Ретроспективна изложба на Драган Попоски – Дада

Националната галерија на Македонија, во рамките на одбележувањето на 70 годишнината од своето основање, ја најавува ретроспективната изложба на македонскиот скулптор Драган Попоски Дада. Изложбата ќе биде отворена на 24 октомври во 20 часот, во објектот Даут пашин амам. Драган Попоски Дада е роден во Прилеп 1933 година. Академија за ликовни уметности (1961) и постдипломски студии (1964) завршил во Белград, во класата на проф. Јован Кратохвил. Работел како професор на Факултетот за ликовни уметности во […]