„Од традицијата“ изложба на Решат Амети

Reshat Ameti pokanaИзложбата ќе биде отворена на 2 септември 2017 год. (сабота), во 20 часот, објект Чифте амам. Изложбата ќе ја отвори директорот на Националната галерија на Македонија, д-р Дита Старова Ќерими.

Решат Амети е роден во Гостивар (1964), дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје 1989 година во класата на професорот Ана Темкова, а дипломската работа ја одбранил кај професорот Ристо Калчевски.

Добитник е на многу награди и признанија како наградата за сликарство „Лазар Личеноски“ од ДЛУМ – 2009 година, „11 Октомври“ за животно дело од областа на уметноста и културата во 2013 година. Учесник е на многу ликовни колонии во државата и надвор од неа.

На изложбата ќе бидат претставени дела од циклусот насловен „Од традицијата“.

Станува збор за повеќе слики во комбинирана техника и масло на платно. Нема сомнение дека Решат Амети е сликар на тајната на своите платна, тој ја открива со моќта на целокупното свое битие  барајки од гледачот на своите слики интуитивна моќ на внатрешната рефлексија и перцепција, Маја Крстевска

Одговорен кустос е Маја Крстевска. Изложбата е дел од манифестацијата по повод отворањето на плоштадот Скендербег и ќе трае до 16 септември 2017 год.

no comments

Read more...

Изложба на Решат Амети по повод „25 години творештво“

Resat Ameti pokana

Во ликовниот салон при Македонската академија на науките и уметностите во соработка со НУ – Национална галерија на Македонија на 7 Април (четврток) во 19:00 часот, финансиски поддржана од Министерство за култура на РМ ќе се отвори самостојната изложба на Решат Амети по повод “25 години од неговото ликовно творештво”.

Со оваа изложба продолжува соработката помеѓу Националната галерија на Македонија и Македонската академија на науките и уметностите преку презентирање на ликовните остварувања на истакнати автори кои имаат особено значење во развојот на македонската современа уметност.

Националната галерија на Македонија и овојпат најпрофесионално ја организира ликовната изложба на ликовниот уметник Решат Амети и тоа беше предизвик токму тука да се презентира неговото богато уметничко творештво.

Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје 1989г. во класата на Ана Темкова, а дипломската работа ја одбранил кај Ристо Калчевски кој ја има извршено првата уметничка филтрација на Амети т.е. му го иницирал интересот за геометрија, информелноста, фактурност и текстурата за магијата на белината.

Изложбата е пресек на 25 годишното творештво на авторот, опфаќајки ги сите периоди во неговото сликарство. Станува збор за повеќе слики во комбинирана техника и масло на платно. Нема сомнение дека Решат Амети е сликар на тајната која на своите платна тој, ја открива со моќта на целокупното свое битиe барајки од гледачот на неговите слики интуитивна моќ на внатрешната рефлексија и перцепција.

Решат Амети е добитник на повеќе награди и признанија како наградата за сликарство “Лазар Личеноски” од ДЛУМ- 2009г. и “11 Октомвриската награда “ за сликарство 2014г. Учесник е на многу ликовни колонии во државата и надвор. Изложбата ќе биде отворена до 21 Април 2016г. ќе ја отвори Ефтим Клетников, поет.

Одговорен кустос : Маја Крстевска

no comments

Read more...