Silentio Pathologia пред Венециската публика

Македонскиот павилјон на 55 Венециско биенале имаеше одлично отворање, проектот Silentio Pathologia на Елпида Хаџи Василева предизвика неверојатен интерес кај публиката. На отворањето имавме повече од 200 гости, меѓу кои во најголем број галеристи, куратори, уметници, претставници на фондации, директори на музеи, делегации и слично. Моќниот проект, неговата комплексност и интригантност, одличната локација на нашиот павилјон, добрата маркетингшка покриеност сето заедно придонесоа да во изминативе 4 дена имаме над 1000 посетители. И како што истакна […]

Националната галерија утре го отвара македонскиот павилјон во Венеција

Најнови информации за активностите на Македонскиот павилјон на 55. Венециско биенале. Инсталацијата на Елпида Хаџи-Василева успешно се постави во понеделникот. Општ впечаток на тимот на Национална галерија на Македонија е дека целината изгледа одлично, ја поседува трансцеденталноста, магијата, изненадувањето, шокот што сите го очекувавме. И уметникот, кураторот, комесарот се презадоволни од самото дело, а за неговата интригантност говори и бројот на посетители. Во првите два дена на preview-то, македонскиот павилјон го посетија над 300 посетители, […]

Најава за македонскиот павилјон на Венециското биенале

Добредојдовте во Националната галерија на Македонија на прес-конференцијата по повод најавата за отворањето на македонскиот павилјон и промоција на проектот Silentio Pathologia на Елпида Хаџи-Василева, како наш национален претставник на 55-то Венециско биенале. Имено ја користиме оваа прилика за да ве информираме дека делото е успешно завршено и дека утре треба да пристигне во Венеција, за да отпочне неговото инсталирање во просторот на Scuola dei Laneri. Се очекува инсталирањето на трае 10 дена, заради комплексноста […]