Хелидон Ѓерѓи во Чифте амам

Во вторник (1 август) во Чифте амам во 18 часот, ќе биде отворена изложбата на албанскиот уметник Хелидон Ѓерѓи.

helidon gjergi

Хелидон Ѓерѓи (роден 1970 во Тирана, Албанија) е современ уметник кој работи во различни медиуми. Студирал на Академијата за уметности во Тирана. Со отворањето на границите на Албанија во 1991 година, се преселил во Италија, каде што понатаму ги проучувал визуелните уметности и се стекнал со диплома од Академијата за ликовни уметности во Неапол, Италија. Во 1997 година, тој се преселил во Чикаго, каде што се усовршил во теорија и практика на уметноста на Универзитетот во Чикаго. Во моментов живее во Њујорк и предава на SUNY Old Westbury.

helidon gjergi portret

Во текот на својата кариера Хелидон работел во различни медиуми, од сликање, до инсталација и до архитектура. Меѓутоа, преку различните медиуми, Хелидон во своите дела постојано ја испитува порозноста и кревкоста на границите меѓу медиумите, себе си и параметрите на индивидуалното влијание.

Неговите прво изложени дела го тематизираат нарцисоизмот на нашиот ангажман со медиумите, фантасмагорички поставувајќи ги телевизорите и нивните гледачи во рамките на огледалните средини, и провокативно го изнесува нивниот потенцијален и искупувачки квалитет, повикувајќи го гледачот да направи пулсирачки акциони слики преку разиграната теле-команда на програмирање како треперлив превез на платно.

no comments

Read more...

Изложба „Омер Калеши – 55 години творештво“ во Чифте амам

Hа 01 декември 2016 година (четврток), со почеток во 12 часот, во НУ Национална галерија на Македонија, објект Чифте амам, во Скопје, ќе се одржи свеченост по повод донацијата на ликовни дела од познатиот уметник Омер Калеши на општина Чаир.

omer-kaleshi-bw

На изложбата под наслов „Омер Калеши – 55 години творештво“ ќе бидат претставни вкупно 24 подарени слики кои потекнуваат од најновиот творечки опус на авторот, а домашната публика ќе има можност да ги запознае веднаш по нивното претставување во Виена, Австрија.

НУ Национална галерија на Македонија ја организира оваа изложба во рамките на своите годишни програмски активности поддржани од страна на Министерството за култура на Република Македонија, а во соработка со Општина Чаир.

Маестро Омер Калеши е реномиран албански ликовен уметник во Европа и светот. Студирал во Истанбул на академијата Мимар Синан, а од 1956 година живее во Париз како слободен уметник.

Во рамките на неделата посветена на Омер Калеши, која ја чествува скопската општина Чаир, освен изложбата на подарени дела, на 02 декември 2016 година (петок), во 11 часот, на вториот ден од оваа манифестација, во галерискиот простор Чифте амам (дел од НУ Национална галерија на Македонија), авторот ќе оствари едукативна средба со децата од основните училишта од оваа општина, на која и најмладата генарација ќе ја запознае со своето творештво.

По претставувањето на изложбата во Чифте амам, на 06 декември 2016 година (вторник) истата ќе биде промовирана во Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје, каде делата кои се во сопственост на Општина Чаир ќе бидат трајно изложени за јавност во вид на постојана поставка во Галеријата посветена на Омер Калеши.

Воедно, ја користиме оваа прилика да Ве поканиме да присуствувате на активностите по повод неделата посветена на творештвото на сликарот Омер Калеши.

no comments

Read more...

Изложба на Мифтар Мемети во Чифте амам

Во вторник, 1-ви ноември во 19 часот во Чифте амам, Скопје ќе имате можност да присуствувате на отварањето на самостојната изложба на Мифтар Мемети.

miftar memeti plakat

На отворањето на изложбата со пригодна реч ќе се обратат директорот на Националната галерија на Македонија д-р Дита Старова Ќерими, господинот Фатмир Сулејмани декан на Филолошкиот факултет на Тетовскиот Универзитет воедно и близок пријател на авторот од детството и познатиот академски ликовен уметник и професор, господинот Решат Амети.

