Монографија за донациите во културата од Амбасадорскиот фонд на САД

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје вчера ја промовираше монографијата „Зачувување и заштита“, во која се претставени реализираните проекти од културното наследство во Македонија, Албанија, Косово и во Црна Гора, заштитени и обновени со грантови од Амбасадорскиот фонд, од 2001 до 2012 година … Од Амбасадорскиот фонд на САД во Македонија се инвестирани повеќе од 1 милион долари во 11 проекти за зачувување, реставрација и конзервација: Јавна зграда – Стоа на локалитетот Вардарски рид […]

„Копнеж по реалното“ изложба на современи австриски уметници (Фото)

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, во средата (10 јули 2013 година) се отвори изложбата Копнеж по реалното, изложба на современи австриски уметници. Изложбата свеченото ја отвори г-а Халиде Палоши, директор на Национална галерија на Македонија, Карин Цимер, куратор на проектот, Ханспетер Хубер, помошник министер во сојузното Министерство за образование, уметност и култура на Р. Австрија и Елизабета Канческа-Милевска, министер за култура на Р. Македонија.  

Изложба на современи австриски уметници вечерва во Чифте амам

Почитувани, Ве известуваме дека во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 10 јули 2013 година (среда) во 20 часот ќе се отвори изложбата Копнеж по реалното, изложба на современи австриски уметници. Изложбата ќе се отвори во среда, 10 јули, во 20.00 часот, во нашиот објект Чифте амам, а на свеченото отворање ќе говорат г-а Халиде Палоши, директор на Национална галерија на Македонија, Карин Цимер, куратор на проектот, Ханспетер Хубер, помошник министер во сојузното […]