонот, сеќавањето, интимноста, личниот простор, запрениот миг на времето, еден вид осмислен емотивен просторен облик како спој на филозофијата и на духовноста. Делата слични на сонот се секвенцииво кои се пренесени духовните расположби на авторот.

no comments

Read more...

IX Младински пролетен салон

Фотографии од изложбата од IX Младински пролетен салон во Мала станица…

Ова се делата од скоро отворениот IX Младински пролетен салон отворен минатата недела.

no comments

Read more...