Изложба на млади косовски уметници во Скопје

Изложбата ќе биде отворена на 6 април во објектот Мала станица и ќе трае до 25 април…

 ap2016

Националната галерија на Македонија (НГМ) ќе биде домаќин на Националната галерија на Косово која ќе претстави концептуален проект насловен „АР 2016 / Young Art“ на пет млади косовски уметници кои биле финалисти на натпревар.

Учесници на изложбата се авторите: Луан Бајрактари, Јетула Сулејмани, Бујар Сулејмани, Агрон Блакчори и колективот „Have It“ кој на задутрешното отворање на изложбата ќе има перформанс.

Директорката на Националната галерија на Косово Арта Агани денеска на прес-конференција рече дека „АР 2016 / Young Art“ е нов проект кој им овозможува на младите уметници да ги изразат своите ставови преку уметноста.

– За да имаат изложба, уметниците во Косово треба да имаат искуства со други изложби што, според нас, е аномалија. Затоа одлучивме преку оваа изложба да им овозможиме на младите да имаат своја изложба, без разлика дали имале или немале искуство претходно. Натпреварот ги опфати сите заинтересирани уметници до 40 години. Со тоа ги стимулиравме младите уметници и им отворивме можности за меѓународни претставувања, рече Агани.

Посочи и дека важноста на овој проект е и во соработката меѓу Македонија и Косово бидејќи, како што рече, не сме само географски блиску, туку и од аспект на културата, и ова ќе овозможи меѓусебно запознавање.

Кустосот на проектот „АР 2016 / Young Art“ Мехмет Бехлули рече дека се работи за доста сложена изложба која е една од најзначајните кои се случиле во Косово.

– Како професор на Факултетот за ликовна уметност во Косово имам контакт со младите секојдневно. Ние ги стимулираме младите да создаваат современа уметност базирана на традицијата. Ќе имате можност да видите и форми и изрази кои не се традиционални, меѓутоа се слични со уметноста во светот, рече Бехлули.

Кустосот во НГМ Ана Франговска истакна дека уметничката сцена во Косово има млади автори со европски ликовен израз, едуцирани надвор од Балканот кои, како што рече, се вклучени во создавањето на косовската културна стратегија.

Директорката на НГМ Дита Старова-Ќерими истакна дека изложбата на најдобрите уметници во Косово во 2016 година е и прва размена меѓу националните галерии на двете земји.

НГМ на Македонија ќе го возврати гостувањето во ноември, со патувачката изложба „Есенција на егзистенција“ подготвена од кустосите на НГМ Горанчо Ѓорѓиевски, Маја Чанкуловска-Михајловска и Ана Франговска.

_______________________________________________


Вчеравечер, во мултимедијалниот центар Мала станица се отвори изложбата „Young Art Kosovo 2016“, во организација на Националната галерија на Косово, како зародишен проект на официјализирањето на соработката помеѓу нашите институции – Националните галерии на Косово и Македонија. Инаугурацијата на изложбата беше во уметнички дух, со перформансот „Испитување“ на групата HAVEIT, чиј настап во согласност со нивниот феминистички пристап, беше провокативен, директен, брутално реален и во согласност со нивниот дискурс насочен против патријархалниот балкански родов систем на вредности.


Потоа следеше кратко интро за сите учесници на изложбата, по што се обрати еден од кураторите на проектот Мехмет Белули, елаборирајќи го самиот проект и Ана Франговска, како претставник на Националната галерија на Македонија, која проговори за сродноста помеѓу косовската и македонската ликовна сцена денес и ги најави идните реципрочни проекти со Националната галерија на Косово.

 



Изложбата беше посетена од бројна публика, меѓу кои беа високи претставници на Министерството за култура на Р. Македонија, претставници на дипломатскиот кор, академици, директори на јавни институции, професионалци од областа на ликовната уметност и други љубители на визуелната сцена, а сите мошне заинтересирано и со особено внимание го проследија отворањето и ги разгледаа делата на учесниците на изложбата: Агрон Блакчори, Бујар Сулејмани, Колективот HAVEIT, Јетула Сулејмани и Луан Бајрактари.

