Ретроспективна изложба на Танас Луловски

„Дали празен простор (во музеј, галерија, црква, итн.) може да претставува уметничко дело?“, Танас Луловски – Тане, 1984 Ова сѐ уште актуелно прашање го поставил еден од првите концептуални уметници во македонската дваесет вековна уметност, доајенот Танас Луловски, кон крајот на 1983 година кога го разработува концептот на проектот „Антислика 79“. Националната галерија на Македонија ја подготвува и најавува неговата ретроспективна изложба, во Даут-пашиниот амам кон крајот на годината (20 декември 2018 година).

Ретроспективнa изложба на Танас Луловски Тане во Даут пашин амам

НУ Национална галерија на Македонија, во рамките на својата Годишна јубилејна програма за 2018 година, ја најавува Ретроспективнaта изложба на Танас Луловски Тане, како еден од доајените на македонското современо сликарство, кој даде силен белег и остави неизбришливи траги во развојот и афирмацијата на македонската современа ликовна уметност. Изложбата ќе биде отворена на 20ти декември во 19 часот, во изложбениот простор на Даут пашиниот амам. Танас Луловски е роден на 20 февруари 1940 год., во […]