Сликарството на маестро Мифтар Мемети е емоционална претстава, блискот до луѓето со убедливост за фактичкото. Сликар кој дава предност на чувството на емоционалната природа, која понатака се развива за време на сликарскиот процес, што ќе рече дека сликата е таа која ја доближува до своите замисли следејќи ги неговте емоции и интелектуален предизвик. Неговите дела се резултат на драматичен настан, односно, тоа се слики на настани.

Уметникот кој од бојата прави уметност

Реинтерпретирање на заробени моменти, мигови од детството, енграми за атмосферата во домот и во грижливо негуваниот цветен двор…експресии, ликовни записи на моменти дури и продолжување и развој на мислата. Сведоштва за времето, носталгија пропратена со топлина во душата, впечатоци за поминатото детство, време во кое поминале најубавите и најсреќни детски денови. Сликарство кое со право може да се сврсти во групата на сликари-хроничари на времето и покрај силно акцентираната експресија со плохи и лирски нагласки.

Мифтар Мемети прави ликовни напори да ја запре минливоста на времето; со нежен лиризам ни ги препорачува старите прозори, врати, куќната порта, клупата и камењата во дворот кој одамна ја отслужиле својата намена под старата црешa а сега стојат како траен спомен, неминливост, вечност. Амбиентот сега и просторно и временски е дефиниран. Сликарот успеал успешно да ни ја долови и атмосферата на древноста и хармонијата која владеела во домашна градина. Засведоченост на едно одминато време, ликовна уметност со која уметникот не воведува во убавина во која се насетуваат нежни допири и рефлексии од исконот, од патината на времето. Мифтар Мемети со својата ликовна дарба создал возбудлива поетика во која ги споил времињата во вечност. Неговата уметност е со јасен и личен творечки сензибилитет со емотивна комуникација, што впрочем е негов најзначаен белег.

Тој е создавател на исконска убавина без да измислува ами ликовно да пресоздава природа, а емпириските нешта ја добиваат вистинската вредност. Делата на Мифтар Мемети се вистинска експресивно-лирска проповед, носталгичен бран од минатото.

Сликарството на маестро Мифтар Мемети е емоционална претстава, блискот до луѓето со убедливост за фактичкото. Сликар кој дава предност на чувството на емоционалната природа, која понатака се развива за време на сликарскиот процес, што ќе рече дека сликата е таа која ја доближува до своите замисли следејќи ги неговте емоции и интелектуален предизвик.

Неговите дела се резултат на драматичен настан, односно, тоа се слики на настани.

Љупчо Маленков

Изложбата ќе може да се погледне до 14-ти ноември.

no comments

Read more...

“Обичниот човек” на Жарко Башески во Чифте амам

Долгогодишната успешна соработка на Националната галерија на Македонија и Дирекцијата за култура и уметност резултира со партиципација на Галеријата во рамките на манифестацијата Скопско лето.

basheski 2

Така и оваа година, Проект од годишната програма на Националната галерија на Македонија ќе биде претставен на свеченото отварање и започнување на Скопско лето 2016. Отварањето на оваа манифестација ќе биде во храмот на уметноста, објектот Чифте амам, на 21 јуни 2016 година (вторник) во 20 часот. Жарко Башески е автор на оваа изложба со наслов Обичниот човек, а куратор на проектот е Горанчо Георгиевски.

Творештвото на Жарко Башески е изложувано во повеќе галерии и музеи, има остварено повеќе скулптури во јавен простор (Александар Македонски, Гоце Делчев, Даме Груев, Св. Кирил и Методиј…) и беше претставник на Македонскиот павилјон на 54-тото Меѓународно уметничко биенале во Венеција, 2011 година. Интересот во неговото творештво е свртен кон човекот, па оттаму и интересот за хиперреалистичкиот приод во обликувањето на концептот на делото, кој во идејната проекција го надминува и хиперреализмот и говори за животот и реалноста во која живееме.

Жарко Башески не бега од аспектите на реалноста на човековиот живот и на неговото битисување во општеството, туку жестоко ги анализира и непосредно и директно ни ги пренесува личните погледи и заклучоци со своето творештво. Тој во потрагата за гносеолошки и онтолошки одговори за човекот нè воведува во аутистичката празнина на денешното социоопштествено живеење, но и во можноста за себеистражување, себеоткривање и себеизградување и во менувањето како на визијата, така и на вистината за себеси и за човековото постоење.

basheski 1Жарко Башески е автор отворен за експерименти кон барањето нов пластичен израз и лична сигнатура. Во провокацијата како за себеси, така и за другите, во своите експериментални бранувања концизно инсистира да се раскаже една животна приказна во делови, да ја раскаже приказната за обичниот човек и од неа да се постигне една нова и заокружена целина. Во тој склоп на околности, делата повеќе сугерираат на нивно исчитување отколку на набљудување.

