Изложба „Мустаќлии“ во Мала станица

Изложбата ќе се отвори на 14 ноември, со почеток во 20 часот, во Мала станица… Во пресрет на месецот ноември, или во контекст на месецот на подигнување на свеста за машкото здравје и глобалната кампања на пуштање на мустаќи кај мажите – Movember, Националната галерија ја организира изложбата насловена „Мустаќлии“ на дела од нејзината богата колекција. Имено, оваа изложба е првото издание на проектот „Од поинаков дискурс“ кој има за цел да вклучи интелектуалци чија […]

Меморандум за соработка помеѓу НГМ и Национална галерија на Косово

Вчера, на 22.02.2016 година беше реализиран работен состанок помеѓу директорката на Националната галерија на Македонија, д-р Дита Старова Ќерими и в.д. директорот на Националната галерија на Косово, г-динот Зени Балажи. На средбата беше потпишан меморандум за соработка помеѓу овие две сродни институции од регионот. Со овој чин се официјализираше соработката која ќе се одвива на неколку различни нивоа, како: реципрочна размена на квалитетни уметнички содржини, индивидуални уметнички проекти, концепциски изложби, споделување на вредни гостувачки меѓународни […]

Изложба на Славчо Соколовски “Моето име е емигрант”

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 15 мај 2015 година (петок), во 19.30 часот, ќе се отвори изложба на Славчо Соколовски со наслов Моето име е емигрант. „… Првично, по преселувањето во Америка во 2000 година, Славчо Соколовски продолжува со создавањето уметнички објекти, користејќи слични видови материјал (како во неговото дотогашно творештво – н.з.), кои ги пронаоѓа низ улиците на Бостон и Кембриџ, Масачусетс. Животот во Америка се случува на улица и […]

Ретроспективна изложба на Вељо Ташовски во Даут пашин амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Даут пашин амам, на 4 декември 2014 година (четврток), во 20 часот, ќе се отвори ретроспективна изложба на Вељо Ташовски. Ретроспективната изложба На Вељо Ташовски претставува пресек на целокупното творештво на авторот, опфаќајќи ги сите периоди во неговото творештво. Станува збор за повеќе слики во комбинирана техника. Ликовниот дискурс на Ташовски се реализира во просторот меѓу илузијата и симулацијата. При тоа авторот се откажува од илузијата во нејзината класична […]

Монографија за донациите во културата од Амбасадорскиот фонд на САД

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје вчера ја промовираше монографијата „Зачувување и заштита“, во која се претставени реализираните проекти од културното наследство во Македонија, Албанија, Косово и во Црна Гора, заштитени и обновени со грантови од Амбасадорскиот фонд, од 2001 до 2012 година … Од Амбасадорскиот фонд на САД во Македонија се инвестирани повеќе од 1 милион долари во 11 проекти за зачувување, реставрација и конзервација: Јавна зграда – Стоа на локалитетот Вардарски рид […]

Отворена јубилејната изложба на Никола Мартиноски во Даут пашин амам

Во Даутпашиниот амам, во вторникот (22 октомври) во присуство на бројни гости и почитувачи на уметноста, беше отворена голема изложба на основоположникот на македонската современа уметност, Никола Мартиноски. Изложбата се организира по повод 110 години од раѓањето и 40 години од смртта на големиот мајстор, презентирани се 50 дела во масло на платно, стакло и картон и 20 цртежи, а како дел од оваа изложба македонската јавност за прв пат може да ги види двостраната […]

„Тишина“ на Зоран Тодовиќ во Чифте амам (поставка)

Уметникот Зоран Тодовиќ се претстави со проектот „Тишина“, кој е во целост замислен и инспириран од импозантниот објект Чифте амам, поточно се состои од повеќе инсталации специјално осмислени за овој простор. Промислувајќи ја елементарната намена за прочистувањето на мажите, како и на жените, изложбата зборува за чистењето на телото, но и чистењето на духот. Одредени елементи на проектот ја истакнуваат длабоката поврзаност на новонастанатото дело, локалната историја и богатството кое се негува и чува во […]