Изложба „Омер Калеши – 55 години творештво“ во Чифте амам

Hа 01 декември 2016 година (четврток), со почеток во 12 часот, во НУ Национална галерија на Македонија, објект Чифте амам, во Скопје, ќе се одржи свеченост по повод донацијата на ликовни дела од познатиот уметник Омер Калеши на општина Чаир.

omer-kaleshi-bw

На изложбата под наслов „Омер Калеши – 55 години творештво“ ќе бидат претставни вкупно 24 подарени слики кои потекнуваат од најновиот творечки опус на авторот, а домашната публика ќе има можност да ги запознае веднаш по нивното претставување во Виена, Австрија.

НУ Национална галерија на Македонија ја организира оваа изложба во рамките на своите годишни програмски активности поддржани од страна на Министерството за култура на Република Македонија, а во соработка со Општина Чаир.

Маестро Омер Калеши е реномиран албански ликовен уметник во Европа и светот. Студирал во Истанбул на академијата Мимар Синан, а од 1956 година живее во Париз како слободен уметник.

Во рамките на неделата посветена на Омер Калеши, која ја чествува скопската општина Чаир, освен изложбата на подарени дела, на 02 декември 2016 година (петок), во 11 часот, на вториот ден од оваа манифестација, во галерискиот простор Чифте амам (дел од НУ Национална галерија на Македонија), авторот ќе оствари едукативна средба со децата од основните училишта од оваа општина, на која и најмладата генарација ќе ја запознае со своето творештво.

По претставувањето на изложбата во Чифте амам, на 06 декември 2016 година (вторник) истата ќе биде промовирана во Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје, каде делата кои се во сопственост на Општина Чаир ќе бидат трајно изложени за јавност во вид на постојана поставка во Галеријата посветена на Омер Калеши.

Воедно, ја користиме оваа прилика да Ве поканиме да присуствувате на активностите по повод неделата посветена на творештвото на сликарот Омер Калеши.

no comments

Read more...

Ретроспективна изложба на Спасе Куновски

Изложбата на Спасе Куновски (1929 -1978) ќе се одржи на 9 декември 2016 година во Даут пашиниот амам со почеток од 19 часот.

Spase kunovski logor

…Tорзо од жена (црно торзо од кукла манекен), чиј површински текстил се расцепил и кај градите се „разголува“ фактура на дрво, а нозете од торзото, со подвезици. На едната нога сеуште стои прицврстена чорапа, а на другата – која исто така има дрвен инкарнат како градите – подвезицата е прицврстена со игла. Хипереалистично небо со облаци во средниот дел од сликата (минуваат низ торзото). Наместо глава декоративно извиени лимени ленти.

Муви кои во колона летаат пред облаците во изместена перспектива… Надреален штимунг, а сепак и некаква ведра, попистичка иконографија, која со својата директност опоменува за „современото несвесно разголување“ пред напредно-цивилизациските пролегоменони… само малку да доловам од понирањата во твоето дело „Залуден предизвик“, како штимунг за едно од делата…

spase kunovski 1

Македонската модерна уметност може да се гордее со името и делото на Спасе Куновски кое се повеќе, потврдено, го држи своето место под сводот на македонската култура и историја на уметноста. Тој е еден од ретките фигуративци со надреалистички интерес кој ќе го истражува овој стил целиот живот, без големи скокови и трчање по трендовите кои доаѓале преку тогашна Југославија од светот. Во овој стил тој успеал да ја најде својата база за изнедрување на сите потсвесни идеи, сеќавања, спомени, стравови, сфаќања за светот некогаш и сега, секако нудејќи и специфична опомена за светот утре.

Spase kunovski portret NGM

 

Неговите дела и во денешен контекст се современи и дискурзивни, што значи дека не се дела чиј моментум изминал, туку продолжуваат да остваруваат дијалог со реципиентот. Оттука сметам дека, како и секој творечки опус кој е жива материја подлежна на постојано нови преиспитувања и преџвакувања, и неговото дело ќе продолжи да побудува интерес и да биде тема на истражување на идните генерации, кои можеби на поинаков начин ќе ги толкуваат неговите дела и ќе ја „читаат“ пораката, барајќи асоцијативност во осаменоста предизвикана од технолошкиот напредок и дехуманизацијата на човештвото…

spse kunovski strashilo ngm

“Ars longa, vita brevis, occasio praeceps, experimentum periculosum, iudicium difficile“.

no comments

Read more...