Базична цел во делото на Башески е да се изразат слободата на авторот во мисловниот превод на личното доживување за светот во кој живееме и неговото естетско визуелно оформување како чин на себеспознанието.

basheski 3

Жарко Башески е роден во Прилеп на 11 август 1957 година. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 1988 година во класата на Петар Хаџи Бошков. Постдипломските студии ги завршил во 1998 година на матичниот факултет, во класата на Драган Поповски-Дада, каде што во тој момент работел како стручен соработник. Од 1988 година е член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија каде што има остварено голем број активности (групни и самостојни изложби). Имал студиски престој во Лондон од 1979 до 1982 година. Живее во Скопје и работи како редовен професор на Факултетот за ликовни уметности.

Изложбата ке биде поставена до 15 август 2016 година.

_________________________________

no comments

Read more...

Разговори за уметноста  „Уметноста и религијата“

raspetie Zernovski Velimir

Една од овогодишните програмски заложби на Националната галерија на Македонија како институција од национален карактер е унапредувањето на комуникацијата со македонската ликовна публика и со уметниците за сите актуелни прашања од современата ликовна уметност кај нас и во светот.

Една од таквите нови форми на интензивирањето на оваа комуникација е разговорниот односно дебатниот проект едноставно насловен „Разговори за уметноста“, посветен на тековни настани од областа на ликовната уметност (не само) во Националната галерија.

Во таа насока, по повод изложбата „Христијанските мотиви во современата македонска ликовна уметност“ што неодамна беше отворена во објектот Чифте амам, Националната галерија на Македонија во рамките на проектот „Разговори за уметноста“ организира средба со дел од уметниците застапени на изложбата, на тема „Уметноста и религијата“.

Изложбата „Христијанските мотиви во современата македонска ликовна уметност“ е само повод да се поведе разговор не само за изложбата и темата „Уметноста и религијата“, туку и пошироко да се елаборираат аспектите на врските на религијата и уметноста денес, можните компаративни согледувања во однос на третманот на овој вид творештво во минатото и современоста, состојбите кај нас и во светот, можните релации на слободата на уметничкото изразување итн.

На разговорот, покрај дел од уметниците застапени на изложбата, поканети се и историчари на уметноста, критичари, студенти на ФЛУ и Теолошкиот факултет и други.

Разговорот ќе се одржи во објектот Чифте амам, на 26 мај (четврток), во 12 часот.

no comments

Read more...

„Христијанските мотиви во современата македонска ликовна уметност“ во Чифте амам

На 19 мај (четврток), во 12 часот, во објектот Чифте амам на Националната галерија на Македонија, ќе биде отворена изложбата „Христијанските мотиви во современата македонска ликовна уметност“.

Cover

Изложбата ретроспективно го елаборира присуството на религиозните односно христијанските теми / мотиви во современата македонска ликовна уметност од почетоците на дваесеттиот век (периодот на појавата на граѓанското сликарство) до денес. Изложбата се темели на фактот дека повеќе од два милениуми Христијанството е доминантната сила што ги обликува (не само) Европската култура и уметност! И тоа трае до денешен ден, иако не со истиот интензитет: некогаш спорадично, денес можеби не така очигледно, често метафорично и напати асоцијативно … но сепак религиозните мотиви, во случајов христијанските, се на еден или на друг начин присатни и во современата уметност.

Gligor Chemerski Oplakuvanje 1995

И македонската визуелна уметност не е исклучок во овој поглед. Поточно, македонската уметност има особени причини за чести навраќања кон религиозните односно христијанските теми и мотиви. Причини не само односно не исклучиво верски, туки и историски, па и уметнички: уште од појавата на првите ранохристијански симболи, христијанските теми и мотиви се неразделен дел на ранохристијанската, средновековната, модерната и секако современата македонска уметност. За поврзаноста со темата сведочат и најнови дела, не постари од година или две, презентирани на изложбата.

raspetie Zernovski Velimir

На изложбата се претставени педесетина дела од 25 македонски уметници од сите генерации, почнувајќи од Димитар Андонов Папрадишки, Ѓорѓи Зографски, Димо Тодоровски и Никола Мартиноски, потоа Димитар Кондовски, Владимир Георгиевски, Глигор Чемерски, Благоја Николовски, Данчо Кал’чев, Ванчо Јаков, како и автори од помладите генерации како Атанас Ботев, Златко Глигоров, Велимир Жерновски, Душица Стефановска и др.

