Распоред на активности од програмата на НГМ за април 2016 година

Распоред на активности од програмата на Националната галерија на Македoнија за април 2016 година Мала Станица 15-20.04 Земна и небесна екстаза – љубовна поезија и уметност, организатор Маленко Љупчо  На 15.04 Светскиот ден на уметноста ке биде отворење изложба на дела од 14 ликовни уметници инспирирани од светската лубовна поезија.Отворање 20:30 часот. Изложбата ќе ја […]

Во Чифте амам изложба под наслов “Наречи ме љубов”

По повод април, месец на лица со аутизам, со особена чест Ве информираме дека во среда 6.04.2016 год во 15 часот, во Националната галерија на Македонија во објектот Чифте амам ќе биде отворена изложбата под наслов “Наречи ме љубов”. Изложбата беше реализирана во соработка со здружението ,,Во МОЈОТ СВЕТ,, ПОУ Д-р Златан Сремец- Скопје, Центарот […]

„(По)трагите на водата“ – Акварелот од колекцијата на НГМ во Софија

Во Културно- информативниот центар на Република Македонија во Софија, Република Бугарија, на 7 април 2016 година (четврток) во 18:30 часот, ќе се отвори изложбата со наслов (По)трагите на водата – Акварелот од колекцијата на Националната галерија на Македонија. Акварелот како составен дел од Збирката на Националната галерија на Македонија, завзема значајно место, такашто со оваа […]

Изложба на уметнички дела и скулптури од галериски формат

Изложба на уметнички дела и скулптури од областа на визуелните уметности откупени на Конкурсот на Министерството за култура… Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица во вторник, 29.03.2016 во 12 часот ке биде отворена изложба на уметнички дела и скулптури од галериски формат од областа на визуелните уметности, откупени на Конкурсот на Министерството за […]

Изложба „Природа на универзумот“ на канадската авторка Жо Ан Ланвил

Во среда, 30. 03. 2016 година во 20 часот, во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам ќе биде отворена изложбата под наслов „Природа на универзумот“ на канадската авторка Жо Ан Ланвил. Изложбата е организирана по предлог и во соработка со Канадската Амбасада од Белград, Република Србија. Изложбата ќе биде поставена 10 дена. На изложбата […]

Меморандум за соработка помеѓу НГМ и Национална галерија на Косово

Вчера, на 22.02.2016 година беше реализиран работен состанок помеѓу директорката на Националната галерија на Македонија, д-р Дита Старова Ќерими и в.д. директорот на Националната галерија на Косово, г-динот Зени Балажи. На средбата беше потпишан меморандум за соработка помеѓу овие две сродни институции од регионот. Со овој чин се официјализираше соработката која ќе се одвива на […]

Соработка меѓу Националната галерија на Македонија и Францускиот институт

Националната галерија на Македонија во изминатите четириесетидвегодини откако постои Францускиот институт во Македонија е добар домаќин и подржувач на културната програма на институтот во рамките на деновите на франкофонијата. Како продолжение на долгогодишната успешна соработка директорката на Националната галерија на Македонија, Дита Старовa Ќерими оствари средба со директорката на Францускиот институт, госпоѓата Изабел Марки-Барбо и […]

Изложбата „(По)трагите на водата“ во Куманово

„(По)трагите на водата“ е наслов na изложбата на акварели што ќе биде отворена денес, петок, 5 февруари, во 19.30 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. Изложбата е во организација на Националната галерија на Македонија и Дирекцијата за култура и уметност во рамките на проектот „Кич,да!?/сте или не/“ поддржан […]

Реализирани програмски изложби на НГМ во 2015 година

Ова се програмските изложби на Националната галерија на Македонија, кои се одржаа во текот на 2015 година, во објектите на институцијата. Изложба на Одаловиќ и Милатовиќ во Чифте амам Ратко Одаловиќ се претставува со колористички цртежи во темнокафеав тоналитет со окер, розови, жолти и сини акценти и површини. Тоа се композиции реализирани со редукција и се […]

Изложба Есенција на егзистенцијата на 25 македонски современи уметници

Во галеријата Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 29 декември 2015 (вторник) во 20.30 часот ќе се отвори изложбата Есенција на егзистенцијата на која се застапени 25 македонски современи уметници. Истата изложба во јуни 2015 година беше отворена во галеријата Лауба во Загреб каде имаше огромен интерес од публиката и стручната јавност, а […]