Изложба на Мифтар Мемети во Чифте амам

Во вторник, 1-ви ноември во 19 часот во Чифте амам, Скопје ќе имате можност да присуствувате на отварањето на самостојната изложба на Мифтар Мемети.

miftar memeti plakat

На отворањето на изложбата со пригодна реч ќе се обратат директорот на Националната галерија на Македонија д-р Дита Старова Ќерими, господинот Фатмир Сулејмани декан на Филолошкиот факултет на Тетовскиот Универзитет воедно и близок пријател на авторот од детството и познатиот академски ликовен уметник и професор, господинот Решат Амети.

Сликарството на маестро Мифтар Мемети е емоционална претстава, блискот до луѓето со убедливост за фактичкото. Сликар кој дава предност на чувството на емоционалната природа, која понатака се развива за време на сликарскиот процес, што ќе рече дека сликата е таа која ја доближува до своите замисли следејќи ги неговте емоции и интелектуален предизвик. Неговите дела се резултат на драматичен настан, односно, тоа се слики на настани.

Уметникот кој од бојата прави уметност

Реинтерпретирање на заробени моменти, мигови од детството, енграми за атмосферата во домот и во грижливо негуваниот цветен двор…експресии, ликовни записи на моменти дури и продолжување и развој на мислата. Сведоштва за времето, носталгија пропратена со топлина во душата, впечатоци за поминатото детство, време во кое поминале најубавите и најсреќни детски денови. Сликарство кое со право може да се сврсти во групата на сликари-хроничари на времето и покрај силно акцентираната експресија со плохи и лирски нагласки.

Мифтар Мемети прави ликовни напори да ја запре минливоста на времето; со нежен лиризам ни ги препорачува старите прозори, врати, куќната порта, клупата и камењата во дворот кој одамна ја отслужиле својата намена под старата црешa а сега стојат како траен спомен, неминливост, вечност. Амбиентот сега и просторно и временски е дефиниран. Сликарот успеал успешно да ни ја долови и атмосферата на древноста и хармонијата која владеела во домашна градина. Засведоченост на едно одминато време, ликовна уметност со која уметникот не воведува во убавина во која се насетуваат нежни допири и рефлексии од исконот, од патината на времето. Мифтар Мемети со својата ликовна дарба создал возбудлива поетика во која ги споил времињата во вечност. Неговата уметност е со јасен и личен творечки сензибилитет со емотивна комуникација, што впрочем е негов најзначаен белег.

Тој е создавател на исконска убавина без да измислува ами ликовно да пресоздава природа, а емпириските нешта ја добиваат вистинската вредност. Делата на Мифтар Мемети се вистинска експресивно-лирска проповед, носталгичен бран од минатото.

Сликарството на маестро Мифтар Мемети е емоционална претстава, блискот до луѓето со убедливост за фактичкото. Сликар кој дава предност на чувството на емоционалната природа, која понатака се развива за време на сликарскиот процес, што ќе рече дека сликата е таа која ја доближува до своите замисли следејќи ги неговте емоции и интелектуален предизвик.

Неговите дела се резултат на драматичен настан, односно, тоа се слики на настани.

Љупчо Маленков

Изложбата ќе може да се погледне до 14-ти ноември.

no comments

Read more...

„Низ огледалото“ на Санјонг Ли од Јужна Кореја во Мала станица

„Низ огледалото“ е насловот на најновата самостојна изложба на Санјонг Ли од Јужна Кореја, со која таа се претстави пред македонската публика. Изложбата се отвори на 3 август во 20:30, во Националната галерија на Македонија во објектот Мала станица во Скопје и траеше до 29 август.

