Изложба на уметнички слики од македонски автори, наследени во процесот на сукцесија на поранешна СФРЈ

Во Национална галерија на Македонија, објект Мала станица, на 3 декември 2016 година, во 12 часот ќе се отвори изложбата Уметнички слики од македонски автори, наследени во процесот на сукцесија на поранешна СФРЈ.

MNR pokana mak

На изложбата се застапени 46 уметнички дела и се поголем дел на уметнички слики од македонски автори преземени како движен имот во сукцесијата која и припадна на Република Македонија, а чиј што пат дотука воопшто не беше лесен.

Овие дела, од наши македонски автори, долги години ги украсувале просториите на амбасадите, конзулатите и мисиите на СФРЈ, а подоцна и на поранешните југословенски републики, недостапни за пошироката јавност, секое на различна дестинација, далеку од матичната Македонија.

Овие 46 дела се донесени од над 20 различни држави. Некои од нив пропатуваа од најдалечните Мексико, Каракас, Перу, Токио, Њујорк за конечно повторно да се најдат тука во Македонија, онаму каде што припаѓаат. Меѓу останатите автори на изложбата се застапени дела и од авторите Мартиновски, Личеновски, Коџоман, Мазев, Кондовски, Куновски, Темкова, Хаџи Бошков, Перчинков и други, чија што работа оставила голема трага во македонската култура, создадени во периодот по Втората светска војна, дела кои досега не биле изложени за широката културна јавност, дела кои ќе го збогатат културното наследство на Република Македонија.

no comments

Read more...