Ретроспективна изложба „Вангел Наумовски“

Ве информираме дека во Националната галерија на Македонија, објект Даут-пашин амам, на 23 декември 2016 година (петок), во 19 часот ќе се отвори ретроспективната изложба „Вангел Наумовски“. На изложбата ќе бидат изложени стотина дела од сите творечки фази на Вангел Наумовски.

Vangel Naumovski 4

Со името на охридскиот сликар Вангел Наумовски се поврзани повеќе епитети – тој кај нас и во светот е секогаш претставуван како уникатен пример на сликар на чудесниот свет на длабочините на езерото и комплексноста на космосот, на задоволството, жената и љубовта…

Неговите поетски слики со виртуозен потег го доловуваат светот на границата помеѓу сонот и јавето, меѓу земјата и космосот, царствата на растенијата и цвеќето, убавините на охридските нимфи.

Волшебните светови на соништата на Наумовски се раѓаат од неговиот однос кон природата, опкружувањето, традицијата, митовите и стилски и тематски заземаат издвоено и препознатливо место со специфичното хуманистичко и пантеистичко чувствување на светот и на човекот во него.

Се чини премалку да се каже дека сликарството на Вангел Наумовски се одликува со исклучителна препознатливост.

Иако самоук сликар, тој се вбројува помеѓу малиот број уметници од Македонија кои достигнуваат најголема афирмација и надвор од нашата земја уште за време на своите најактивни творечки години. Со автентичен и препознатлив ликовен израз надвор од уметничките трендови, секогаш актуелен, сензибилен и повеќестрано креативен, на почеток е забележан во историјата на македонската (и пошироко, на југословенската) ликовна уметност како најистакнат претставник на т.н. „наивна уметност“, определби што се менуваат подоцна заради констатациите за неговото тежнеење кон фантастичниот надреализам.

Изложбата ќе трае до 28 февруари 2017 година.

Vangel Naumovski 3

Vangel Naumovski 2

Vangel Naumovski 1

no comments

Read more...

“Обичниот човек” на Жарко Башески во Чифте амам

Долгогодишната успешна соработка на Националната галерија на Македонија и Дирекцијата за култура и уметност резултира со партиципација на Галеријата во рамките на манифестацијата Скопско лето.

basheski 2

Така и оваа година, Проект од годишната програма на Националната галерија на Македонија ќе биде претставен на свеченото отварање и започнување на Скопско лето 2016. Отварањето на оваа манифестација ќе биде во храмот на уметноста, објектот Чифте амам, на 21 јуни 2016 година (вторник) во 20 часот. Жарко Башески е автор на оваа изложба со наслов Обичниот човек, а куратор на проектот е Горанчо Георгиевски.

Творештвото на Жарко Башески е изложувано во повеќе галерии и музеи, има остварено повеќе скулптури во јавен простор (Александар Македонски, Гоце Делчев, Даме Груев, Св. Кирил и Методиј…) и беше претставник на Македонскиот павилјон на 54-тото Меѓународно уметничко биенале во Венеција, 2011 година. Интересот во неговото творештво е свртен кон човекот, па оттаму и интересот за хиперреалистичкиот приод во обликувањето на концептот на делото, кој во идејната проекција го надминува и хиперреализмот и говори за животот и реалноста во која живееме.

Жарко Башески не бега од аспектите на реалноста на човековиот живот и на неговото битисување во општеството, туку жестоко ги анализира и непосредно и директно ни ги пренесува личните погледи и заклучоци со своето творештво. Тој во потрагата за гносеолошки и онтолошки одговори за човекот нè воведува во аутистичката празнина на денешното социоопштествено живеење, но и во можноста за себеистражување, себеоткривање и себеизградување и во менувањето како на визијата, така и на вистината за себеси и за човековото постоење.

basheski 1Жарко Башески е автор отворен за експерименти кон барањето нов пластичен израз и лична сигнатура. Во провокацијата како за себеси, така и за другите, во своите експериментални бранувања концизно инсистира да се раскаже една животна приказна во делови, да ја раскаже приказната за обичниот човек и од неа да се постигне една нова и заокружена целина. Во тој склоп на околности, делата повеќе сугерираат на нивно исчитување отколку на набљудување.

Базична цел во делото на Башески е да се изразат слободата на авторот во мисловниот превод на личното доживување за светот во кој живееме и неговото естетско визуелно оформување како чин на себеспознанието.

basheski 3

Жарко Башески е роден во Прилеп на 11 август 1957 година. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 1988 година во класата на Петар Хаџи Бошков. Постдипломските студии ги завршил во 1998 година на матичниот факултет, во класата на Драган Поповски-Дада, каде што во тој момент работел како стручен соработник. Од 1988 година е член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија каде што има остварено голем број активности (групни и самостојни изложби). Имал студиски престој во Лондон од 1979 до 1982 година. Живее во Скопје и работи како редовен професор на Факултетот за ликовни уметности.

Изложбата ке биде поставена до 15 август 2016 година.

_________________________________

no comments

Read more...

Посета на амбасадорот на Перу за Македонија во Националната галерија

Во Националната галерија на Македонија, во мултимедијалниот центар Мала станица се одржа свечена средба меѓу директорот на Националната галерија на Македонија, д-р Дита Старова Ќерими и Н.Е. господинот Хозе Антонио Ароспиде Дел Бусто, амбасадор на Р. Перу за Македонија со седиште во Букурешт, Романија.

ngm peru

Повод за средбата е отварање на изложба на фотографии на 16.06.2016, четврток под наслов ˶Патот на Инките ̋ која Националната галерија на Македонија за прв пат ја организира во соработка со почесниот конзул на Р. Перу во Македонија Ненад Јанакиевиќ. Амбасадорот Дел Бусто и директорката Старова Ќерими остварија конструктивен разговор за соработка која започнува со оваа изложба на која ќе се презентира древната цивилизација на оваа далечна земја.

Соговорниците договорија Националната галерија на Македонија да реализира проект/изложба со која би ја промовирале нашата култура токму во Перу во текот на наредната година во институција од ист ранг како нашата.
Ретки се можностите да се отпатува на вака далечни дестинации, затоа Националната галерија на Македонија понуди ексклузивна можност за пошироката публика преку овие фотографии да долови дел од прекрасните природни убавини на Перу.

Директорката Старова Ќерими истакна дека вратите на Националната галерија се отворени за запознавање и реципроцитетна соработка со амбасадите на различни култури и е поттик во иднина да се реализираат ваков тип на промоции кои ќе зближуваат две култури преку уметност.

Изложбата ќе се отвори во 18:30 часот а ќе биде поставена до 30.06.2016.

no comments

Read more...

