Националната Галерија на Македонија денес е составена од три објекти.

Изложбен простор Даут Пашин Амам

Изложбен простор Чифте Амам

Мултимедијален центар Мала Станица

Во просторот на претходно реставрираната, некогашна бања, во 1948 година е и формирана Уметничката галерија од страна на ликовните авторитети,  историчарот на уметност Димче Коцо и ликовните автори Никола Мартиноски, Лазар Личеноски, Димо Тодоровски и Борко Лазески. Нејзината збирка е создавана со откуп на дела од просторот на поранешна Југославија, финансиран од страна на тогашната републичка влада.

На почетокот на овој милениум галеријата  прерасна во национална, збогатена со уште двата објекти, Чифте амам и Мултимедијалниот центар „Мала станица“,  а нејзиниот трезор од досега собраното богатство го чинат  македонската ликовна збирка, збирката на ликовни дела од поранешните југословенски републики,  како и збирките на цртежи и графики…

 

This post is also available in: English, Albanian