 


Заложбите на директорките на двете институции: д-р Дита Старова Ќерими – директор на Националната галерија на Македонија и Арта Буњаку Агани – директор на Националната галерија на Косово, за материјализација на соработката вродија со првиот плод во форма на оваа изложба, а повратен македонски проект е договорен за месец ноември, станува збор за патувачката изложба „Есенција на егизстенција“ на кураторите од Националната галерија на Македонија Маја Чанкуловска Михајловска, Горанчо Ѓорѓиевски и Ана Франговска, која треба да биде презентирана на косовската публика во Националната галерија на Косово.

no comments

Read more...

Групна изложба “Конекција 2” во Мала станица

Во Националната галерија на Македонија, на 1 декември 2016 година (четврток), со почеток од 19:30 часот ќе биде отворена групната изложба “Конекција 2”.

konekcija-2

На оваа изложба со свои ликовни дела ќе се претстават авторите кои се од различни градови на Македонија: Зоран Мише (Охрид), Павел Целкоски (Охрид), Горан Тричковски (Делчево), Перица Георгиев (Скопје), Марјан Ѕин (Струмица), Иво Пецов (Виница), Слободан Милошески (Скопје), Маријана Иванова (Виница), Јана Луловска (Скопје) и Јовица Миленов (Делчево). Изложбата вклучува дела од различни ликовни области – графика, сликарство, вајарство, плакат и фотографија.

Да се биде дел од современото културно живеење, значи да се биде дел од едно ново глобално поврзување и комуницирање, предизвикано пред се’ од развојот на новите технологии и начини за комуницирање. Да се биде поврзан, да се биде “конектиран и онлајн” денес е неопходен услов да се биде видлив, препознаен, успешен. Во сите области на културата и уметноста, во ликовните уметности посебно, поврзувањето, вмрежувањето, вештината на комуницирањето е подеднакво важна, колку што е важно делото на авторот, неговата содржина и порака. На светот и човештвото воопшто, никогаш поважна и поургентна не му била нужноста, од поврзувањето и културното комуницирање на автори и творци од културата, кои културата ја разбираат како благородна и најдобра мисија за креирање на подобар живот. Една од најважните димензии од дефинициите за културата и уметноста е токму оваа, тие заедно можат да го менуваат и светот и векот, кон подобро.

Концептот “Конекција 2” се појави со иницијативата на директорот на Културно-информативниот центар на Р. Македонија во Софија, Васко Шутаров и наиде на позитивен прием од ликовните уметници кои се наоѓаа во Софија и изразија спремност да соработуваат со нашиот културен Центар. Беа претставени повеќе групни изложби во различен авторски состав во бугарските градови: Велико Трново, Благоевград, Русе, Пловдив, Стара Загора, Созопол, Харманли и во Софија.

Со изложбата во Мала станица, групата автори од “Конекција 2” кои живеат, работат или студираат во Софија се претставуват пред домашната публика, за да ги зацврстат и продлабoчат своите контакти со колегите и публиката во Скопје.

no comments

Read more...

“Земна и небесна екстаза” во Мала станица

Националната галерија на Македонија, Музејот на град Скопје и Асоцијацијата за култура ИКОН со промоција на книга и отворање на изложба под наслов ЗЕМНА И НЕБЕСНА ЕКСТАЗА, светска љубовна поезија и сликарство на 15-ти април, Светски ден на уметноста.

mal stanica logo vlez

Автори – учесници на изложбата се Васко Ташковски, Владимир Георгиевски, Павле Кузмановски, Ниче Василев, Симон Шемов, Доне Милјановски, Петар Попчев, Стефан Хаџи-Николов, Новица Трајковски, Маријета Сидовски, Гоце Божурски, Решат Амети, Илија Спасовски-Чендо, Бук Митевски, Симонида Филипова-Китановска и Бернхар Холеман.