Изложба „Древниот сон“ на Тони Чатлески

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 1 јуни 2016 година (среда), во 20 часот ќе се отвори изложба на Тони Чатлески со наслов Древниот сон.

chatleski

Во најновиот циклус на слики насловен Древниот сон, Чатлески ги бара одговорите за смислата на животот, при што е евидентно прочистувањето на визуелната палета додека филозофијата за сопственото постоење и живот е пренесена низ призмата на надреалноста на сонот. .Древниот сон ги материјализира и ги презентира сите интимни состојби и ситуации што го провоцираат уметникот на креативен чин и се интегрираат во сложувалката на секојдневието, оставајќи ја метаризницата на минатото – во иднината. Уметникот преку реалноста на сонот свесно или несвесно креира свои микросветови, со што учествува во она што го нарекуваме создавање на реалноста на живеењето.

Делата се видливи од два елемента – макро и микрогледање на сликата. Макропогледот го претставуваат обоените плохи, при што сликата е видлива како апстрактна композиција, но со доближувањето на погледот се отвора еден волшебен микросвет со стилизирана фигурација (човек, битија од минатото и иднината, животни од земниот и од подводниот свет…) која во симплификацијата на приказот е доведена до знак или симбол. Ова знаковност или симбол е еден вид прошетка низ времето во постојаната потрага по смислата и суштината на животот. Чатлески воедно ја опфаќа суштината на традиционалните симболи за да формира единствени естетски креации. Во неговите опсесии во ликовните творби се вметнати елементи од стварноста преобразени во симболички знаци кои прикажуваат фрагменти од сонот, сеќавањето, интимноста, личниот простор, запрениот миг на времето, еден вид осмислен емотивен просторен облик како спој на филозофијата и на духовноста. Делата слични на сонот се секвенцииво кои се пренесени духовните расположби на авторот.

no comments

Read more...

Разговори за уметноста  „Уметноста и религијата“

raspetie Zernovski Velimir

Една од овогодишните програмски заложби на Националната галерија на Македонија како институција од национален карактер е унапредувањето на комуникацијата со македонската ликовна публика и со уметниците за сите актуелни прашања од современата ликовна уметност кај нас и во светот.

Една од таквите нови форми на интензивирањето на оваа комуникација е разговорниот односно дебатниот проект едноставно насловен „Разговори за уметноста“, посветен на тековни настани од областа на ликовната уметност (не само) во Националната галерија.

Во таа насока, по повод изложбата „Христијанските мотиви во современата македонска ликовна уметност“ што неодамна беше отворена во објектот Чифте амам, Националната галерија на Македонија во рамките на проектот „Разговори за уметноста“ организира средба со дел од уметниците застапени на изложбата, на тема „Уметноста и религијата“.

Изложбата „Христијанските мотиви во современата македонска ликовна уметност“ е само повод да се поведе разговор не само за изложбата и темата „Уметноста и религијата“, туку и пошироко да се елаборираат аспектите на врските на религијата и уметноста денес, можните компаративни согледувања во однос на третманот на овој вид творештво во минатото и современоста, состојбите кај нас и во светот, можните релации на слободата на уметничкото изразување итн.

На разговорот, покрај дел од уметниците застапени на изложбата, поканети се и историчари на уметноста, критичари, студенти на ФЛУ и Теолошкиот факултет и други.

Разговорот ќе се одржи во објектот Чифте амам, на 26 мај (четврток), во 12 часот.

no comments

Read more...

Меморандум за соработка меѓу Националните галерии на Македонија и Албанија

ngm nga dogovor  1

 На ден 11.05.2016 година (среда) НУ Национална галерија на Македонија потпиша меморандум за соработка со Националната галерија на Албанија.

Договорот беше потпишан во просториите на Националната галерија на Албанија од страна на директорите на двете институции, г-дин Артан Шабани (Национална галерија на Албанија) и   д-р Дита Старова Ќерими (НУ Национална галерија на Македонија), а на свеченото потпишување присуствуваа и заменик министерот  за култура на Р. Албанија г- дин Зеф Чуни, и државниот секретар на Министерството за култура на Р. Македонија, г-дин Бехиџудин Шехаби.

При посетата на Албанија директорката на Националната галерија Дита Старова Ќерими и државниот секретар г-дин Бехиџудин Шехаби остварија средба со  министерот  за култура на Р. Албанија г-ѓа Мирела Кумбаро Фурџи .На средбата се разговараше за билатералната соработка помеѓу Р. Албанија и Р. Македонија, со особен акцент на културата и соработката помеѓу двете институции која ќе отпочне со воспоставување на реципрочна културна соработка помеѓу двете земји, базирана врз размена на идеи, искуства, знаења, програми итн.

ngm nga dogovor  (1)

Целта на соработката помеѓу двете страни е ставањето во функција на просторните и интелектуалните (човечки) ресурси на двете институции за реализација на проекти, истражувања, уметнички престои, семинари, предавања и слично. Беше истакнато дека покрај продлабочувањето на билатералната и регионална соработка, интензивно и заеднички ќе се соработува и на заедничката меѓународна афирмација во значајни метрополи и културни институции од висок ранг во Европа и Америка.

На средбата биле договорени размена на изложби, размена на искуства во менаџмент со културни институции, соработка во сферата на уметничката и кураторска едукација, престои на уметници и на куратори, усовршувања или истражувачки проекти, консултации во сферата на уметноста, едукацијата и соработка на други полиња на интерес. Наскоро ќе бидат соопштени и конкретни проекти со кои се планира да се отпочне реципрочната соработка.

ngm nga dogovor  (2)

no comments

Read more...

Реализирани програмски изложби на НГМ во 2015 година

Ова се програмските изложби на Националната галерија на Македонија,

кои се одржаа во текот на 2015 година, во објектите на институцијата.

daut-pasin-amam

Изложба на Одаловиќ и Милатовиќ во Чифте амам

Ратко Одаловиќ се претставува со колористички цртежи во темнокафеав тоналитет со окер, розови, жолти и сини акценти и површини.

odalovic milatovic 24

Тоа се композиции реализирани со редукција и се исклучително декоративно богати – со орнаментален репертоар што почива на принципите на horror vacui (страв од празен простор) внатре во просторот, кој го опфаќа централниот мотив – симплегма на човековата фигура/креатури и елементи на машинската индустрија. Некогаш се сведени на изолирани карикатурални ликови со модификувани внатрешни организми или линеарни клопчиња со кои се симулира човековиот нервен систем или крвотек. На овие дела, пред сè, до израз доаѓаат авторовите високи естетски вредности, минуциозност и исклучителна цртачка вештина.

