Изложба „Омер Калеши – 55 години творештво“ во Чифте амам

Hа 01 декември 2016 година (четврток), со почеток во 12 часот, во НУ Национална галерија на Македонија, објект Чифте амам, во Скопје, ќе се одржи свеченост по повод донацијата на ликовни дела од познатиот уметник Омер Калеши на општина Чаир.

omer-kaleshi-bw

На изложбата под наслов „Омер Калеши – 55 години творештво“ ќе бидат претставни вкупно 24 подарени слики кои потекнуваат од најновиот творечки опус на авторот, а домашната публика ќе има можност да ги запознае веднаш по нивното претставување во Виена, Австрија.

НУ Национална галерија на Македонија ја организира оваа изложба во рамките на своите годишни програмски активности поддржани од страна на Министерството за култура на Република Македонија, а во соработка со Општина Чаир.

Маестро Омер Калеши е реномиран албански ликовен уметник во Европа и светот. Студирал во Истанбул на академијата Мимар Синан, а од 1956 година живее во Париз како слободен уметник.

Во рамките на неделата посветена на Омер Калеши, која ја чествува скопската општина Чаир, освен изложбата на подарени дела, на 02 декември 2016 година (петок), во 11 часот, на вториот ден од оваа манифестација, во галерискиот простор Чифте амам (дел од НУ Национална галерија на Македонија), авторот ќе оствари едукативна средба со децата од основните училишта од оваа општина, на која и најмладата генарација ќе ја запознае со своето творештво.

По претставувањето на изложбата во Чифте амам, на 06 декември 2016 година (вторник) истата ќе биде промовирана во Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје, каде делата кои се во сопственост на Општина Чаир ќе бидат трајно изложени за јавност во вид на постојана поставка во Галеријата посветена на Омер Калеши.

Воедно, ја користиме оваа прилика да Ве поканиме да присуствувате на активностите по повод неделата посветена на творештвото на сликарот Омер Калеши.

no comments

Read more...

Сакаме да ве известиме дека вечерва, во 18.00 часот, во Тек Санат галеријата во Истанбул, Турција, се отвори самостојната изложба на Омер Калеши на која како специјални гости присуствуваа директорката на Националната галерија на Македонија, г-ѓа Халиде Палоши, и претставници од галеријата, а на свеченото отворање на изложбата беа и Јордан Плевнеш, ректор на ЕСРА и конзулот на Р.Македонија во Турција, г-ѓа Зерим Абас.

omer kaleshi istambul

По отворањето на изложбата се дискутираше околу позитивната реакција и спремноста на предложените членови на иницијативниот одбор, за започнување со сериозен ангажман околу реализирање на предлог-идејата на директорката на Националната галерија, г-ѓа Палоши, за отворање на галерија на Омер Калеши во Скопје. По враќањето во Скопје, Палоши започнува со состаноци со членовите на иницијативниот одбор. Ќе следи подетално информирање.

Со почит,
Национална галерија на Македонија

no comments

Read more...