29 Низ огледалото, изложба на Санјонг Ли, 3.8.2016-29.8.2016; Фотографија - Драган МитрескиСанјонг Ли е родена во 1975 година во Ченгџу, Јужна Кореја, каде живее живее и работи. Во 2001 дипломира на Националниот универзитет во Чунбук, на одделот за ликовна уметност, а во 2009 година завршува постдипломски студии на одделот за ликовна уметност на истиот универзитет. Наградена е како најдобар студент во класата на Факултетот за продукт дизајн.

Во 2007 година станува член на Друштвото на ликовни уметници на Кореја и Друштвото на Ликовни уметници на Ченгџу. Таа е еден од основачите на групата Егзит, формирана во 2012 година. Предава на Националниот универзитет во Чунбук на Факултетот за фигуративна уметност. Изложува на повеќе самостојни и групни изложби во Кореја, Јапонија, Кина, САД, Македонија и т.н.

На изложбата „Низ огледалото“ беа претставени дела во повеќе медиуми ‒ инсталации, објекти, слики и фотографии.

„Инспирирана од книгите на Луис Керол, ’Алиса во земјата на чудата’ и ’Алиса од другата страна на огледалото’ кои, иако наменети за деца, биле критика на времето во кое биле напишани, Санjонг Ли преку својата изложба ’Низ огледалото’, на сличен начин, со својот бајковиден израз, се осврнува на апсурдот на светот во кој живееме денес. Преку дела во различни медиуми, во две и три димензии, не води од другата страна на огледалото, во свет кој навидум ја деформира реалноста, но во суштина е воочување и посочување на нејзиниот вистински карактер, ослободен од илузијата.

Детските пластични играчки – Барби кукли, продукт на потрошувачкото општество, кој има тенденција од најмала возраст да се наметне како модел за убавина, формирајќи стереотип, се ’разголени’ во нивното вистинско светло, како продукти во пластични кеси и ангели со црни крилја. Црвените волнени клопчиња распоредени во просторот и поставени наместо глави на куклите, не тераат да се запрашаме каде води конецот што се замотува… Како знак на отпор на ваквата ситуација која се заплеткува во се поголем апсурд, Санјонг ја предлага можноста да се обидеме да застанеме и да не правиме ништо.“ ‒ Маја Кировска, куратор на изложбата.

no comments

Read more...

Изложба на скулптури на Џелил Руфати во Мала станица

Во рамките на Скопско лето 2016, Националната галерија на Македонија е домаќин на уште еден настан, изложба на скулптури на уметникот Џелил Руфати.

rufati mala stanica

Отварањето на изложбата е на 07.07.2016 во 20:30 часот во објектот Мала станица.

no comments

Read more...

“Обичниот човек” на Жарко Башески во Чифте амам

Долгогодишната успешна соработка на Националната галерија на Македонија и Дирекцијата за култура и уметност резултира со партиципација на Галеријата во рамките на манифестацијата Скопско лето.

basheski 2

Така и оваа година, Проект од годишната програма на Националната галерија на Македонија ќе биде претставен на свеченото отварање и започнување на Скопско лето 2016. Отварањето на оваа манифестација ќе биде во храмот на уметноста, објектот Чифте амам, на 21 јуни 2016 година (вторник) во 20 часот. Жарко Башески е автор на оваа изложба со наслов Обичниот човек, а куратор на проектот е Горанчо Георгиевски.

Творештвото на Жарко Башески е изложувано во повеќе галерии и музеи, има остварено повеќе скулптури во јавен простор (Александар Македонски, Гоце Делчев, Даме Груев, Св. Кирил и Методиј…) и беше претставник на Македонскиот павилјон на 54-тото Меѓународно уметничко биенале во Венеција, 2011 година. Интересот во неговото творештво е свртен кон човекот, па оттаму и интересот за хиперреалистичкиот приод во обликувањето на концептот на делото, кој во идејната проекција го надминува и хиперреализмот и говори за животот и реалноста во која живееме.