______________________________________

“Сите бои на љубовта” во Чифте амам

 

Националната галерија на Македонија преку едукативното одделение во текот на годината организира многубројни настани и изложби од најмладите уметници. Опфатени се сите ученици, сите возрасти на деца независно од физичката или менталната попреченост.

site boi na ljubovta

Националната галерија на Македонија особено става акцент токму на овие ранливи групи и постојано се залага за што поголема нивна инклузија во секојдневното живеење и уважување на различностите. На 3 декември минатата година беше одбележан Мегународниот ден на лицата со посебни потреби, а сега со изложбата под наслов ,, Сите бои на љубовта,, нашата институција го одбележува месецот на Аутизмот. Организирани беа работилници каде голем број дечиња изработија прекрасни слики.

Аутизмот не е болест туку состојба. Тој нема граници, им се случува на луѓето од различни раси и религии. Бројот на аутистични деца е се поголем. Во таа насока сите ние треба да се залагаме за подобрување на правата и заштита на лицата со аутизам и нивните семејства. Националната галерија на Македонија и во иднина подготвува вакви бројни настани.

_______________________________________

Изложба од Конкурсот за откуп на ликовни дела

Од пристигнатите 228 пријави или вкупно 605 дела, петчлената стручна комисија, направи селекција на 64 уметнички дела, од различни визуелни медиуми: слики, скулптури, објекти, инсталации и видео инсталации од повеќе еминентни автори, како од постарата, средната, како и од помладата генерација уметници со цел поттикнување и стимулирање на нивниот иден творечки развој.

otkup na dela 6

Меѓу откупените дела кои се делигирани во збирката на Музејот на современата уметност се наоѓаат авторите: Жанета Вангели, Благоја Маневски, Славица Јанешлиева, Беди Ибрахим и др. За збирката на Националната галерија откупени се делата на: Ристо Калчевски, Симон Шемов, Рубенс Корубин, Веле Ташовски, Томе Аџиевски и др.

На Конкурсот пристигнале 605 дела од различни визуелни медиуми (слики, скулптури, објекти, инсталации и видеоинсталации) од сите генерации македонски уметници, а петчлената стручна комисија избрала за откуп 64 дела …

___________________________________________

Проектот „Во прво лице“ во Мала станица

pokana 31324

Во НУ Национална галерија на Македонија, објект Мала станица на 17 април 2015 година (петок), во 20.00 часот, ќе биде презентиран проектот под наслов „Во прво лице“ на која ќе бидат претставени 22 современи македонски уметници: Методи Ангелов, Јован Балов, Атанас Ботев, Гордана Вренцоска, Горанчо Ѓорѓиевски, Велимир Жерновски, Јана Јакимовска, Славица Јанешлиева, Роберт Јанкулоски, Ѓорѓе Јовановиќ, Верица Ковачевска, Љубомир Милошески, Ангел Миов, Моника Мотеска, ОПА, Ирена Паскали, Зоран Попоски, Нада Прља, Игор Сековски, Александар Спасоски, Дијана Томиќ Радевска и Микица Трујкановиќ.

____________________________________________

(По)трагите на водата – Акварелот од колекцијата на НГМ

Jakup Hajro Motiv od Bitola

Во текот на долгогодишната дејност и постоење на Националната галерија на Македонија, галериската збирка се збогатува и со нови, современи дела, во значителен број од над 1700 дела. Акварелот како составен дел од Збирката на Националната галерија на Македонија, завзема значајно место.

Изложбата насловена (По)трагите на водата презентира избор на уметнички дела остварени во еден визуелен медиум – акварелот, со истакнат број уметници, опфаќајќи еден импресивен попис на повеќе генерации од различни поднебја со посебни уметнички сензибилитети.

____________________________________________

Изложба на Марија Сотировска Богдановска – „Условен круг“

sotirovska bogdanovska postavka 5

Изложбата Условен круг на Марија Сотировска-Богдановска формално се состои од четири одвоени целини низ кои е претставена интимна приказна што допира до привидот и до содржината на различните социјални, општествени и родови системи на вредности…. Цикличното повторување на нашето постоење, категориите време и простор, перцептивното и визуелното се повторно присутни и во најновиот проект Условен круг, со вметнување нов елемент – везот, кој со својата директна релација со народниот вез и со женскиот принцип во традицијата ја почнува и ја завршува целата родова приказна на кружна условеност. …

Кај Сотировска доминираат нетрадиционална везбена орнаментика и геометриски мотиви во повеќе бои и нијанси; авторката осовременувајќи ја оваа вештина, го видоизменува и благо го иронизира овој значаен облековен елемент во одредувањето на општествениот, економскиот и родов статус на носителот. …

____________________________________________________

 

Годишна изложба на основните училишта во Чифте амам

godisna izlozba cifte dimitrova

Во соработка со ликовните педагози од основните училишта, учениците работеа дела на конкретна тема – акварел, и на изложбата ќе бидат изложени најкреативните и најинтересните дела од младите уметници во завршна изложба со дела изработени во акварелна техника. Изложбата е со натреварувачки карактер за да се зголеми мотивацијата и интересот на учениците.

Со оваа изложба Националната галерија на Македонија се залага за стимулирање на ликовната уметност во воспитно-образовниот процес во училиштата и презентирање во јавноста на индивидуалните и групните творби на најмладата популација од основните училишта во градот Скопје.

____________________________________________

Изложба на Славчо Соколовски “Моето име е емигрант”

sokolovski

„… Првично, по преселувањето во Америка во 2000 година, Славчо Соколовски продолжува со создавањето уметнички објекти, користејќи слични видови материјал (како во неговото дотогашно творештво – н.з.), кои ги пронаоѓа низ улиците на Бостон и Кембриџ, Масачусетс. Животот во Америка се случува на улица и станува начин на кој тој за запознава неговата нова земја. Со цел да се насочи, почнуваа да асимилира некои аспекти од американските “нешта” во својата уметност и во неговиот начин на живот. Тој се соочува со една сосема поинаква палета на бои и модел на живот….

…Исто така, по преселувањето на Соколовски во САД, неговото првично визуелно доживување на облекувањето го потсетува на начинот на кој во САД не само што се соочил со јазичната бариера, туку и со појавноста. Луѓето околу него се изразуваале на многу поинаков начин отколку во неговата земја. Неговата облека била повеќе формална, а не комфорна и шарена како на американците. И тој зачекорува во неговиот нов свет со облекување како Американците. Облеката е површината на нашиот изглед и е почетна точка за начинот на кој комуницираме со оние околу нас.

______________________________________

Минијатура – VIII Младински пролетен салон во Мала станица

Изработката на едно ликовно дело е сложен творечки процес (скицирање, цртање, поставување, реализација, анализа) и без разлика дали се работи за огромна површина на зид или платна, или сосема мало уметничко парче, потребно е да се вложат исклучителни напори и креативност во процесот. Проблемот на обработка е перспективата, мотивот, композицијата, симетријата, рамнотежата, единството кои се присутни и на мал простор.

minijatura mlad proleten salon

За овој салон учениците имаа креатино изјаснување на мал формат кој што овозможува голем интерес и квантитет од страна на младите. На изложбата се застапени дела во различни медиуми (цртеж, слика, графика, скулптура, колаж, видео, фотографија, компјутерска графика и дела во комбинирана техника.

