Томо Шијак – Ретроспективна изложба

Во Националната галерија на Македонија, објект Даут пашин амам, на 25 декември (петок) ќе биде отворена ретроспективната изложба во чест на Томо Шијак. Томо Шијак (1930-1998) е еден од неколкумината автори, уметнички родени во педесеттите години на дваесеттиот век, кои се издвоија како означувачи на авангардистичките текови на тогашната македонска ликовна уметност, а комплетното презентирање […]

Изложба на дела од детската ликовна работилница „Детска радост“

Во Националната галерија на Македонија, објектот Чифте амам во првата половина на месец декември во рамките на програмските активности на едукативното одделение беше организирана креативна ликовна работилница  инспирирана од делата на нашата позната уметница Жанета Гелевска под наслов „Детска радост“. Изложбата на Жанета Гелевска наративно ги преставува најважните вредности во животот како и во уметноста. При […]

Изложба на современата чешка уметност „Исклучок и правило“

Во рамките на Програмата на Националната галерија на Македонија, на 23 декември 2015 година, (среда) во 19,30 часот ќе се отвори изложба на современата чешка уметност со наслов „Правило и исклучок“, а на 24 декември, во 12.00 часот ќе се одржи предавање апропо изложбата од страна на кураторката Мариана Серанова. Настаните ќе се реализираат во […]

Изложба на Вана Урошевиќ “Кабинети на чуда и библиотеки”

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 11 декември 2015 година (петок), во 20 часот, ќе се отвори самостојната изложба на Вана Урошевиќ. Својата најнова самостојна изложба Вана Урошевиќ ја има насловено: “Кабинети на чуда и библиотеки”. Следејќи некои од своите омилени теми од доменот на “тајниот живот на предметите”, оваа ликовна уметница […]

Изложба на Жанета Гелевска Велјаноска во Чифте амам

Во просториите на Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам на ден 10.12.2015 година (четврток) во 20:00 часот ќе биде отворена изложбата на академскиот сликар Жанета Гелевска Велјаноска.   Изложбата ќе содржи 50-тина дела комбинирана техника на платно. Жани дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во 1989 година. Член е на ДЛУМ од […]

Системски матрикс или матрикс во системот

Во една држава постои таксативна класификација на организми (институции, тела) кои се дел од системот и кои функционираат според одредени правила на игра наложени од највисоките владеачки елементи во хиерархиската организираност. Сите ние сме дел од таквите системи (своевидни манипулирани марионети) во кои треба да се вклопиме и да функционираме по зададени принципи и норми. […]

Mултимедијална инсталација под наслов „12:05“ на Борис Шемов

Во вторник (1. 12. 2015 година) во 20 часот, во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица ќе биде поставена мултимедијалната инсталација под наслов „12:05“ на авторот Борис Шемов. Овој Проект ќе може да се проследи и во наредните два дена на 2-ри (среда) и 3-ти (четврток) декември од 18 до 20 часот. Проектот на […]

Прес со хрватскиот уметник Владо Мартек во Чифте амам

Во вторник, 1. 12. 2015 година во 11:00 часот, во Чифте амам ќе се одржи прес конференција по повод изложбата на Владо Мартек: Огледалото на Мартек – Сетете се на уметноста, во присуство на авторот. Поет и концептуалист, сликар, есеист (Загреб, 1951). Дипломирал книжевност и филозофија на Ф.Ф. во Загреб 1976. Во почетокот се занимавал […]

“Ретроспектива на апстрактната фотографија” на Осман Демири

Изложбата на Осман Демири, “Ретроспектива на апстрактната фотографија” ќе биде отворена во среда, 2 декември 2015 година, со почеток во 19:00 часот, објектот Чифте амам. Истата ќе биде отворена до 8 декември. Провокацијата на недокрај откриеното Кон миниретроспективата на апстрактната фотографија на Осман Демири Апстрактната, необјективна, експериментална или уште позната како концептуална фотографија е средство […]

Александар Кондев – Ретроспектива

Александар Кондев (1950) е еден од оние македонски фотоуметници, чиешто фотографско творештво е нераскинливо сврзано со пробивите на фотографската мисла кај нас и, слободно може да се каже, највисоките дострели на македонската фотографија од втората половина на минатиот век до денес. Неговото безмалу педесетгодишно присуство во сите перипетии на македонската фотографија е важно сведоштво и […]