Инспирацијата учесниците ја црпена од антологискиот избор на поезијата на Соломон, Лермонтов, Хајне, Блок, Верлен, Лорка, Кович, Ацо Шопов и Анте Поповски.

Отворање на изложбата во објектот Мала станица во 20:30 часот.

no comments

Read more...

Изложба на уметнички дела и скулптури од галериски формат

Изложба на уметнички дела и скулптури од областа на визуелните уметности откупени на Конкурсот на Министерството за култура…

izlozba mala stanica otkup

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица во вторник, 29.03.2016 во 12 часот ке биде отворена изложба на уметнички дела и скулптури од галериски формат од областа на визуелните уметности, откупени на Конкурсот на Министерството за култура во 2015 година.

Изложбата ке трае од 29.03. – 06.04.2016

________________________

Поставка…

no comments

Read more...

Looking At Nothing (Desire In The Future) во Мала станица

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица на 23-ти ноември 2015 година (понеделник), во 20 часот ќе се отвори изложба со наслов Looking At Nothing (Desire In The Future) …

looking at nothing 2

Looking At Nothing – Desire In The Future
Меѓународната групна изложба Looking At Nothing (Desire In The Future) е поставка реализирана со цел во еден простор да се презентираат видео остварувања на автори од нашиот регион кои интензивно и фокусирано се бават со аудиовизуелното, со моќта на визуелните култури и медиуми и нивните влијанија, односно со „видеото како можност за преиспитување и критика на своето битие“ – Розалинд Краус (Rosalind Krauss).

Самата изложба се состои од дела на уметници кои по својот визуелен, естетски, поетски и ликовен јазик и културен сензибилитет имаат блиски или слични „склоности“ во однос на „видео сликата“, односно во бележењето на одредени состојби и перцепции од самата физичка/креативна стварност и нивно претворање во визуелни „немости“ и кадрирани „тишини“ на самите нешта…

Изложбата Looking At Nothing (Desire In The Future) ја сочинуваат дела од авторите Ана Адамовиќ (Србија), Taња Деман (Хрватска), Мирна Арсовска (Македонија), Давор Санвинценти (Хрватска), Горан Шкофиќ (Хрватска), Тихомир Топузовски (Македонија), Владимир Николиќ (Србија), Марко Марковиќ (Хрватска) и Александар Спасоски (Македонија).

Куратор на изложбата е историчарот на уметност Дејан Буѓевац.

looking at nothing

Во прашање се мултимедиумски автори од регионот, со значајна творечка активност и препознатливост на меѓународната уметничка сцена во последната деценија, кои најчесто своите концепти и конструкции ги реализираат преку медиумите како што се филм, звучни и видео проекции, фотографија, видео инсталации и аудиовизуелни перфоманси.

Овие автори креираат естетизирани „состојби“, „движења“, „слики“ и „кадри“, надвор од вообичаениот и доминантен третман на визуелниот јазик, кој што најчесто е исполнет со психосоцијални секвенци и информативни содржини и пораки од коишто гледачот на прагматичен и мошне агресивен начин треба да бида релаксирачки „вознемирен“.
Сите видеа на изложбата се „испразнети“ од нивните оригинални звучни содржини и претставуваат „чисти“ подвижни слики и визуелни обликувања и промислувања, во кои гледачот може да се препушти на нивните, понекогаш заводливи вибрирачки површини.

Во прашање се дела во коишто се допираат и преплетуваат личното(семејното) сеќавање, амбиенталната поетика на повторувањето која до крајна можност ја банализира идејата за „тематски почеток и крај“ на делото, статичната тишина на видео сликата, суптилната естетика на „неважното“ која бара активирање на повеќе сетила… Се работи за тактилни и бавни „анахрони“ бележења, кои независно од идеите и концептите на авторите, на моменти делуваат како естетизации на „некои минати и исцрпени времиња, кои можеби и не се случиле и кои треба да се случат“.

