Одбележување на Меѓународниот ден на лица со посебни потреби со изложба

poster

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 1 ви декември 2017 година (петок), во 12 30 часот ќе се отвори изложбата „Каде и да одам, повторно тебе ти се враќам“.

Националната галерија на Македонија години наназад организира различни креативни работилници преку кои учениците развиваат сензибилитет за ликовно изразување, совладуваат нови ликовни техники, развиваат социјални вештини и создаваат многу нови пријателства.

Оваа година, учениците со оштетен слух и говор од училиштето ДУЦОР ,„Партенија Зографски,“ и учениците од СУГС ,„Јоспи Броз-Тито“ работеа на керамика. Изработените творби ќе бидат претставени на изложбата со наслов „Каде и да одам, повторно тебе ти се враќам“ по повод 3-ти декември, Меѓународен ден на лицата со посебни потреби.

​Проектот е реазизиран под менторство на Маја Димитрова, едукатор а изложбата ќе може да се погледа до 5-ти декември 2017 година.

no comments

Read more...

(По)трагите на водата – Акварелот од колекцијата на НГМ

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 7 мај 2015 година (четврток) во 13 часот, ќе се отвори изложбата со наслов (По)трагите на водата – Акварелот од колекцијата на Националната галерија на Македонија.

Jakup Hajro Motiv od Bitola

Во текот на долгогодишната дејност и постоење на Националната галерија на Македонија, галериската збирка се збогатува и со нови, современи дела, во значителен број од над 1700 дела. Акварелот како составен дел од Збирката на Националната галерија на Македонија, завзема значајно место.

Изложбата насловена (По)трагите на водата презентира избор на уметнички дела остварени во еден визуелен медиум – акварелот, со истакнат број уметници, опфаќајќи еден импресивен попис на повеќе генерации од различни поднебја со посебни уметнички сензибилитети.

Vangel Kodzoman Staro i novo Skopje

Меѓу авторите на акварелите застапени во колекцијата на Галеријата се претставници од најстарата генерација современи академски сликари од Македонија – Михајло Шојлев, Димитар Аврамовски Пандилов, Киро Караџа, Лазар Личеноски, Вангел Коџоман, Љубомир Белогаски, Василие Поповиќ – Цицо, како и одредени познати имиња (врвни мајстори) од соседните држави (кои покрај сликарството работеле и акварели) – Томислав Кризман, Јован Бјелиќ, Коста Хакман, Петар Лубарда, Предраг Милосављевиќ – Пеѓа, Никола Славин.

Регистарот на акварелното сликарство, продолжува со создадени дела од авторите – Лена Стефанова, Ејуп Умер, Богољуб Ивковиќ, кои во својот творечки опус периодично или експериментално работеле акварел, или пак, негова имплементација во делото (цртеж во комбинирана техника со акварел, гваш) – Симон Шемов, Владимир Георгиевски, Станко Ѓорѓиев, додека некои од уметниците се најпрепознатливи во своето творештво во акварелната техника – Никола Бутров, Илија Кавкалески- Кавкале, Теофил Шулајковски-Тофе, Јакуп Хајро.

Pandilov vrshidba

На изложбата ќе бидат презентирани над 60тина ликовни дела, дел од нив за првпат се изложуваат пред јавноста.

Куратор на изложбата е Елена Георгиевска, кустос во Националната галерија на Македонија.

no comments

Read more...