Изложба на Агрон Абдули во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам на 09 октомври 2015 година, (петок), во 20 часот ќе се отвори самостојна изложба на  Агрон Абдули. Агрон Абдули преку портретот често пати го повикува ехото на внатрешна средба со својата трансцендентала кое шири светло на човековата природа кое во суштина ги претставува најсуптилните човекови чувства. Многу нешта моше да претстави портретот, бидејќи во поголемиот број на случаи модулацијата на човековиот лик пред нас може да се […]

Ацо Таневски изложува во Њујорк

Во организација на Националната галерија на Македонија, на 9 октомври 2015 година (петок) во 18 часот ќе се отвори изложба на Ацо Таневски со наслов Додекоманија во Македонскиот културен центар (или Gallery MC) во Њујорк, САД. Куратот на изложбата е кустос, Горанчо Ѓоргиевски. „И додека Ацо Таневски во своето досегашно уметничко делување твореше во чисто ликовни и понекогаш во некласични ликовни идејни концепти, со Додекоманија креира концептуализиран и промислен интермедијален творечки проект, спој на ликовниот […]

Ивана Пирковска со изложба во Македонскиот културен центар во Њујорк

Во организација на Националната галерија на Македонија, на 9 октомври 2015 година (петок) во 18 часот ќе се отвори изложба на Ивана Пирковска, со наслов Порака од твојот универзум во Македонскиот културен центар (или Gallery MC) во Њујорк, САД. Куратор на изложбата е кустос Маја Неделкоска Брзанова. Авторот Ивана Пирковска е родена 1988 година во Скопје, Македонија. Во 2011 година дипломирала на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Факултетот за ликовни уметности, на […]

Изложба на Јасмина Новковска во Мала станица

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 3 октомври 2015 година (сабота), во 20 часот ќе се отвори изложба на Јасминка Новковска со наслов Во кој свет живееме?. На изложбата ќе бидат изложени стотина дела и е психолошко и психијатриско истражување. Делата се поделени во неколку циклуси: 1. Филмска уметност (,,Психо“, ,,Птици“, ,,Лудило“) 2. Портрети на многу душевно болни луѓе 3. Портрети на многу луди луѓе 4. Луѓе од вселената, луѓе-инсекти 5. Човек […]

“Кога традицијата е (женски) императив: разговори за минатото, денес” во Мала станица

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 17 септември 2015 година (четврток) во 20 часот ќе се отвори изложба на Марјана Костојчиноска Узунчева со наслов. Марјана Костојчиноска Узунчева надоврзувајќи се на претходните искуства и истражувања во обликувањето на ликовното делото и потрагата по сопствено визуелно изразување, твори дела кои се логично продолжение на размислувањата за дефинирање на уметничкиот продукт. Творештвото на Костојчиноска Узунчева е интимна исповед за едно минато време, сеќавање и спомени, […]

Изложба на Марија Сотировска Богдановска – „Условен круг“

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 3 септември 2015 година (четврток), во 20:30 часот, ќе биде отворена самостојна изложба на Марија Сотировска Богдановска под наслов „Условен круг“. Марија Сотировска Богдановска е родена во 1983 година во Скопје. Дипломира во 2006 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методи“, отсек сликарство, со насока конзервација и реставрација под менторство на проф. Благоја Маневски. Во 2011 година магистрира сликарство […]

Изложбата “(По)трагите на водата”- Акварелот од колекцијата во Крива Паланка

Во Градскиот музеј- Крива Паланка, на 29-ти август, 2015 година, се отвори изложбата “(По)трагите на водата”- Акварелот од колекцијата на Национална галерија на Македонија. Директорот на Локалната установа “Градски музеј-Крива Паланка“, Драган Величковски истакна дека изложбата претставува заокружување на празнувањата во Крива Паланка по повод светецот-закрилник на градот, Св. Јоаким Осоговски, и придонес на музејот кон севкупната културна понуда во градот. – На наша радост вечерва ја отвораме изложбата со националната збирка акварели којашто е […]

Изложба со наслов (По)трагите на водата – Акварелот од колекцијата на НГМ

Во Уметничката галерија „Магаза“ во Битола на 23 јули 2015 година (четврток), во 20 часот, ќе се отвори изложбата со наслов (По)трагите на водата – Акварелот од колекцијата на Националната галерија на Македонија. Изложбата е во организација на Националната галерија на Македонија и Дирекцијата за култура и уметност, и е во рамките на проектот „Кич,да!?/сте или не/“ поддржан од Министерството за култура. Во текот на долгогодишната дејност и постоење на Националната галерија на Македонија, галериската […]

Изложбата „Есенција на егзистенцијата“ на 25 македонски современи уметници во Загреб

Во галеријата Лауба во Загреб, на 30 јуни 2015 (вторник) во 19 часот ќе се отвори изложбата Есенција на егзистенцијата на која се застапени 25 македонски современи уметници. Изложбата е во организација на Националната галерија на Македонија. „Есенција на егзистенцијата“ е уметнички концепт кој се обраќа кон разни сфери од секојдневието, од животот, постоењето, перцепции кои од различен аспект приоѓаат кон суштината на ентитетот, на опстојувањето, на функционирањето. Тука се опфатени генезата на љубовта, духовноста, […]

Изложба на Вељо Ташовски во Штип во организација на НГМ

Во Завод-Музеј Штип, галерија Безистен, на 19 јуни 2015 година (петок), во 20 часот, ќе се отвори изложба на Вељо Ташовски. Изложбата е во организација на Националната галерија на Македонијa. Изложба на Вељо Ташовски претставува пресек на целокупното творештво на авторот, опфаќајќи ги сите периоди во неговото творештво. Станува збор за повеќе слики во комбинирана техника. Ликовниот дискурс на Ташовски се реализира во просторот меѓу илузијата и симулацијата. При тоа авторот се откажува од илузијата […]