Овие уметници во своите видеа се занимаваат со оној остаток/недостиг/вишок, кој не освојува, кој не фасцинира, кој не драматизира и не претендира, туку овозможува една поинаква „забавеност“ на стварноста и минливоста на нештата? Едно поинакво промислување, кое не е ниту носталгично, ниту толкувачко, туку е поинаков временски-просторен пристап наспроти хистеричниот проток на времето, коешто денес се` повеќе се поврзува исклучиво за поимот на брзината. На тој начин, овие дела ни овозможуваат можност за едно поинакво разбирање на визуелниот простор и на она што се случува околу нас.

Изложбата ќе биде поставена до 27-ми ноември 2015 година.

no comments

Read more...

Изложбата „Utopia = Good Place or No Place“ во Мала станица

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица на 20 октомври 2015 година, (вторник), во 20 часот ќе се отвори изложба со наслов „Utopia = Good Place or No Place“ на групата БАУМ: Маурин Бахаус – Холандија, Фелипе Кастелбланко – САД/ Велика Британија, Алесандро Фонте – Италија, Шанет По – Полска/Германија, Јетон Муја – Косово, Нино Ломадзе – Грузија и гости на БАУМ од Македонија: Игор Сековски и Ѓорѓе Јовановиќ.

Utopija Alessandro Fonte i Swanette Poe1

Овој проект цели кон делумно разобличување на оваа толку генерална тематика – Утопија, особено во денешните нео-либералистички или квази нео-либерализстички општества таа има за цел да допре или иницира повеќе дискурси, меѓу кои:

Утопија, не мора да се однесува “’не’ место”, кое не тера критички да се обраќаме на нашата сегашност, но таа исто така може да има врска со префигуративното “добро место”, кое нуди алтернатива на нашата сегашност.

Утопијата како начин на размислување не инспирира да се одмориме од реалноста и да размислуваме подалеку од она што е веќе постоечко. “Утописки” уметнички дела не мора да бараат од нас да ги преземеме нивните идеи во буквална смисла. Туку нивната цел е да го извличат моментот на рефлексија и внатрешно испрашување за тоа “до каде може да функционира предлогот за уметност?”, “како се споредува со светот во кој живееме.” … итн

Додека нашата изложба е во галеријата, таа ќе биде место за уметноста, образованието, живот и утопија која некако го критикува своето општество, но и го преиначува тоа општеството во уметничко дело, во утопија.

Друга корист на нашата мултикултурна група во однос на прашањата за утопијата и уметноста е давање на некои предлози за можни одговори на аспектите за тоа како луѓето живеат во различни општества, мислат, дејствуваат и да се размислуваат.

Изложбата се состои од мултимедијални проекти, меѓу кои видео инсталации, инсталации, site specific објекти, дигитални принтови и перформанси. Куратор на проектот е Ана Франговска. Изложбата ќе биде поставена до 5 ноември 2015 година.

__________________________________________________

no comments

Read more...

Изложба на Јасмина Новковска во Мала станица

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 3 октомври 2015 година (сабота), во 20 часот ќе се отвори изложба на Јасминка Новковска со наслов Во кој свет живееме?.

jasmina novkovska pokana

На изложбата ќе бидат изложени стотина дела и е психолошко и психијатриско истражување. Делата се поделени во неколку циклуси:

1. Филмска уметност

(,,Психо“, ,,Птици“, ,,Лудило“)

2. Портрети на многу душевно болни луѓе

3. Портрети на многу луди луѓе

4. Луѓе од вселената, луѓе-инсекти

5. Човек – луѓе – животни – праисториски животни

6. Борба на змеј со животно – душевно болни и луди луѓе

7. Портрети на познати уметници,(Ван Гог, Фрида Кало, Енди Ворхол, Анри Матис, Пол Гоген, Салвадор Дали, Френсис Бејкон, Жан Мишел Баскијат, Кеит Харинг, Рене Магрит, Пикасо, Едвард Мунх, Пол Кле).

