„Парче од себе“ – Инклузивен проект по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби
За одбележувањето на Меѓународниот ден посветен на лица со попреченост, Националната галерија својата општествена одговорност во насока на подигнување на личната и колективната свест за поддршка на ранливите категории традиционално ја реализира со инклузивна програма. Оваа година се одржа работилница во техника – мозаик, под наслов „Парче од себе“. Завршните работи од работилницата ќе бидат прикажани на изложба која ќе биде отворена на 15 декември 2023 во 13ч, во мултимедијалниот центар Мала станица. На отворањето […]
Во Чифте амам изложба под наслов “Наречи ме љубов”
По повод април, месец на лица со аутизам, со особена чест Ве информираме дека во среда 6.04.2016 год во 15 часот, во Националната галерија на Македонија во објектот Чифте амам ќе биде отворена изложбата под наслов “Наречи ме љубов”. Изложбата беше реализирана во соработка со здружението ,,Во МОЈОТ СВЕТ,, ПОУ Д-р Златан Сремец- Скопје, Центарот за аутизам и Асоцијацијата ,,Ластовица,, во кои учество земаа повеќе од 50 тина дечиња со аутизам. Во таа насока беа […]
Изложба на дела од детската ликовна работилница „Детска радост“
Во Националната галерија на Македонија, објектот Чифте амам во првата половина на месец декември во рамките на програмските активности на едукативното одделение беше организирана креативна ликовна работилница инспирирана од делата на нашата позната уметница Жанета Гелевска под наслов „Детска радост“. Изложбата на Жанета Гелевска наративно ги преставува најважните вредности во животот како и во уметноста. При тоа авторката емитува уметност на радост, на животот и создава дела кои приближени на човечкиот амбиент создаваат потреба од дружење […]
Годишна изложба на основните училишта во Чифте амам
Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 8 мај 2015 година (петок) во 13 часот ќе се отвори Годишна изложба на основните училишта од градот Скопје. Во соработка со ликовните педагози од основните училишта, учениците работеа дела на конкретна тема – акварел, и на изложбата ќе бидат изложени најкреативните и најинтересните дела од младите уметници во завршна изложба со дела изработени во акварелна техника. Изложбата е со натреварувачки карактер за да се зголеми […]
„Магијата на Монмартр“ во Мала станица (отворање и поставка)
Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 15 ноември 2013 година се отвори изложбата Магијата на Монмартр – Битола 2013. Фестивалот „Мал битолски Монмартр“ на кој учествуваат најдобрите училишта што ги одредува меѓународно стручно жири, секоја година се одржува низ улиците на Битола, а творештвото на најмладите се изведува на отворен простор низ Старата битолска чаршија. Оваа светски препознатлива манифестација за деца од предшколска и школска возраст претставува исклучителна можност да биде презентирана […]
Изложбата „Магијата на Монмартр“ во Мала станица
Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 15 ноември 2013 година (петок), во 13:00 часот ќе се отвори изложбата Магијата на Монмартр – Битола 2013. Фестивалот „Мал битолски Монмартр“ на кој учествуваат најдобрите училишта што ги одредува меѓународно стручно жири, секоја година се одржува низ улиците на Битола, а творештвото на најмладите се изведува на отворен простор низ Старата битолска чаршија. Оваа светски препознатлива манифестација за деца од предшколска и школска возраст претставува […]