Изложбата „Магијата на Монмартр“ во Мала станица

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 15 ноември 2013 година (петок), во 13:00 часот ќе се отвори изложбата Магијата на Монмартр – Битола 2013. Фестивалот „Мал битолски Монмартр“ на кој учествуваат најдобрите училишта што ги одредува меѓународно стручно жири, секоја година се одржува низ улиците на Битола, а творештвото на најмладите се изведува на отворен простор низ Старата битолска чаршија. Оваа светски препознатлива манифестација за деца од предшколска и школска возраст претставува […]

Отворање на изложбата на Ибрахим Беди

Отворање на изложбата (3 септември 2013)  на Беди Ибрахим насловена  “Од приказните за амамот” во Чифте амам. Изложбата ја отвори уметникот Ацо Становски и директорката на НГМ, Халиде Палоши. Беди Ибрахим во своето творештво користи неконвенционални материјали во креирањето на делото и нивно комбинирање, создавајќи амбиентални инсталации со симболика во пораката. Така и за оваа изложба пребарувајќи во сопствените сеќавања за приказните за Чифте амам создава сопствена приказна која за идните генерации ќе биде едно […]

Беди Ибрахим со изложбата “Од приказните за амамот” во Чифте амам

Беди Ибрахим / Од приказните за амамот во Чифте амам Отворање: 3 септември 2013, 20 часот (03-16.09.2013) Чифте амам, еден од трите објекти на Националната галерија на Македонија, објект изграден во средината на 15 век, во својата првобитна намена бања, подоцна адаптиран во галериски простор, отсекогаш бил предизвик за излагање за современите уметници, а не ретко и инспирација за нивното творештво. Беди Ибрахим за својот проект за најновата изложба со наслов Од приказните за амамот е инспириран […]

Мајлинда Келменди со “Идентитет и дијалог” во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 22 мај 2013 година (среда), во 20:00 часот ќе се отвори изложба на Мајлинда Келменди, со наслов Идентитет и дијалог. Нејзиното трагање по човековите вредности е длабоко инкорпорирано во нејзиното творештво. Потрагата по сопствениот идентитет е основната нишка во нејзиниот ликовен израз. Модалитетите од човековото живеење таа ги пренесува во својата уметност. Историјата како основа за човековата идентификација Келменди ја преточува во визуелни дела што сведочат […]