Автор на изложбата е Златко Теодосиевски, виш кустос во Националната галерија.

P6016873

______________________________________

Фотографии од делата во простор.

no comments

Read more...

Изложба на хрватската уметничка двојка Кожул/Жижиќ

recurring landscapes

Отворање на самостојна изложба на уметничката двојка Кожул/Жижиќ од Загреб, Хрватска на 5.05.2016 година во 12.00 часот.

На 4-ти мај (среда) во објектот Чифте амам на Национална галерија на Македонија во 11 часот ќе се одржи прес на кој ќе присуствуваат и уметниците.

Куратори на проектот се Вања Жанко од Загреб и Ана Франговска од Македонија. Малку повеќе информации на линкот подолу, а повеќе на прес конференцијата. Ве очекуваме.

http://nomad.hr/projects/zizic-kozul-recurring-landscapes-national-gallery-of-macedonia-skopje

„Горди сме што имаме можност да ве поканиме на првото македонско самостојна презентирање на Жижиќ и Кожул, изложба која ќе се состои од неколку инсталации произведени наменски за просторот на Чифте амам , кои произлегуваат од неодамнешната работа и интереси на уметниците. Оваа изложба го истражува феноменот на подоброто претставување и генеричкото искуство, кои се од централно значење за трансформирање на менталниот приказ под влијание на глобалниот пазар и маркетинг индустријата.“

Кожул и Жижиќ изјавуваат: „Живееме во апсурден момент кој е творечки неодолив“, сосема апликативна изјава и на актуелното македонско време. Оттука сигурни сме дека оваа изложба ќе го привлече вниманието на македонската публика и со својот визуелен аутфит, а и со концепциската содржина.

http://www.nomad.hr/content/2-members/9-kristian-kozul/zizic-kozul_cv.pdf

_____________________________________________

 

 

no comments

Read more...

Во Чифте амам изложба под наслов “Наречи ме љубов”

По повод април, месец на лица со аутизам, со особена чест Ве информираме дека во среда 6.04.2016 год во 15 часот, во Националната галерија на Македонија во објектот Чифте амам ќе биде отворена изложбата под наслов “Наречи ме љубов”.

nareci me ljubov za deca so autizam
Изложбата беше реализирана во соработка со здружението ,,Во МОЈОТ СВЕТ,, ПОУ Д-р Златан Сремец- Скопје, Центарот за аутизам и Асоцијацијата ,,Ластовица,, во кои учество земаа повеќе од 50 тина дечиња со аутизам. Во таа насока беа реализирани неколку ликовни работилници,а малите уметници насликаа преубави уметнички творби. Изложбата ќе биде отворена 10 дена за посетителите.

Имајќи го во предвид значењето на оваа зложба,наша цел и идеа е подигнување на јавната свест и зголемување на одговорноста кон овие лица ,како и нивна инклузија во сите сегменти на нашето живеење.

no comments

Read more...

Изложба „Природа на универзумот“ на канадската авторка Жо Ан Ланвил

Jo Ann Lanneville 3

Во среда, 30. 03. 2016 година во 20 часот, во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам ќе биде отворена изложбата под наслов „Природа на универзумот“ на канадската авторка Жо Ан Ланвил.

Изложбата е организирана по предлог и во соработка со Канадската Амбасада од Белград, Република Србија. Изложбата ќе биде поставена 10 дена.

На изложбата ќе биде презентиран дел од творечкиот опус на канадската уметница Жо Ан Ланвил, која е мошне активен графичар. Таа е коосновач на Ателјето Прес Папие и Интернационалното Биенале за современа графика Троа – Ривириере. Имала повеќе од триесет самостојни изложби во Канада и во повеќе од десетина земји низ светот.

