Изложба „Дела од словенечки, хрватски, српски, црногорски и босански автори“

Изложбата „Дела од словенечки, хрватски, српски, црногорски, босанско и херцеговски автори“ од колекцијата на Националната галерија на Македонија се одржува во рамките на одбележувањето на јубилејот „Седумдесет години Национална Галерија на Македонија”. Изложените дела припаѓаат на таканаречената „Југословенска збирка” чија историја е тесно поврзана со историјата на Националната Галерија. Збирката е создадена во првите години од основањето на галеријата. Временскиот период на создавање на делата се движи од почетокот на XIX кон средината на XX […]

11-ти Младински пролетен салон

По ретроспективите на Петар Мазев и Борко Лазески со кои започна јубилејната година, во Даут пашиниот амам повторно е вратена постојаната поставка, дел од богатата Колекција на Националната галерија на Македонија. Во мај како дел од нашата програма, поточно едукативниот сегмент, ќе се реализира изложба тематски врзана со нашата богата збирка на културно наследство т.е. постојаната поставка во објектот Даут Пашин Амам. Младинскиот пролетен салон кој лани имаше мал јубилеј 10 години, оваа година има […]

Собраниската Комисија за култура во работна посета на НГМ

Работната група на Комисијата за култура на Собранието на Република Македонија, во состав: Ирена Стефоска, Никица Корубин, Весна Дамчевска-Илиевска и Славица Шуманска-Митева, на 18 април 2018 година, оствари работна посета на Националната галерија на Македонија.   При посетата на Националната галерија на Македонија, директорката Дита Старова-Керими истакна дека оваа национална институција во своето депо го чува најголемото културно наследство на Република Македонија. Во тој поглед, заради зачувување на колекцијата со врвни уметнички дела, Националната галерија […]

Хелидон Ѓерѓи во Чифте амам

Во вторник (1 август) во Чифте амам во 18 часот, ќе биде отворена изложбата на албанскиот уметник Хелидон Ѓерѓи. Хелидон Ѓерѓи (роден 1970 во Тирана, Албанија) е современ уметник кој работи во различни медиуми. Студирал на Академијата за уметности во Тирана. Со отворањето на границите на Албанија во 1991 година, се преселил во Италија, каде што понатаму ги проучувал визуелните уметности и се стекнал со диплома од Академијата за ликовни уметности во Неапол, Италија. Во […]

Промоција на монографија „Вељо Ташовски, живот и творештво“

На 1 јуни 2017 год. (четврток), во 12:30 часот во Националната галерија на Македонија, објект Даут пашин амам ќе се реализира промоција на монографија за ликовниот уметник Вељо Ташовски со наслов „Вељо Ташовски, живот и творештво“. Организатор и издавач на монографското издание е Националната галерија на Македонија, автор на текстот на монографијата е Проф. Д-р Владимир Величковски. На промоцијата ќе се обрати промоторот господин Милан Бешлиќ, ликовен критичар од Хрватска, кој е и автор на […]

Одбележување на Светскиот и Европскиот ден на музеите

Националната галерија на Македонија со особена чест и задоволство се приклучува кон одбележувањето на манифестацијата „18 Мај – Меѓународниот ден на музеите“. Темата која ја пропишува Меѓународниот совет на музеите (ICOM) со седиште во Париз, Франција и која важи за сите земји за 2017 година носи наслов „Музеите и спорните истории – кажувајќи го неискажливото во музеите“ (Museums and contested histories: Saying the unspeakable in museums). Оваа тема се фокусира на улогата на музеите кои, работејќи за […]

„Месец на Никола Мартиноски“ во Националната галерија

По повод  „Месецот на Никола Мартиноски“, Националната галерија на Македонија Ве информира дека ќе се реализираат три исклучителни настани во име на културното наследство што го остави современикот на македонското сликарство и ликовната уметност. Прв настан, промоција на монографија На 5 мај 2017 год. (петок), во 11 ч во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица ќе се реализира промоција на монографијата „Никола Мартиноски до 1945“.  Издавач на монографското издание е Националната галерија на Македонија а автор на монографијата е Проф. […]

Видеотрилогијата „Анатомија на векот“ на Гоце Наневски во Мала станица

Анатомија на векот, видеотрилогија на Гоце Наневски ќе биде прикажана на 4-ти мај (четврток) во Мала станица, 20 часот .  Најновиот проект – три индивидуални видеа имаат концепциско-документаторски карактер. Наневски во оваа трилогија е социјално-политички ангажиран. Неговиот јазик не е буквален и директен, не е априорна реакција и критика на актуелното секојдневие, туку преку малите суштествени наративи со многу генерална конотација укажува на мошне клучни деформации на општествената свест, кои ги дефинираат ликот и опачината на претставникот на едно […]