8. Два автопортрета

9. Пoртрети на најноторни убијци – сериски убијци на сите времиња, (Денис Радер, Андреј Чикатило, Ричард Трентон Чеис, Аилин Вурнос, Хенри Ли Лукас, Ед Геин, Гери Рајвеј, Тед Банди, Џон Вeин Гејси, Џефри Дамер)

Изложбата е во состав на манифестацијата Бели ноќи. Кустос на изложбата е Љупчо Маленков.

________________________________________________________________

no comments

Read more...

Изложба по повод Меѓународниот ден на лица со посебни потреби

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 2 декември 2014 година (вторник) во 13 часот ќе се отвори изложба по повод Меѓународниот ден на лица со посебни потреби, со наслов Сите сме еднакви.

site sme ednakvi

Во таа насока Националната галерија на Македонија преку изложбата ,,Сите сме еднакви,, го одбележува Меѓународениот ден на лицата со посебни потреби каде е преставено творештвото на учениците од неколку училишта. Тие на најискрен начин ни ги испраќаат основните вредности на животот со бесконечно многу љубов. Имајќи го во предвид значењето на оваа изложба ни претставува особена чест и задоволство истата да биде презентирана пред пошироката јавност и поттик за подобар третман на лицата со посебни потреби.

_______________________________

Фотографии од отворањето на изложбата во Мала станица.

 

no comments

Read more...

„Траги“ самостојна изложба на Михаела Јовановска

На 6 ноември 2014 година (четврток), со почеток во 20 часот, во НУ Национална галерија на Македонија, во објектот Мала станица, ќе биде претставена самостојната изложба на Михаела Јовановска под наслов „Траги“.

mia jovanovska

Изложбата под наслов „Траги“ на Јовановска, формално може да се дефинира како амбиентална инсталација составена од повеќе сегменти, во која позиционираноста на делата во просторот провоцираат посакувана непосредна интеракција со набљудувачот. Од круцијален интерес за Јовановска е човекот и неговата мисла, физичката минливост во времето и просторот и емоционалната фрагилност, трансферирани симболично во реализацијата на делото преку материјалот со сите негови специфики (плексиглас и транспарентна безбојна фолија кои нудат проѕирност и цврстина) и постапките на изработка кои ги користи (сечење, боење со безбојна и бела боја, врежана линеарност/мекост).

Целосно транспарентните човечки фигури, стилизирани и без конкретни физички карактеристики, претставуваат еден вид експресивни отпечатоци на телото во просторот (и времето), а преку отсуството на компатибилниот носител на физичката телесност, создаваат алузија на испразнетост на смислата и ја навестува драмата на човековото постоење… Различните фигурални претстави, реални или замислени, и реакцијата на индивидуата во дадени ситуации, предизвикани од „говорот на телото, оставајќи траги при неговото дејствување“, предложуваат специфична и директна соголеност на емоциите и меморијата кои може да се толкуваат од повеќе психолошки, социолошки и други аспекти. Јовановска ја пренесува својата идеја за говорот на телото, постоењето и сеќавањето, како и начинот на кој ги пренесуваме, преку формулацијата на дела кои се движат од целосен приказ до исчезнување во конечна трага. (М. Чанкуловска-Михајловска, од текстот за изложбата).

Михаела Јовановска е родена во 1984 година во Скопје. Средното училиште го има завршено во ДСУПУ „Лазар Личеноски“, а во 2010 дипломира дипломира на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, со отсек сликарство. Од јануари 2011 година работи како ликовен соработник во Национална галерија на Македонија. Во 2012 година се претстави со својата прва самостојната изложба под наслов ”Cognoscence”, во MC Gallery со Њујорк (САД), а „Траги“ е нејзина втора самостојна изложба. Учествувала на следните групни изложби: 2012, Скопје, „Простор“, алтернативен уметнички простор; 2013, Скопје, „X Биенале на млади”, Музеј на современата уметност – Скопје; 2013, Гњилане (Косово), „Demoralised Idealism”, уметничка галерија Varg e Vi, како и на Ликовна колонија, „Даљан” во Струга во 2008 година.

no comments

Read more...

