Прошетка низ изложбата на Борко Лазески со Д-р Кирил Пенушлиски

Нa 3-ти април (вторник), со почеток во 19 часот, во просториите на Даут пашиниот амам, ќе се одржи предавање со прошетка низ изложбата на Борко Лазески, со историчарот на уметност проф. Д-р Кирил Пенушлиски. На истото, публиката ќе може директно да се запознае поблиску со делото и творештвото на големиот Борко Лазески, и во интеракција со д-р Пенушлиски и да дознае нешто повеќе. Влезницата е симболични 50 денари.

Ретроспективна изложба „Tanja Balac – 30 Years – ArtWorks“

Ретроспективна изложба на слики, објекти, инсталации, видео арт и експериментални филмови на македонската уметница Тања Балаќ по повод 30 години творештво ќе биде отворена во 20 часот на 31 август, 2021 година, во Национална галерија, објект „Чифте амам“. На отворањето ќе биде промовирана и монографија со наслов „Tanja Balac – 30 Years – ArtWorks“ со текстови на историчарите на уметност и ликовни критичари, Кирил Пенушлиски и Натали Р. Павлеска.   Во текстот од монографијата посветен […]

Предавање со прошетка низ изложбата на Борко Лазески

На 3 април 2018 (вторник), со почеток во 19 часот, во просториите на НУ Национална галерија на Македонија, објект Даут пашин амам, ќе се одржи предавање со прошетка низ изложбата „Борко Лазески – 100 години од раѓањето“, со историчарот на уметност проф. д-р Кирил Пенушлиски. На предавањето, публиката ќе може директно да се запознае поблиску со делото и творештвото на големиот Борко Лазески, и во интеракција со д-р Пенушлиски и да дознае нешто повеќе за […]

„Месец на Никола Мартиноски“ во Националната галерија

По повод  „Месецот на Никола Мартиноски“, Националната галерија на Македонија Ве информира дека ќе се реализираат три исклучителни настани во име на културното наследство што го остави современикот на македонското сликарство и ликовната уметност. Прв настан, промоција на монографија На 5 мај 2017 год. (петок), во 11 ч во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица ќе се реализира промоција на монографијата „Никола Мартиноски до 1945“.  Издавач на монографското издание е Националната галерија на Македонија а автор на монографијата е Проф. […]