Изложбата ја организира дидактичко-едукативниот секор во Националната галерија на Македонија…

_______________________________________

Јубилејна изложба – 55 Години творештво на Борис Николоски

Кариерата на скулпторот Николоски започна во 1959 кога тој почна да ги користи методите предложени од неговиот професор Франтишек Смерду (на Словенската Академија за ликовна уметност). Заробени во наставните програми, неговите скулптури (најчесто портрети во мермер, камен, понекогаш во метал) имаа интимни и камерни атрибути.


Pokana Nikoloski

Бранот на модернизмот, или поконкретно навлегувањето на апстрактната мисла, бргу и „масивно“ влијаеше на македонската скулптура. Борис Николоски преминот кон апстрактната пластичност го направи со стилизација во моделирањето на формите. Одеците на фигуративната уметност беа постојано присутни. Тој никогаш не се обиде да ја расчисти врската помеѓу фигуративното и апстрактното, но многу бргу се врати на фигуративното и остана доследен до ден денес.

___________________________________________

“Кога традицијата е (женски) императив: разговори за минатото, денес” во Мала станица

Марјана Костојчиноска Узунчева надоврзувајќи се на претходните искуства и истражувања во обликувањето на ликовното делото и потрагата по сопствено визуелно изразување, твори дела кои се логично продолжение на размислувањата за дефинирање на уметничкиот продукт.

kostojcinoska-uzunova

Творештвото на Костојчиноска Узунчева е интимна исповед за едно минато време, сеќавање и спомени, навраќање на традицијата, еден вид визуелна патина на меморијата.

Инспирацијата од народното творештво, од културите што доаѓале од истокот и западот на оваа територија од Балканот, формирале препознатливи облици на народно творештво од кои се издвојуваат килимите кои се базичен елемент во нејзините дела. Тргнувајќи од ова таа ја транспонира содржината во својата инспирација од чисто визуелно доживување во симболично посложени духовни простори создадени со посебната сила на имагинацијата и интуицијата на автентичен уметник.

___________________________________________

Изложба на Јасмина Новковска во Мала станица

jasmina novkovska pokana

На изложбата ќе бидат изложени стотина дела и е психолошко и психијатриско истражување. Делата се поделени во неколку циклуси:

1. Филмска уметност

(,,Психо“, ,,Птици“, ,,Лудило“)

2. Портрети на многу душевно болни луѓе

3. Портрети на многу луди луѓе

4. Луѓе од вселената, луѓе-инсекти

5. Човек – луѓе – животни – праисториски животни

6. Борба на змеј со животно – душевно болни и луди луѓе

7. Портрети на познати уметници,(Ван Гог, Фрида Кало, Енди Ворхол, Анри Матис, Пол Гоген, Салвадор Дали, Френсис Бејкон, Жан Мишел Баскијат, Кеит Харинг, Рене Магрит, Пикасо, Едвард Мунх, Пол Кле).

8. Два автопортрета

9. Пoртрети на најноторни убијци – сериски убијци на сите времиња, (Денис Радер, Андреј Чикатило, Ричард Трентон Чеис, Аилин Вурнос, Хенри Ли Лукас, Ед Геин, Гери Рајвеј, Тед Банди, Џон Вeин Гејси, Џефри Дамер)

Изложбата е во состав на манифестацијата Бели ноќи.

__________________________________________

Изложба на Агрон Абдули во Чифте амам

agron abduli 1

Агрон Абдули преку портретот често пати го повикува ехото на внатрешна средба со својата трансцендентала кое шири светло на човековата природа кое во суштина ги претставува најсуптилните човекови чувства. Многу нешта моше да претстави портретот, бидејќи во поголемиот број на случаи модулацијата на човековиот лик пред нас може да се претстави како целосен универзум.

___________________________________________

Изложбата „Utopia = Good Place or No Place“ во Мала станица

Овој проект цели кон делумно разобличување на оваа толку генерална тематика – Утопија, особено во денешните нео-либералистички или квази нео-либерализстички општества таа има за цел да допре или иницира повеќе дискурси, меѓу кои:

Utopija Alessandro Fonte i Swanette Poe1

Утопија, не мора да се однесува “’не’ место”, кое не тера критички да се обраќаме на нашата сегашност, но таа исто така може да има врска со префигуративното “добро место”, кое нуди алтернатива на нашата сегашност.

Утопијата како начин на размислување не инспирира да се одмориме од реалноста и да размислуваме подалеку од она што е веќе постоечко. “Утописки” уметнички дела не мора да бараат од нас да ги преземеме нивните идеи во буквална смисла. Туку нивната цел е да го извличат моментот на рефлексија и внатрешно испрашување за тоа “до каде може да функционира предлогот за уметност?”, “како се споредува со светот во кој живееме.” … итн

___________________________________________

„Хронологија на дневни записи“ на Мирко Вујисиќ во Чифте амам

mirko vujisic 1

„Хронологија на дневни записи“ го сублимира досегашното творештво на авторот, презентирајќи избор на дела кои го рефлектираат неговиот интензивен интерес кон различни ликовни медиуми – графиката, цртежот и сликата. Во случајов, може да констатираме дека наведениот поим хронолошки записи се однесува на презентирање на дела од неговите почетоци, па се до денес, но интенционално е избегната инскрипцијата на конкретни наслови и години на изработка, оставајќи на посетителот самиот да ја исчита приказната низ претставениот сублимат на поетиката на различности.

Доколку се обидеме да ги означиме компонентите константно присутни во секојдневното посветено и интензивно создавање дела со дивергентна ликовна провиниенција, секако дека ќе започнеме од сензибилитетот кој авторот го манифестира во секое дело, а се однесува на особен лирски пристап и чувствување на богатството на содржините и мотивите еманирани од светот на имагинацијата.

_____________________________________________

Изложба на Иван Ивановски во Чифте амам

Проектот „ул. Салвадор Алјенде 68“ се состои од околу 100 скулптури, објекти и цртежи. Идејата е да се истражува релацијата на луѓето во група, групата во релација со единката и релацијата помеѓу повеке групи и единки.

pokana_1

На овој начин се создаваат композиции со ситуации од секојдневието на овој град.

За однесувањето на луѓето во група и како индивидуи уметникот реферира кон социјалните експерименти од раните 1970г. „Затворот Стенфорд“ и „Милграм експеримент“ кој се однесуваат на моќта на авторитетот, како и на експериментите од областа на конформизмот како експериментот на Аш, кој истражува како единките пасивно го прифаќаат и се прилагодуваат кон мислењето и однесувањето на групата.

