Костадин Танчев Динка – ретроспективно/монографската изложбa

На 24.04.2019 година во 20.30 часот во објектот Даут Пашин амам ќе биде отворена ретроспективно – монографската изложба на Костадин Танчев Динка. На изложбата ќе бидат изложени негови дела од областа на графичката уметност, сликарството и графичкиот дизајн кои прават пресек на неговото повеќедецениско творештво. Костадин Танчев Динка во текот на својот повеќедецениски плоден творечки век остави значаен белег како ликовен автор и како ликовен дизајнер. На полето на применетата графика се смета за водечки […]

„Костадин Танчев-Динка – Од слика и графика до нови медиуми”

На 17 април 2019 година (среда) , со почеток во 12 часот, во објектот Даут пашин амам ќе биде одржана промоција на монографското издание посветено на творештвото на Костадин Танчев – Динка. Изданието под наслов „Костадин Танчев-Динка – Од слика и графика до нови медиуми” содржи повеќе текстови од следните автори: проф. д-р Владимир Величковски (авторски текст за творештвото на Костадин Танчев – Динка), проф. д-р Тони Васиќ (текст за најновиот проект – Интегрални графики […]