Изложба „Мустаќлии“ во Мала станица

Изложбата ќе се отвори на 14 ноември, со почеток во 20 часот, во Мала станица… Во пресрет на месецот ноември, или во контекст на месецот на подигнување на свеста за машкото здравје и глобалната кампања на пуштање на мустаќи кај мажите – Movember, Националната галерија ја организира изложбата насловена „Мустаќлии“ на дела од нејзината богата колекција. Имено, оваа изложба е првото издание на проектот „Од поинаков дискурс“ кој има за цел да вклучи интелектуалци чија […]

„Мустаќлии“ – Дела од колекцијата на Националната галерија

Во пресрет на месецот ноември, или во контекст на месецот на подигнување на свеста за машкото здравје и глобалната кампања на пуштање на мустаќи кај мажите – Movember, Националната галерија ја организира изложбата насловена „Мустаќлии“ на дела од нејзината богата колекција. Имено, оваа изложба е првото издание на проектот „Од поинаков дискурс“ кој има за цел да вклучи интелектуалци чија дејност не е тесно врзана со ликовната уметност, критика и теорија, кои во соработка со […]

„Интеграција на идентитети“ во Мала станица

Во Националната галерија, објект Мултимедијален центар „Мала станица“ на 26 Jули 2019 (петок) со почеток од  20.00 часот,  ќе биде отворена изложбата „Интеграција на идентитети“ од 21 автори од С.Македонија и Бугарија. Претходно оваа изложба, која е иницирана од ликовната група уметници „Конекција“ и е продуцирана од КИЦ на РСМ во Софија, беше претставена пред културната публика во Пловдив – градот Европска престолнина на културата за 2019 година и во главниот град на Бугарија, Софија. […]

Проект „Магла“ на кураторот Ави Лубин

Проектот „Магла“ е кураторски проект на Ави Лубин, куратор од Израел, во кој учествуваат уметниците: Алберт Алгаер, Газмент Ејупи, Фатмир Мустафа, Луан Бајрактари и Дритон Селмани. Оваа изложба која е насловена Магла, по првото искуство на кураторот Лубин со Косово, т.е. со маглата на аеродромот кој го отежнал слетувањето, има за цел да одговори на неколку дискурси и тоа: Што значи да се биде делумно признаена држава како што е Косово? Што значи да се […]

Изложба на Александар Кондев – Фото приказна: „FRAUENKIRCHE – Проект во процес“

Проектот „FRAUENKIRCHE – проект во процес“ ја потенцира документаристичката страна на фотографијата, но во случајов користејќи ја можноста за континуирано регистрирање на повеќегодишната обнова на катедралата FRAUENKIRCHE во Дрезден, целосно уништена за време на сојузничките бомбардирања на овој град во последните месеци на Втората светска војна. Наспроти тоа, на граѓанска иницијатива на жителите на Дрезден, во осумдесеттите години на минатиот век започнува постапната реконструкција на оваа катедрала, врз основа на зачуваните планови и (преку посебна […]

Изложба на фотографии од Феликс Надар

Четириесетина најдобри портрети на францускиот фотограф со светска слава, Феликс Надар (1820-1910) ќе бидат претставени пред македонската публика во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица. Помеѓу портретите е и оној на Сара Бернар, Александар Дима, Клод Дебиси, Шарл Бодлер, Жорж Санд, Жак Офенбах, Емил Зола, Жив Верн и уште дететина големи имиња од крајот на 19 и почетокот на 20 век. Изложбата е во заедничка организација на Францускиот институт во Скопје и Националната галерија […]

11-ти Младински пролетен салон

По ретроспективите на Петар Мазев и Борко Лазески со кои започна јубилејната година, во Даут пашиниот амам повторно е вратена постојаната поставка, дел од богатата Колекција на Националната галерија на Македонија. Во мај како дел од нашата програма, поточно едукативниот сегмент, ќе се реализира изложба тематски врзана со нашата богата збирка на културно наследство т.е. постојаната поставка во објектот Даут Пашин Амам. Младинскиот пролетен салон кој лани имаше мал јубилеј 10 години, оваа година има […]

Резултати од Конкурсот за реконструксија и просторна редефиниција на Мала станица

Потребите од ново архитектонско, ентериерно и техничко уредување на мултимедијалниот објект Мала станица, кој е дел од Националната галерија на Македонија, со цел функционално искористување на просторот, приближување кон светските стандарди за презентација, чување и заштита на уметнички дела , иницираше потреба од поширока јавна дебата. Оттука, Националната галерија на Македонија ја повика стручната и компетентна фела (архитекти, уметници од различни дисциплини, дизајнери, музеолози, историчари на уметност итн.) на јавна дискусија која се одржа на 06 […]

Цртежи и графики од Љубомир Ивановиќ во Мала станица

Изложба на цртежи и графики од Љубомир Ивановиќ, ќе биде отворена овој петок во 12 часот, во изложбениот простор на Националната галерија на Македонија, мултимедијалниот центар Мала станица. Љубомир Ивановиќ (1882 – 1945 г.) ​ За животот Како прв сликар што ја запоставил, а потоа и наполно ја напуштил работата со бојата и целиот се предал на цртањето со молив и режење на црно-бели гравури, Љубомир Ивановиќ е основоположник на современата српска школа на уметничкиот […]

Конкурс за Идејно решение за реконструкција на објектот „Мала Станица“

Почитувани, Ве известуваме дека НУ Национална галерија на Македонија објавува Конкурс за избор на Идејно решение за реконструкција и просторна редефиниција на објектот на Националната Галерија на Македонија „Мала Станица“ во Скопје. Ги покануваме заинтересираните субјекти да ги подигнат материјалите за Конкурсот во архивата на НУ Национална галерија на Македонија која се наоѓа во објектот Мала станица на ул. Јордан Мијалков бр. 18 и/или да се информираат на телефон 02/3126856.