Авторот користи различни материјали за изработка на делата (гипс, дрво, стиропор, жици …) како и “ready-made” објекти, кои од различен аспект ја вообличуваат првичната идеја.

______________________________________

Ретроспективна изложба на Александар Кондев

kondev izlozba_56

Александар Кондев (1950) е еден од оние македонски фотоуметници, чиешто фотографско творештво е нераскинливо сврзано со пробивите на фотографската мисла кај нас и, слободно може да се каже, највисоките дострели на македонската фотографија од втората половина на минатиот век до денес. Неговото безмалу педесетгодишно присуство во сите перипетии на македонската фотографија е важно сведоштво и за вкупниот развој на фотографијата кај нас.

По силата на нештата, но и заради јасно изразената љубов кон фотографијата, релативно рано (1969 година, иако претходно, 1966 – 1969 година, меѓу првите кај нас, се бави со анимација и филм) се определува за неа како основна професија. И тоа трае до денес!

Оттука, со 9 самостојни изложби, со учество на 40-тина групни изложби во земјата и во странство, со бројни национални и меѓународни награди, Александар Кондев дефинитивно денес е доајен на македонската уметничка фотографија, репрезент на нејзиниот развој и современи дострели во национални рамки.

_________________________________________

“Ретроспектива на апстрактната фотографија”  на Осман Демири

osman demiri

Апстрактната, необјективна, експериментална или уште позната како концептуална фотографија е средство за создавање визуелни, драматични слики и се потпира врз примордијалните сензации за форма, облик, боја, кривина, повеќе одошто на самата смисла. Таа нема непосредна поврзаност со субјектот во буквална форма или со светот на објектот, туку тоа што е создадено зависи од добрата фотографска опрема, процесите и материјалите, а пред сѐ од концептот.

Апстрактната фотографија може да изолира фрагмент од природната сцена, со цел да го отстрани нејзиниот својствен контекст од гледачот, а тоа може да биде намерно изведено за да се создаде навидум нереален изглед на реалните предмети или тоа може да вклучува употреба на боја, светлина, сенка, текстури, облици и/или форма за да се пренесе чувство, сензација или импресија. Сликата може да се произведува со користење традиционална фотографска опрема како камера, темна соба или компјутер или тоа може да се создаде без користење на камерата со директно манипулирање на филмот, хартијата или други фотографски медиуми вклучувајќи и дигитални презентации.

___________________________________________

Mултимедијална инсталација под наслов „12:05“ на Борис Шемов

plakat boris shemov

Проектот на Шемов претставува мултимедијален, визуелен и перформативен експеримент во кој сржта лежи во концепциската синестезија. Тој креира визуелни дразби кои според своите естетски кфалификации се восприемаат како изложба, а помеѓу елементите има поврзаност и аналогност со неговите претходни опуси (номадичност, референтност, колажираност, експерименталност, синтетичност, индустријализам, масовност, повеќеслојна комплексна концептуалност итн.).

Тенденцијата на Борис Шемов со овој проект е со минимум вклучени елементи или дела да дозволи концептот да се авто-генерира во свеста и спознанието на реципиентот, без притоа да даде „рецепт“ за читање на делото и дискурсите. Од друга страна тој момент на авто-генерирање на делото e присутен и во самиот процес на создавање на делото, со акцент врз синтетичноста и индустрискиот момент.

____________________________________________

Изложба на Жанета Гелевска Велјаноска во Чифте амам

“Конекција” e насловот на изложбата, кој сам по себе, сугерира симбиоза на најважните вредности во животот како и во уметноста. Жанета Гелевска Вељаноска ги повикува гледачите на нов поглед на поимот ,,заедништво,,.

zaneta gelevska 1

Со своите дела како и во животот Жанета комуницира, Продуховеност, Промисленост и Доследност овојпат во комбинирана техниката на платно,со вметнување на колажи, стари фотографии од минатото заедно со модерните форми од сегашноста. При тоа авторката емитува “уметност на радоста на животот” и создава дела кои приближени на човечкиот амбиент создаваат потреба за дружење со него”. Сепак посебно би ја издвоила “конекцијата со детето” на секое човечко битие, како нешто најдлабоко во секој од нас.

Систематизирајќи ги внатрешни пориви на својот сопствен сензибилитет, во своите дела Жанета Гелевска Вељаноска се стреми кон синтетичен и силен начин на изразување.Лексиката на нејзиното сликарство е слоевита и смислено вкрстена од различните доживувања и расположенија, така, таа се ослободува од една цела конкретна логика, во корист на диктатот на чулата и чуствата со емотивни изливи на внатрешната енергија и психички вибрации.

_______________________________________

Изложба на Маневски и Шумковски „Две изложби, а еден настан“

Благоја Маневски и Јован Шумковски се клучни имиња во генерирањето на македонската современа сцена. Тие се претставници на генерација творци што ги почнаа своите активности од средината на осумдесетите и во крајот на таа и во наредната деценија извршија поместувања и осовременувања на визуелниот уметнички израз на национално ниво.

gotova 8

Нивниот „револуционерен“ подвиг кој се прелеваше и низ содржинско-концепцискиот дискурс и низ техничко-технолошките иновации на добата е причина за насоките што ги следеа понатаму и идните уметници во оформувањето на македонскиот ликовен паноптикум. Тие се денес главна алка во едукативниот систем (како професори на Факултетот за ликовни уметности) и во моделирањето на профилот на идните творци.

Иако како изразност многу различни, сепак честопати изложуваат заедно, секогаш носејќи го духот на времето и актуелноста. Проектот „Две изложби, а еден настан“ е за едниот (Шумковски) навраќања наназад со неизложувани дела преку циклусот „Блиско минато и една антиципација“, а за другиот (Маневски) синестезија со нови дела чија аналогија може да се најде во поранешни идеи, концепти и дела, преку циклусот „Без наслов!?…“ .

____________________________________________

Изложба на Вана Урошевиќ “Кабинети на чуда и библиотеки”

Својата најнова самостојна изложба Вана Урошевиќ ја има насловено: “Кабинети на чуда и библиотеки”. Следејќи некои од своите омилени теми од доменот на “тајниот живот на предметите”, оваа ликовна уметница овојпат својот интерес го насочува кон збирките произлезени од собирачката страст и несекојдневниот вкус на особено љубопитните поединци – кон “Збирките на чуда” (на германски: “Vunderkammern”; на француски: “Chambres des merveilles” и “Cabinets des curiosités”; на англиски: “Cabinets of Wonders”).

vana urosevic - kabineti plakat

Овие претходници на современите музеи постоеле во шеснаесеттиот и седумнаесеттиот век во многу градови на Западна Европа, по дворците на владетелите и по палатите на богатите луѓе, и сведочеле за потребата за допирот со Необичното, Неверојатното, Различното. Без некоја особена потреба од класификација, во овие збирки биле насобрани предмети со одлики кои отстапувале од вообичаениот изглед на нештата, реткости од геолошко, животинско или билно потекло донесени од далечните краишта, и кои биле доказ дека постојат и други можни облици на светот, различни од оние на кои сме свикнале. Дел од ваквите колекции честопати биле и збирките на уметнички дела, а во нивната близина секогаш биле и библиотеките.