“Дезинтеграции” – изложба на Атанас Ботев во Мала станица

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 29 октомври 2014 година (среда) во 20 часот ќе се отвори изложба на Атанас Ботев со наслов Дезинтеграции.

atanas botev 1

Атанас Ботев како сведок на актуелните случувања и ситуации ја гради својата естетска стратегија на демистифицирање на овие општествени феномени. Тој ги коментира рецентните општествени, политички и културни превирања како на локално, така и на глобално ниво. Во контекст на неговиот интерес за креирање на синтеза на историските уметнички правци и реакција на општествено-политичките идеологии од далечното и блиското минато, иронично и интеррогативно, понекогаш и саркастично реагира преку транспонирање и редефинирање на актуелните состојби каде го соголува системот во кој главен збор водат организации на водечките светски сили кои под велот на “подобрување на животната средина” го преструктуираат глобалниот поредок, се со причина на зачувување на сопствениот интерес.

atanas botev 4

Во дефинирањето на ликовниот јазик кој Ботев го користи во реализација на неговите дела може да се каже дека е визуелен номад, спојувајќи повеќе сликарски техники и медиуми (сликарство, цртеж, графика, колаж, фотографија плакат, стрип, инсталација…), каде секој елемент е во функција на флуидност во креирањето на делото. Во отсликувањето на визулените прикази и приказни, но и приказ(н)и кои освен наративниот заплет поседуваат и пластични прочистени сентенци од реалноста, стуктуирани во надреални секвенци говорат за менталната линија на опредметувањето на континуитетот и реалитетот. Сцените од пероните на старата скопска железничка станица, руините од бетон и арматура, , се дел од реалноста на рушење на една меморија и носталгија и нејзино бришење, каде Ботев ги прекомпонирани во органски облици оставајќи погодност да не потсети на циничната нота на реалноста . Апстрактниот цртеж на храна во манир на Instragram фотографија, е во континуитет на духот на времето и трендот на општетвените мрежи, но и нивна критика… Оплакувањето на Христос на Андре Мантења, припадниците на територијалната одбрана, членките на рускиот музичко-активистички состав Pussy Riot, Зајакот и Волкот од цртаниот филм Ну, погоди!, се само олицетворение на стереотипот плен-гонител, приказ на нормалните (недевијантни) елементи на општеството, наспроти деструктивните и асоцијални општествени појави, но и можноста за нивно испреплетување и поминување на границите. Цензурирањето на ликовите и самото присутво на авторот со подигнати раце со што ја открива сцената е само реакција на начините на скандализирање со кои се постигнува PR ефект поради лична корист…

На иста линија се и платната Balkan Blues, GMO и ??? (потребата да се влезе во ЕУ со народна носија и опинок на скирол, генетски модифицираниот организам, корпорартивноста претставена преку брендот Coca Cola, повикот на Uncle Sam, графит во манир на Banksy, деца кои лепкарат…) и се еден вид субверзивни епиграми од социјален и политички карактер…

atanas botev 3

…Атанас Ботев преку своето творештво, ни го предочува сиот апсурд на овој свет, но и неопходноста на човекот да го конзумира апсурдот во борбата за преживување и опстанок…

Атанас Ботев е роден во Скопје, 1973. Дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје (графика и графички дизајн) во 1997. Магистрира на истиот факултет во 1999. Работи како раководител на Отвореното графичко студио при Музеј на град Скопје. Создава во повеќе медиуми: сликарство, графика, цртеж, инсталација, перформанс.

atanas botev 2

Поставката во простор.

no comments

Read more...