Жарко Башески не бега од аспектите на реалноста на човековиот живот и на неговото битисување во општеството, туку жестоко ги анализира и непосредно и директно ни ги пренесува личните погледи и заклучоци со своето творештво. Тој во потрагата за гносеолошки и онтолошки одговори за човекот нè воведува во аутистичката празнина на денешното социоопштествено живеење, но и во можноста за себеистражување, себеоткривање и себеизградување и во менувањето како на визијата, така и на вистината за себеси и за човековото постоење.

basheski 1Жарко Башески е автор отворен за експерименти кон барањето нов пластичен израз и лична сигнатура. Во провокацијата како за себеси, така и за другите, во своите експериментални бранувања концизно инсистира да се раскаже една животна приказна во делови, да ја раскаже приказната за обичниот човек и од неа да се постигне една нова и заокружена целина. Во тој склоп на околности, делата повеќе сугерираат на нивно исчитување отколку на набљудување.

Базична цел во делото на Башески е да се изразат слободата на авторот во мисловниот превод на личното доживување за светот во кој живееме и неговото естетско визуелно оформување како чин на себеспознанието.

basheski 3

Жарко Башески е роден во Прилеп на 11 август 1957 година. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 1988 година во класата на Петар Хаџи Бошков. Постдипломските студии ги завршил во 1998 година на матичниот факултет, во класата на Драган Поповски-Дада, каде што во тој момент работел како стручен соработник. Од 1988 година е член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија каде што има остварено голем број активности (групни и самостојни изложби). Имал студиски престој во Лондон од 1979 до 1982 година. Живее во Скопје и работи како редовен професор на Факултетот за ликовни уметности.

Изложбата ке биде поставена до 15 август 2016 година.

_________________________________

no comments

Read more...

Посета на амбасадорот на Перу за Македонија во Националната галерија

Во Националната галерија на Македонија, во мултимедијалниот центар Мала станица се одржа свечена средба меѓу директорот на Националната галерија на Македонија, д-р Дита Старова Ќерими и Н.Е. господинот Хозе Антонио Ароспиде Дел Бусто, амбасадор на Р. Перу за Македонија со седиште во Букурешт, Романија.

ngm peru

Повод за средбата е отварање на изложба на фотографии на 16.06.2016, четврток под наслов ˶Патот на Инките ̋ која Националната галерија на Македонија за прв пат ја организира во соработка со почесниот конзул на Р. Перу во Македонија Ненад Јанакиевиќ. Амбасадорот Дел Бусто и директорката Старова Ќерими остварија конструктивен разговор за соработка која започнува со оваа изложба на која ќе се презентира древната цивилизација на оваа далечна земја.

Соговорниците договорија Националната галерија на Македонија да реализира проект/изложба со која би ја промовирале нашата култура токму во Перу во текот на наредната година во институција од ист ранг како нашата.
Ретки се можностите да се отпатува на вака далечни дестинации, затоа Националната галерија на Македонија понуди ексклузивна можност за пошироката публика преку овие фотографии да долови дел од прекрасните природни убавини на Перу.

Директорката Старова Ќерими истакна дека вратите на Националната галерија се отворени за запознавање и реципроцитетна соработка со амбасадите на различни култури и е поттик во иднина да се реализираат ваков тип на промоции кои ќе зближуваат две култури преку уметност.

Изложбата ќе се отвори во 18:30 часот а ќе биде поставена до 30.06.2016.

no comments

Read more...

Програма на НГМ за 18 Мај – Меѓународен ден на музеите

18 Maj

Национална галерија на Македонија со свои активности се вклучува во рамките на светската мрежа на музеи и галерии кои го одбележуваат 18 Мај – Меѓународен ден на музеите.

Оваа година, темата предложена од Меѓународниот совет на музеите по повод Меѓународниот ден на музеите е „Музеите и културните предели“. Сите активности кои се изведуваат по повод 18 Мај, воедно се и дел од надлежностите и визијата на музеите кои чуваат предмети кои го претставуваат материјалното и нематеријалното наследство на одредена територија независно од нејзината големина.