Основен материјал во кој се реализирани делата на оваа изложба е рачно боената свила. На неа авторката додава цртежи, фотографии и текстови, создавајќи на тој начин еден мултимедијален простор кој е исполнет со многубројни, заемно вкрстени значења.

__________________________________________

Изложба на современата чешка уметност „Исклучок и правило“

Уметници вклучени во изложбата се: Алеш Чермак (Aleš Čermák), Ева Јиржичка (Eva Jiřička), Ева Котјаткова (Eva Koťátková), Барбора Клеинхамплова (Barbora Kleinhamplová) и Тереза Стејскалова (Tereza Stejskalová), Вацлав Магид (Václav Magid), Маркета Магидова (Markéta Magidová) и Јан Феифер (Jan Pfeiffer), Јан Манчушка (Ján Mančuška), Слава Соботовичова (Sláva Sobotovičová), Роман Штетина (Roman Štětina), Адам Вачкар (Adam Vačkář) сите одлични претставници на чешката современа визуелна сцена.

pravilo i isklucok

Делата претставени на оваа изложба претставуваат само мала илустрација за перформативните пристапи кои често се применуваат во последниве неколку години, особено од страна на помладата генерација на чешки уметници. Популарноста на театарските средства на сцената на ликовната уметност уште позначително влијаат на практиката и теоријата, а актуелната дебата говори за влијанието на театарот, театралноста или кореографскиот аспект.

Изборот, меѓу другото, прикажува одреден развој меѓу помладата генерација уметници од Чешка, кои се оддалечуваат од императивот на еманципиран учесник кој го создава делото, во корист на повеќе опфатени парчиња кои го апсорбираат набљудувачот или публиката. Форматот првенствено се состои од видео записи на изведени акции и перформанси, кои вклучуваат претходно одбрано сценарио. На изложбата има дела кои се создадени и документирани во разни автентични средини со помош на претставници на различни социјални групи и проекти во кои учествуваат професионални актери или изведувачи.

_____________________________________

Изложба на дела од детската ликовна работилница „Детска радост“

Изложбата на Жанета Гелевска наративно ги преставува најважните вредности во животот како и во уметноста. При тоа авторката емитува уметност на радост, на животот и создава дела кои приближени на човечкиот амбиент создаваат потреба од дружење со нив. Сепак посебно би се издвоила конекцијата со детето, на секое човечко битие, како нешто најдлабоко од нас.

Print

 Поттикнати од делата на оваа наша уметничка беа организирани повеќе посети на Националната галерија на Македонија на кои учество земаа деца од едукативниот центар Монтесори, градинката Спирит, учениците од О.У. Ѓорѓија Пулевски од општина Аеродром, како и О.У. Бајрам Шабани и О.У. Емин Дураку од општина Сарај, и штитениците од ЈУ Заводот за рехабилитација на деца и младинци, Скопје. Повеќе од 150 деца создадоа свои дела, експериментирајќи со различни техники на ликовно изразување.

______________________________________

Томо Шијак – Ретроспективна изложба

Шијак до крајот на својот живот останува доследен на смелото експериментирачко дејствување и на препознатливите дела кои, со развојот на модернистички трансфигурираната концепција на неговите најиновативни и естетски најзначајни „мусандри“, во колективната македонска уметничка меморија ќе останат запаметени како икони на објект-артот што зрачат со аурата на нивната трансцендентална моќ.

tomo shijak

Ретроспективната изложба и монографското издание за творештвото на Томо Шијак задолжително во себе ги инкорпорираат сите претходни истражувања посветени на овој автор и најзначајните концепти во доменот на објект-артот. Истражувачкиот проект, ретроспективната изложба и монографското издание се дел од програмските активности на Националната галерија на Македонија за 2015 година. Сите неопходни активности за овој проект се комплетно реализирани со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.

Проектот во оваа фаза ги опфаќа делата што се наоѓаат на територијата на Република Македонија, односно оние дела за кои при истражувањето ни беше дозволен пристап и нивна евиденција, а отежнување на целиот процес претставуваше трајното ненамерно (и во голема мера несовесно) уништување на извесен број круцијални креации на Шијак, како и турбулентната промена на приватните сопственици на негови дела.

______________________________________

Изложба Есенција на егзистенцијата на 25 македонски современи уметници

Истата изложба во јуни 2015 година беше отворена во галеријата Лауба во Загреб каде имаше огромен интерес од публиката и стручната јавност, а за следната година пoстои интерес изложбата да патува и во други галерии и музеи од регионот.

exsitence (Copy)

„Есенција на егзистенцијата“ е уметнички концепт кој се обраќа кон разни сфери од секојдневието, од животот, постоењето, перцепции кои од различен аспект приоѓаат кон суштината на ентитетот, на опстојувањето, на функционирањето. Тука се опфатени генезата на љубовта, духовноста, храната…, a под овој дискурс се пронаоѓаат и инстанците на достоинството, идеологијата, политиката, социјалата. Вообичаено, кога станува збор за тематика поврзана со егзистенцијата, неизбежен е Сартр и егзистенцијалистите кои говорат за апсурдноста на социо-општествените феномени, т.е. апсурдноста на есенцијата во егзистенцијата.

Критичките ставови за секојдневното егзистирање во делата од изложбата „Есенција на егзистенцијата“ може да се исчитуваат и во контекст на рефлектирање на долгогодишната „неподнослива тешкотија на постоењето“, како парафраза на насловот на ултра познатиот роман од Милан Кундера, „Неподнослива леснотија на постоењето“, и нудат различни поими за борбата за (не)можно емотивно/емоционално егзистирање во рамки на репресивите општествени системи.

no comments

Read more...

Изложба на Благоја Маневски и Јован Шумковски во КИЦ Софија

Во рамките на Програмата на Националната галерија на Македонија, за меѓународна соработка во Културно информативниот центар на РМ во Софија, Бугарија на 16 ноември 2015 година (понеделник) во 18 часот ќе се отвори изложба на Благоја Маневски и Јован Шумковски со наслов „Ретро-спекции“.

