Собраниската Комисија за култура во работна посета на НГМ

Работната група на Комисијата за култура на Собранието на Република Македонија, во состав: Ирена Стефоска, Никица Корубин, Весна Дамчевска-Илиевска и Славица Шуманска-Митева, на 18 април 2018 година, оствари работна посета на Националната галерија на Македонија.   При посетата на Националната галерија на Македонија, директорката Дита Старова-Керими истакна дека оваа национална институција во своето депо го чува најголемото културно наследство на Република Македонија. Во тој поглед, заради зачувување на колекцијата со врвни уметнички дела, Националната галерија […]