Во продолжение е распоредот на настаните за 18 Мај (среда)

  • Даут-пашин амам

13 часот, изложба на работилницата за деца под наслов „Уметникот и јас“ која традиционално се случува по трет пат. Работилницата и изложбата се проект на едукаторот Ацо Таневски.

19 часот, Годишен концерт на ДАМБУЦ Илија Николовски Луј.

Во текот на целиот ден посетителите ќе можат да ја погледаат постојаната поставка од колекцијата на Национална галерија на Македонија од XIV-XX век

 

  • Чифте амам

Отворен за посета на изложбата под наслов “Reccuring landscapes” на хрватските уметници Дамир Жижиќ и Кристијан Кожул, куратори Вања Жанко од Загреб и Ана Франговска од Скопје.

 

  • Мала станица

20 часот, БИСТА биенале на студенти по архитектура.

 

Националната галерија на Македонија Ве информира дека објектите ќе работат со продолжено работно време, влезот е бесплатен и Ви посакува пријатен престој.

 

 

no comments

Read more...

Распоред на активностите од програмата на НГМ за мај 2016

Распоред на активностите од програмата на Националната галерија на Македонија за месецот мај 2016 година.

mal stanica logo vlez

Мала Станица

02-08.05 ,, Галерија на портрети” Куратор: Ана Франговска

Изложбата е практично збир на нематеријални дела, недофатни на перцепцијата на човекот со денешните биолошки перцептивни можности. Во повеќе од просториите на Мала станица, просторот се неутрализира од аспект на мирис (се варосува, а подот се брише со средство за неутрализирање), а потоа во секоја од просториите се поставува “мирисен квадрат”. Сопствениците на кучиња, по претходно закажен термин и добиени инструкции, ја посетуваат изложбата. Делото е невидливо за сопствениците, но не и за нивните миленици, чија реакција се документира (фотографии и видео). Во предвид доаѓаат само социјализирани миленици, навикнати на живот во затворен простор. Автор: Искра Димитрова

06-17.05.2016, МАГРОНИ-Скопје, Цртај и патувај во Дизниленд

Цртај на тема „Водата и природата“ и покажи го твојот уметнички правец! Изложба на големиот ликовен конкурс за деца на возраст од 4 до 10 години. Детски цртежи на тема „Водата и природата“

13-20.05 ,, IX Младински пролетен салон” Едукатор: Ацо Таневски

IX Младински пролетен салон- организација и селекција Ацо Таневски Толкување- Традиционална изложба на дела на ученици од средните училишта и факултети.Насловот на овој салон гласи ПОРТАЛИ.( мотиви на порти, капии, влезови, отвори,премини,прозорци,излези,окна)Конкурсот има републички карактер, и на изложбата учествуваат 30- на училишта и неколку сродни факултети.

25.05-07.06 „The day after “ Организатор: Ана Франговска

20:00 часот Храната е дел од колективниот ум. Ние сме преокупирани со нејзиното производство, шармирани од нејзините производители и обземени со нејзината презентација. Храната стана идеал, дури и израз на културен копнеж за многу образовани урбани професионалци и културолози. Методи Ангелов и порано се занимавал со вклучување на храната во визуелното изразување, каде покрај вклучување на несвојствен медиум, игра во голема мера со иронизирање на брендот и глобализацијата во која сите го губиме сопствениот идентитет.

18-26.05 БИСTA (Биенале на студенти по архитектура)

20:00 час  На биеналето ке се претставуват пет факултети со свои поставки,дополнително ке бидат изложени и плакатите кои се резултат на конкурс за најдобро графичко решение за постер за Биста.

Факултет учесници се: 1.Архитектонски факултет Скопје (УКИМ), 2.Факултет за архитектура и дизајн (Универзитет Американ Колеџ Скопје), 3.Државен Универзитет…

Чифте амам

05-19.05 Жижиќ и Кожул – Хрватска Одговорен: Ана Франговска

recurring landscapes

 12:00 часот Кожул и Жижек симулираат проблем во галеријата, лекување на изложбен простор не како празен сад, туку како канал за комуникација. Неповрзани артефакти расфрлани низ областа, неидентификувани субпростори, фрагментарни сцени на звукот, бучава, недостаток на изложбена навигација итн.