Ретроспекции

Ана Франговска

Благоја Маневски и Јован Шумковски се едни од најафирмираните и клучни имиња во генерирањето на македонската современа сцена. Тие се претставници на генерација творци што ги почнаа своите активности од средината на осумдесетите и во крајот на таа и во наредната деценија извршија поместувања и осовременувања на визуелниот уметнички израз на национално ниво. Нивниот „револуционерен“ подвиг кој се прелеваше и низ содржинско-концепцискиот дискурс и низ техничко-технолошките иновации на добата е причина за насоките што ги следеа понатаму и идните уметници во оформувањето на македонскиот ликовен паноптикум. Тие се денес главна алка во едукативниот систем (како професори на Факултетот за ликовни уметности) и во моделирањето на профилот на идните творци.

shumkovski manevski  8

Иако според изразноста многу различни, сепак често изложуваат заедно бидејќи на духовно ниво се мошне сродни, секогаш носејќи го духот на времето и на актуелноста. Изложбата „Ретроспекции“ не е нивна ретроспектива иако името веројатно носи такви асоцијации, но всушност станува збор за навраќања наназад со неизложувани дела или со синестезии чија аналогија може да се најде во поранешни идеи, концепти и дела. Еден вид нурнување назад со цел да се даде една нова звучност и рецентност денес и сега.

shumkovski manevski 6

Јован Шумковски со дел од својот циклус дела насловени „Блиско минато и една антиципација“ (избрани адекватно на просторот во Македонскиот културен центар во Софија), имено со делата „Прва плоча“ и „Епитаф“, се навраќа на свои поранешни и неизложувани реализации, во кои има спој на повеќе ретроелементи, имено интересен спој на бетонот – како материјал што го потсетувал на детството и на дела на неговиот татко со кои растел и го дишел духот на креативниот чин, во кој „заробува“ елементи како траги на едно време, настан, момент, сегашност (мошне специфично за неговиот визуелен израз), а другиот е спектар интереси што го интересирале отсекогаш, а тоа се дискурси за просторот, градот, сразмерноста, елементарната меѓузависност и, секако, општествено-социјалниот импут во таквата казуалност.

Благоја Маневски, пак, во цртежите „Немирот“ и „Спокојот“, на некој начин нè навраќа на неговите „Логични слики“, но и на поранешни цртачки експерименти во кои генерираниот елемент на линија (пластична или цртачка) е клучен. Таа ја создава содржината на делото, го гради просторот на самото дело, но и окупира одреден простор, следствено на поранешната интенција на Маневски за просторно-пластична трансформација на дводимензионалната плоха на делото во тридимензионален градбен елемент на дадениот простор. За разлика од поранешните слободни линии што го обликуваат „волуменот“ на цртежот, овојпат авторот користи линеар пледирајќи кон воведување на индустрискиот елемент – т.е. вклучувањето на машинскиот елемент во нашиот општествен живот, не само во однос на техниката, туку и во однос на тоа дека ние самите стануваме машини што слепо „штанцаат“ одредени наложени правила на игра. Линеарното повторување сè до комплетно исполнување на целиот простор создава хроматски диференцијации што му даваат правец на дејството.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

„Ретроспекции“ на Шумковски и на Маневски е интересен преплет на некогаш и на сега во нивните индивидуални развојни линии, но и на некогаш и на сега во еден поширок општествен контекст. Оттука произлегува и нивната секогаш интересна актуелност и свежина.

no comments

Read more...

Ретроспективна изложба на Александар Кондев

На 4 ноември 2015 година, во 20:00 часот, во Националната галерија на Македонија – објект „Чифте амам“ – ќе биде отворена ретроспективната изложба на фотографии на Александар Кондев.

kondev izlozba_56

Куратор на проектот е Златко Теодосиевски. Изложбата ќе биде поставена до 22-ри ноември 2015 година.

Златко Теодосиевски

АЛЕКСАНДАР КОНДЕВ – СВЕТОТ КАКО ВИЗУЕЛЕН ПРЕДИЗВИК

 Александар Кондев (1950) е еден од оние македонски фотоуметници, чиешто фотографско творештво е нераскинливо сврзано со пробивите на фотографската мисла кај нас и, слободно може да се каже, највисоките дострели на македонската фотографија од втората половина на минатиот век до денес. Неговото безмалу педесетгодишно присуство во сите перипетии на македонската фотографија е важно сведоштво и за вкупниот развој на фотографијата кај нас.

По силата на нештата, но и заради јасно изразената љубов кон фотографијата, релативно рано (1969 година, иако претходно, 1966 – 1969 година, меѓу првите кај нас, се бави со анимација и филм) се определува за неа како основна професија. И тоа трае до денес!

Оттука, со 9 самостојни изложби, со учество на 40-тина групни изложби во земјата и во странство, со бројни национални и меѓународни награди, Александар Кондев дефинитивно денес е доајен на македонската уметничка фотографија, репрезент на нејзиниот развој и современи дострели во национални рамки.

kondev priroda__04

Кондев ја познава суштината на фотографијата и ја знае нејзината историја, претпоставените „нераскинливи“ врски со сликарството, репутацијата на фотографијата за најмиметичка и најреалистична уметност а со тоа и најповршна (Sontag). Но тоа не го спречува да и’ го посвети безмалу целиот живот. А тоа го прави само некој кој верува во нејзините автохтони вредности. Како и многумина други фотографи со ваков стаж, неговиот интерес во фотографијата е тематски широк. Но и кај Кондев сепак постои некаква примарна вокација и „појдовна ориентација“, некаква стартна но и суштинска определеност: прво за “класичната фотографија” (без претерана наклонетост кон експериментирање и иновации), а понатаму и за неколку приоротетни тематски целини: лајф фотографијата (со поттеми деца, портрети, улица и слично), потоа теми од урбаното секојдневие, социјални и еколошки теми, пејзаж, структури (макро фотографија) итн.

Кондев смета дека „магијата на фотографијата се крие во процесот на создавањето. Таа не се гледа, но зрачи од секој нејзин дел“! Тој верува во таа „магија“ и тоа се гледа на неговите фотографии. Сиот тој „нов свет“ што ни го прикажува Кондев на неговите фотографии е – токму таа негова магија. Видена низ неговиот објектив, миговно „обработена“ во свеста и понудена на гледачот  како некоја негова сублимирана реалност, како некаков визуелен предизвик на неговата креативна фантазија.

И творечкиот пат на Кондев е токму тоа: негово стрпливо педесетгодишно чекорење со отворени очи низ светот согледан како визуелен предизвик за негово лично видување, негово „толкување“, негово разбирање на нештата. Тоа не мора да бидат историски настани или турбулентни случувања, громогласни патешествија или селебрити личности, но сите нешта поминати низ неговиот објектив мора да го имаат неговиот личен печат, неговиот агол на гледање, неговото претставување на виденото. И само тоа, впрочем, може да биде автономен творечки пат, искуство коешто се гради врз сопствените фотографски знаења и убедувања, врз сопствената фотоестетика којашто, за среќа, во неговиот случај добива и впечатливи национални димензии.

