Годишна изложба на основни училишта – „Мазев и јас“

mazev i jas (1)

Во Националната галерија на Македонија, објект Даут пашин амам, на 19-ти декември 2017 година (вторник), во 12:30 часот ќе се отвори Годишната изложба на основни училишта со наслов „Мазев и јас“.

Веќе два месеци наназад Даут пашиниот амам е центар на интерес на љубителите на ликовната уметност со тековната изложба „Петар Мазев, 90 години од раѓање“. Овој проект кој го презентира делото на бардот на македонската модера и постмодерна беше вклучен во едукативната програма на Националната галерија на Македонија. Беа одржани работилници во кои учество земаа ученици од основните училишта од Скопје.

Младите креативци најнапред имаа можност да ја разгледаат изложба на Петар Мазев, а на ликовните работилници, црпејќи инспирација од неговото творештво, создаваа уметност совладувајки ги првите чекори на сликарските техники. Создадоа необични и оригинални творби кои носат заеднички потпис „,Мазев и јас“.

Националната галерија на Македонија покрај димензијата на општествено одговорна институција од областа на музејско-галеријска дејност, гради и социјална одговорност. Годишната изложба на основните училишта која ќе биде отворена на 19-ти декември ќе има хуманитарна димензија. На секој донатор ќе подариме уметничко дело од оваа изложба, а со донираните средствата ќе обезбедиме сликарски прибор за другарчињата со оштетен слух и говор, штитеници на ДУЦОР „Партенија Зографски“ од Скопје.

Едукаторот Маја Димитрова информира дека изложбата ќе биде поставена до крајот на годината.

Во пресрет на празниците додаваме малку уметност за поубаво расположение.

no comments

Read more...

Изложба на Мифтар Мемети во Чифте амам

Во вторник, 1-ви ноември во 19 часот во Чифте амам, Скопје ќе имате можност да присуствувате на отварањето на самостојната изложба на Мифтар Мемети.

miftar memeti plakat

На отворањето на изложбата со пригодна реч ќе се обратат директорот на Националната галерија на Македонија д-р Дита Старова Ќерими, господинот Фатмир Сулејмани декан на Филолошкиот факултет на Тетовскиот Универзитет воедно и близок пријател на авторот од детството и познатиот академски ликовен уметник и професор, господинот Решат Амети.

Сликарството на маестро Мифтар Мемети е емоционална претстава, блискот до луѓето со убедливост за фактичкото. Сликар кој дава предност на чувството на емоционалната природа, која понатака се развива за време на сликарскиот процес, што ќе рече дека сликата е таа која ја доближува до своите замисли следејќи ги неговте емоции и интелектуален предизвик. Неговите дела се резултат на драматичен настан, односно, тоа се слики на настани.

Уметникот кој од бојата прави уметност

Реинтерпретирање на заробени моменти, мигови од детството, енграми за атмосферата во домот и во грижливо негуваниот цветен двор…експресии, ликовни записи на моменти дури и продолжување и развој на мислата. Сведоштва за времето, носталгија пропратена со топлина во душата, впечатоци за поминатото детство, време во кое поминале најубавите и најсреќни детски денови. Сликарство кое со право може да се сврсти во групата на сликари-хроничари на времето и покрај силно акцентираната експресија со плохи и лирски нагласки.

Мифтар Мемети прави ликовни напори да ја запре минливоста на времето; со нежен лиризам ни ги препорачува старите прозори, врати, куќната порта, клупата и камењата во дворот кој одамна ја отслужиле својата намена под старата црешa а сега стојат како траен спомен, неминливост, вечност. Амбиентот сега и просторно и временски е дефиниран. Сликарот успеал успешно да ни ја долови и атмосферата на древноста и хармонијата која владеела во домашна градина. Засведоченост на едно одминато време, ликовна уметност со која уметникот не воведува во убавина во која се насетуваат нежни допири и рефлексии од исконот, од патината на времето. Мифтар Мемети со својата ликовна дарба создал возбудлива поетика во која ги споил времињата во вечност. Неговата уметност е со јасен и личен творечки сензибилитет со емотивна комуникација, што впрочем е негов најзначаен белег.

Тој е создавател на исконска убавина без да измислува ами ликовно да пресоздава природа, а емпириските нешта ја добиваат вистинската вредност. Делата на Мифтар Мемети се вистинска експресивно-лирска проповед, носталгичен бран од минатото.

Сликарството на маестро Мифтар Мемети е емоционална претстава, блискот до луѓето со убедливост за фактичкото. Сликар кој дава предност на чувството на емоционалната природа, која понатака се развива за време на сликарскиот процес, што ќе рече дека сликата е таа која ја доближува до своите замисли следејќи ги неговте емоции и интелектуален предизвик.

Неговите дела се резултат на драматичен настан, односно, тоа се слики на настани.

Љупчо Маленков

Изложбата ќе може да се погледне до 14-ти ноември.

no comments

Read more...