04-08.05 Меѓународен Балкански Универзитет 

18:00 часот Изложбата ке биде од мултикултурен карактер,студентите на МБУ доаѓат од целиот Балкан и Турција.Ваква изложба во скопска чаршија е исто така показател дека уметноста и културата претпоставуваат важен хуманистички процес во едно општество.

19.05 - 03.06 „Христијанските мотиви во современата Македонска ликовна уметност“ Куратори: Златко Теодосиевски и Славко Лисичков

Религијата, односно во случајов христијанската религија отсекогаш била еден од битните творечки инспирации и импулси во современото уметничко творештво. изложбата претставува елаборација на присуството на религиозните / христијанските мотиви во македонската уметност од почетоците на 20от век до денес, низ творештвото на Папрадишки, Зографски, Мартиноски, Мазев, Чемерски, Николовски, Глигоров, Жерновски и др.

Даут-пашин амам

daut pasin amam

03.05 Концерт

Концерт за деца Ема Потевска

17.05 Музичка младина на Македонија

Концерт на Стефан Неделковски – саксофон

18.05 ,,Уметникот и јас III“ Едукатор: Ацо Таневски

Уметникот и јас Ликовна работилница во која се опфатени три старосни групи- деца од градинки, ученици од VI одд. и ученици од средни училишта. Мотиви се изложените дела од колекцијата презентирана во Даут Пашин амам.

На крајот со компаративна изложба во истиот објект ќе се презентираат нивните видувања, во чест на 18 мај, светскиот ден на музеите.

18.05 ДАМБУЦ Илија Николовски Луј концерт

19:00 Годишен концерт на учениците од класите на проф. Е.Андоновска Цветковска, проф. С.Димитриевска, проф. З.Лазова

25.05 Музичка младина на Македонија

Концерт на Ивана Стојковиќ – пиано и Ирина Петрушевска – пиано

28.05 Музичка младина на Македонија

Концерт на Пиано форте

29 и 31.05 ,,ПРО-ЗА Балкан“

19:3020:40 Интернационален литературен фестивал ,,ПРО-ЗА Балкан“отварање на фестивалот на 29.05 и затварање на фестивалот на 31.05

 

no comments

Read more...

Изложба на хрватската уметничка двојка Кожул/Жижиќ

recurring landscapes

Отворање на самостојна изложба на уметничката двојка Кожул/Жижиќ од Загреб, Хрватска на 5.05.2016 година во 12.00 часот.

На 4-ти мај (среда) во објектот Чифте амам на Национална галерија на Македонија во 11 часот ќе се одржи прес на кој ќе присуствуваат и уметниците.

Куратори на проектот се Вања Жанко од Загреб и Ана Франговска од Македонија. Малку повеќе информации на линкот подолу, а повеќе на прес конференцијата. Ве очекуваме.

http://nomad.hr/projects/zizic-kozul-recurring-landscapes-national-gallery-of-macedonia-skopje

„Горди сме што имаме можност да ве поканиме на првото македонско самостојна презентирање на Жижиќ и Кожул, изложба која ќе се состои од неколку инсталации произведени наменски за просторот на Чифте амам , кои произлегуваат од неодамнешната работа и интереси на уметниците. Оваа изложба го истражува феноменот на подоброто претставување и генеричкото искуство, кои се од централно значење за трансформирање на менталниот приказ под влијание на глобалниот пазар и маркетинг индустријата.“

Кожул и Жижиќ изјавуваат: „Живееме во апсурден момент кој е творечки неодолив“, сосема апликативна изјава и на актуелното македонско време. Оттука сигурни сме дека оваа изложба ќе го привлече вниманието на македонската публика и со својот визуелен аутфит, а и со концепциската содржина.

http://www.nomad.hr/content/2-members/9-kristian-kozul/zizic-kozul_cv.pdf

_____________________________________________

 

 

no comments

Read more...