Jo Ann Lanneville 2

Исто така, добитник е на неколку награди во странство, а особено важна е Големата награда на Меѓународното биенале во Барат во Бопал, Индија, потоа наградата за најдобро графичко дело во Париз, и Почесната награда на Рексам – Меѓународното графичко биенале во Обединетото Кралство.

Изложбата „Природата на универзумот” е изложба на дела во која уметникот се обраќа на прашања за нарушувањето на еколошката рамнотежа, и им нуди на гледачите место за да се скријат и да не бидат сведоци на уништувањето на животната средина. Посетителите ќе имаат единствена можност да се запознаат со работата на оваа атипична уметничка преку три различни медиуми – графики, цртежи и објекти.

Jo Ann Lanneville 1

Соработката со Канадската амбасада преку овој проект продолжува и во иднина, а Националната галерија на Македонија и Министерството за култура, на овој начин ќе се вклучат активно во чествувањето на деновите на франкофонијата.

no comments

Read more...

Изложба на современата чешка уметност „Исклучок и правило“

Во рамките на Програмата на Националната галерија на Македонија, на 23 декември 2015 година, (среда) во 19,30 часот ќе се отвори изложба на современата чешка уметност со наслов „Правило и исклучок“, а на 24 декември, во 12.00 часот ќе се одржи предавање апропо изложбата од страна на кураторката Мариана Серанова. Настаните ќе се реализираат во објектот Чифте амам.

pravilo i isklucok

Уметници вклучени во изложбата се: Алеш Чермак (Aleš Čermák), Ева Јиржичка (Eva Jiřička), Ева Котјаткова (Eva Koťátková), Барбора Клеинхамплова (Barbora Kleinhamplová) и Тереза Стејскалова (Tereza Stejskalová), Вацлав Магид (Václav Magid), Маркета Магидова (Markéta Magidová) и Јан Феифер (Jan Pfeiffer), Јан Манчушка (Ján Mančuška), Слава Соботовичова (Sláva Sobotovičová), Роман Штетина (Roman Štětina), Адам Вачкар (Adam Vačkář) сите одлични претставници на чешката современа визуелна сцена.

Делата претставени на оваа изложба претставуваат само мала илустрација за перформативните пристапи кои често се применуваат во последниве неколку години, особено од страна на помладата генерација на чешки уметници. Популарноста на театарските средства на сцената на ликовната уметност уште позначително влијаат на практиката и теоријата, а актуелната дебата говори за влијанието на театарот, театралноста или кореографскиот аспект. Изборот, меѓу другото, прикажува одреден развој меѓу помладата генерација уметници од Чешка, кои се оддалечуваат од императивот на еманципиран учесник кој го создава делото, во корист на повеќе опфатени парчиња кои го апсорбираат набљудувачот или публиката. Форматот првенствено се состои од видео записи на изведени акции и перформанси, кои вклучуваат претходно одбрано сценарио. На изложбата има дела кои се создадени и документирани во разни автентични средини со помош на претставници на различни социјални групи и проекти во кои учествуваат професионални актери или изведувачи.

Насловот на изложбата, Исклучок и правило, е позајмен од истоимената „драма за учење“ од Бертолд Брехт (Die Ausnahme und die Regel), чии хипотези, особено во смисла на пристап кон гледачот, општествен ангажман на уметноста како агент на социјални промени и ослободување на обесправените класи, се во врска со „социјален пресврт” и едукативни трендови меѓу оние кои најмногу се спомнувани од авторите во последните две децении. Освен драми и идеи на сцена-теорија, Брехт, поради директната поврзаност со Валтер Бенјамин, што се гледа од 1920 година па наваму, не само од Школата во Франкфурт, а особено во доцните 50-ти и почетокот на 60-тите години, со своите ставови и пракса влијае врз многу генерации, како чешката авангарда меѓу војните и повоениот театар. Брехт и неговото критичкото читање сè уште може да има различна конотација на Исток и на Запад. Додека во западниот дискурс тој служел првенствено како еден од највлијателните извори за обраќање до активниот набљудувач во контекст на партиципативната и колаборативна уметност (на пример, К. Бишоп), веднаш по Втората светска војна неговиот концепт на епскиот театар на Истокот беше еден од столбовите на “реалната” идеја на театарската пракса.

Куратор на изложбата е Маријана Серанова, која овој проект го организира во соработка со Ана Франговска и истата ќе биде поставена до 3 јануари 2016 година.

no comments

Read more...