Неговата фотографија не е штос, гег, ефект. Уште помалку е затворен, тешко достапен личен наратив. Кондев верува во добрата фотографија, што и да значи тоа. А тие што ја сакаат фотографијата знаат што тоа значи. Таа е промислена иако фатена во миг, таа е елаборирана иако настаната во делот од секундата. Кај Кондев најчесто добрата фотографија е лајф фотографијата – онаа што ја следи естетиката на еден Cartier Bresson – но и, како што веќе беше укажано, фотографијата којашто сака да поместува граници, што денес и не е така лесно.

kondev izlozba_25

Александар Кондев денес е безмалу единствениот претставник на онаа генерација македонски фотографи кои ја осовременија македонската фотографија, кои во седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век внесоа една поинаква естетика и нови хоризонти во третманот на оваа уметност. Или, ако сакате, тој и неговата генерација го изборија местото на фотографијата како рамноправна уметност. Но неговата фотографија, се разбира, не се исцрпува само и единствено во историските релации. Неговата фотографија во национални рамки сведочи за стабилност и континуитет во исказот, во градењето на лична естетика којашто нема да заостанува зад регионалните и пошироки стандарди. Едновремено, фотографијата на Кондев останува и како жив прирачник за помладите колеги, како стручно и естетско помагало низ неизвесните фотографски талкања.

___________________________

Биографија

Кондев Александар /1950/, роден во Скопје, каде што го започнал и своето школување. Уште во основното училиште се запознал со фотографијата и фотографската техника и активно учествувал на натпреварите по фототехника, каде освојувал и награди.

На Младинската работна акција во Загреб 1966 година се запознал со филмската  техника која во тоа време била во подем и преставувала амбиција и интерес за голем број млади. При крајот на 1966 година се приклучил кон иницијативата на група ентузијасти (Драги Новаковиќ, Бранко Атанасковиќ, Вељо Велевски, Ѓорѓи Давидовски, Саша Маркус и други) за формирање градски кино клуб што била покрената од Советот на Народна Техника на град Скопје. Како најмлад во оваа иницијатива станал и член на првиот управен одбор на клубот, со задача посебно да работи со младите членови.

Неговата нагласена индивидуалност го насочила неговиот интерес кон филмот и  анимацијата која што во основа е предмет на личен ангажман на еден автор, но во исто време покажувал интерес и за експериментите во играниот и докуметарниот филм. Со својот прв игран филм “Ден како секој ден” освоил награда за дебитантски филм на Републичкиот фестивал на аматерскиот филм во Скопје во 1967 година. Паралелно работел на анимации и експериментални   филмови. Во тој период Кино клубот “Камера 300“ претставувал место на ширење на филмската култура, но и на самообразование преку проучување на филмската техника.

kondev izlozba_13

Паралелно сo студиите на  Економскиот факултет во 1969 година, се враќа на фотографијата како член на Фото клубот “Вардар” во Скопје. Членувањето во овој клуб било проследено со учество на голем број изложби во тогашна Југославија и во странство, како и неговата прва самостојна изложба во галеријата на  Домот на младите “25 Мај” во Скопје во 1977 година.

Кондев е основач на Фото клубот “25″, каде што активно делувал и како педагог и како излагач. Во тој период, во 1979 година, ја организирал и неговата втора индивидуална изложба  во Домот на младите “25 Мај”.

Во 1981 година започнал да работи во фотографското студио на “Фотоцентар” во Скопје, каде што соработувал и со повеќе други институции и агенции во областа на фотографијата. Дел од своето време посветувал и на активности во Фото сојузот на Македонија и Југославија, каде што учествувал на бројни изложби како член или претседателот на жири. Од 1989 година работи како самостоен фотограф.

Во периодот 1994 – 2001 година предавал фотографија на Академијата за ликовни уметности при Универзитетот “Св Кирил и Методиј” во Скопје.

 

no comments

Read more...

Изложба на Марија Сотировска Богдановска – „Условен круг“

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 3 септември 2015 година (четврток), во 20:30 часот, ќе биде отворена самостојна изложба на Марија Сотировска Богдановска под наслов „Условен круг“.

sotirovska bogdanovska postavka 22 Panorama

Марија Сотировска Богдановска е родена во 1983 година во Скопје. Дипломира во 2006 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методи“, отсек сликарство, со насока конзервација и реставрација под менторство на проф. Благоја Маневски. Во 2011 година магистрира сликарство на истиот Факултет.

Добитник е на втората награда на Студентското Интернационално Арт Биенале, Музеј на град Скопје (2005). Член е на ДЛУМ од 2006 година. Во 2009 година во соработка со повеќе ликовни уметници ја оформуваат уметничката група АРТ И.Н.С.Т.И.Т.У.Т., која истовремено станува уметнички културно – алтернативен центар во Скопје сè до 2011 година. Во 2012 година станува дел од женската уметничка група МОМИ, кои сè уште делуваат со нови креативни проекти на македонската ликовна сцена. Изложбата под наслов „Условен круг“ е нејзина шеста самостојна изложба, а учествувала на бројни значајни групни претставувања во Македонија и во странство. Исто така, во рамките на уметничките групи АРТ И.Н.С.Т.И.Т.У.Т. И МОМИ има реализирано повеќе презентации во и вон земјава.

Од текстот за изложбата (Маја Чанкуловска-Михајловска):

Изложбата Условен круг на Марија Сотировска-Богдановска формално се состои од четири одвоени целини низ кои е претставена интимна приказна што допира до привидот и до содржината на различните социјални, општествени и родови системи на вредности…. Цикличното повторување на нашето постоење, категориите време и простор, перцептивното и визуелното се повторно присутни и во најновиот проект Условен круг, со вметнување нов елемент – везот, кој со својата директна релација со народниот вез и со женскиот принцип во традицијата ја почнува и ја завршува целата родова приказна на кружна условеност. …

Кај Сотировска доминираат нетрадиционална везбена орнаментика и геометриски мотиви во повеќе бои и нијанси; авторката осовременувајќи ја оваа вештина, го видоизменува и благо го иронизира овој значаен облековен елемент во одредувањето на општествениот, економскиот и родов статус на носителот. …

Како и досега, комплексноста на оваа навидум едноставна приказна се исчитува не само во третманот на сите набројани елементи, туку и во нивната функционална поставеност – овие интимни ситуации, изложени пред очите на јавноста, добиваат својство на исповед, но и на непрестајно преиспитување и критика на родово-социјалните-општествени позиции.

И повторно, делото конечно цели кон ослободување од конзервативните традиционални општествени влијанија и сугерира отфрлање на стегите, стереотипите и лажните морални обележја на културната историја и културниот идентитет, кои условно се наследени од општествената поддреденост…

no comments

Read more...