Ретроспективна изложба на Драган Попоски – Дада

Националната галерија на Македонија, во рамките на одбележувањето на 70 годишнината од своето основање, ја најавува ретроспективната изложба на македонскиот скулптор Драган Попоски Дада. Изложбата ќе биде отворена на 24 октомври во 20 часот, во објектот Даут пашин амам. Драган Попоски Дада е роден во Прилеп 1933 година. Академија за ликовни уметности (1961) и постдипломски студии (1964) завршил во Белград, во класата на проф. Јован Кратохвил. Работел како професор на Факултетот за ликовни уметности во […]

Ретроспективна изложба на Александар Кондев

На 4 ноември 2015 година, во 20:00 часот, во Националната галерија на Македонија – објект „Чифте амам“ – ќе биде отворена ретроспективната изложба на фотографии на Александар Кондев. Куратор на проектот е Златко Теодосиевски. Изложбата ќе биде поставена до 22-ри ноември 2015 година. Златко Теодосиевски АЛЕКСАНДАР КОНДЕВ – СВЕТОТ КАКО ВИЗУЕЛЕН ПРЕДИЗВИК  Александар Кондев (1950) е еден од оние македонски фотоуметници, чиешто фотографско творештво е нераскинливо сврзано со пробивите на фотографската мисла кај нас и, […]

Ретроспективна изложба на Вељо Ташовски – поставка

Ретроспективната изложба На Вељо Ташовски претставува пресек на целокупното творештво на авторот, опфаќајќи ги сите периоди во неговото творештво. Станува збор за повеќе слики во комбинирана техника. Ликовниот дискурс на Ташовски се реализира во просторот меѓу илузијата и симулацијата. Вељо Ташовски е роден 1949 г. во с. Осој (Дебарско). Во 1975 г. завршил Академија за ликовни уметности – сликарски одел во Љубљана, каде и магистрирал 1979 г. Од 1976 до 1985 г. бил член на […]

Јубилејна изложба на Мартиноски во Даут пашин амам (поставка)

На 22 октомври 2013 во Националната галерија на Македонија, објект Даут пашин амам се отвори Јубилејната изложба на академскиот сликар и академик Никола Мартиноски – 110 години од раѓање и 40 години од смртта (1903-1973). Никола Мартиноски е автор кој заслужува повторно и по разни поводи да се навраќаме и да се потсетуваме за неговата историска улога и неговото место во создавањето и развојот на современата македонска ликовна уметност, како составен дел на националната култура […]

Отворена јубилејната изложба на Никола Мартиноски во Даут пашин амам

Во Даутпашиниот амам, во вторникот (22 октомври) во присуство на бројни гости и почитувачи на уметноста, беше отворена голема изложба на основоположникот на македонската современа уметност, Никола Мартиноски. Изложбата се организира по повод 110 години од раѓањето и 40 години од смртта на големиот мајстор, презентирани се 50 дела во масло на платно, стакло и картон и 20 цртежи, а како дел од оваа изложба македонската јавност за прв пат може да ги види двостраната […]