Изложба „Дела од словенечки, хрватски, српски, црногорски и босански автори“

Изложбата „Дела од словенечки, хрватски, српски, црногорски, босанско и херцеговски автори“ од колекцијата на Националната галерија на Македонија се одржува во рамките на одбележувањето на јубилејот „Седумдесет години Национална Галерија на Македонија”. Изложените дела припаѓаат на таканаречената „Југословенска збирка” чија историја е тесно поврзана со историјата на Националната Галерија. Збирката е создадена во првите години од основањето на галеријата. Временскиот период на создавање на делата се движи од почетокот на XIX кон средината на XX […]