Изложба на Ешреф Ќахили во Чифте амам
Почитувани, Ве информираме дека на 5 ти декември 2023, со почеток во 19 часот, во импозантниот објект од исламската профана архитектура Чифте амам, при Националната Галерија, ќе се отвори самостојната изложба на ликовниот уметник и професор Ешреф Ќахили, од Приштина (Република Косово). Ќе бидат изложени триесетина дела во техника масло на платно и комбинирана техника. Изложбата е насловена Музеј на детството. Кустос на изложбата е Маја Крстевска, виш кустос. Кон творештвото на Ешреф Ќахили […]
Изложбата „Париски рефлексии“ претставена во Офицерскиот дом во Битола
Ве известуваме дека во тек е изложбата „Париски рефлексии“, претставена во Офицерскиот дом во Битола, а организирана од Националната галерија и Францускиот културен центар во Скопје, Француската амбасада, Француската алијанса, Почесниот конзул на Франција во Битола. Изложбата има за цел да ги претстави проткајувањата на двете култури – француската и македонската – преку ликовната уметност, претставувајќи 35 дела на десетина најзначајни македонски автори од фундусот на Националната галерија, кои во своето творештво примиле влијанија, во […]
Ликовната колонија Галичник со изложба во Мала станица
На 16 ноември 2023, во Мултимедијалниот центар Мала станица, со почеток во 19:30, Ликовната колонија Галичник ќе ги претстави 33. и 34. сесија, најавува д-р Ана Франговска, куратор и претседател на здружението. Визуелните дела создадени на 33. и 34. сесија на Ликовната колонија Галичник и овој пат се движат околу еколошки теми, како суштествени теми за кои СЕГА Е ВРЕМЕ гласно да се дискутира на сите возможни начини, бидејќи доколку не успееме со посуштествени системски […]
„Градина“ изложба на Ервин Ќатовиќ во Мала станица
Уште една изложба ќе биде поставена во Мала станица од 17 ноември 2023, со официјално отворање во 19 часот. Станува збор за претставување на Ервин Ќатовиќ, ликовен уметник и професор од Р. Србија. На отворањето пред публиката ќе се обрати директорката на Националната галерија, д-р Дита Старова Ќерими и кураторката Маја Крстевска, виш кустос во Националната галерија. Самостојната изложба на ликовниот уметник Ервин Ќатовиќ, насловена „Градина“, во Националната галерија за првпат ни го открива неговиот […]
Годишна изложба на основните училишта „Шемов и јас“
Ве информираме дека во Националната галерија, објект Даут пашин амам, на 10ти ноември 2023 година (петок), во 13 часот ќе се отвори Годишната изложба на основните училишта под наслов „Шемов и јас“. На отворарањето ќе се обрати директорката на галеријата д-р Дита Старова Ќерими, проф. Симон Шемов и едукаторот на проектот м-р Маја Димитрова. „Годишната изложба на основни училишта е изложба која традиционално е поддржана од Министерството за култура, а во организација на Националната галерија. Идејата […]
Томе Аџиевски со ONCE UPON A TIME IN THE EAST во Чифте амам
На 9 ноември, четврток, во 19:30 часот, во Националната галерија, во објектот Чифте амам, ќе се отвори најновата изложба на авторот Томе Аџиевски, насловена ONCE UPON A TIME IN THE EAST. Томе Аџиевски е еден од исклучително важните уметници на т.н. средна генерација македонски современи уметници кои се појавуваат во 90-тите години (дипломира на Академијата за ликовни уметности во Загреб, во 1983 година). Со својот младешко-бунтовнички карактер и желбата за „револуционерни“ и брзи промени во […]
„NOMEN EST OMEN“ на Колектив ЗЕРО во Мала станица
Изложба „NOMEN EST OMEN“ на Колектив ЗЕРО, која ќе биде отворена на 12 октомври 2023 (четврток), со почеток во 20 часот, во мултимедијалниот центар Мала станица, на Националната галерија. Од протозеро друштвото на почетокот на 80тите произлезе “Колектив Зеро” (нула, ништо, безначајност), која е формирана во 1985 година во ориенталниот амбиент и институциите на Старата скопска чаршија. Колективот Ø – Зеро, во 80-тите години на 20 век претставуваше парадигма за вонинстиуционално генерациско дејствување на македонската […]
Европски денови на културно наследство 2023
Деновите на европското наследство се најпрославуваниот културен настан што го споделуваат луѓето од Европа. Советот на Европа ја покрена иницијативата во 1985 година, а во 1999 година се придружи и Европската унија за да се создаде заедничка акција, која продолжува до денес. Во септември, секоја година, настаните на ЕДКН, често наречени отворени денови на наследството, се одржуваат во земјите-членки на Европската културна конвенција, вратите се отворени за бројни споменици на културата и локалитети, овозможувајќи им […]
Изложба „Наместо вовед“ на Митко Панов
Изложбата на Митко Панов ќе се отвори на 5 октомври 2023 (четврток), со почеток во 20 часот, во објектот Мала станица. Изложбата на Митко Панов е осмислена да прикаже два елемента од неговото творештво – сликарството и филмот. Всушност концептот е приказ на творештвото каде авторот е визуелен раскажувач. Митко Панов е посветен на своето творештво, во истражувањето на нови изразни форми, каде прави синтеза помеѓу класичните сликарски дисциплини, филмот и современите текови на идејата […]
„Бела ноќ“ во Националната галерија со Симон Шемов и Миле Корубин
Две големи и исклучително значајни изложби се поставени во репрезентативните објекти Даут-пашин амам и Чифте амам со кои Националната галерија партиципира во Програмата на манифестацијата „Бел ноќ“ за 2023 година. Ја информираме широката публика дека во сабота, 30 септември 2023, од 20 часот до доцните вечерни часови ќе имаат задоволство бесплатно да ги посетат двете поставки, програмски активности во рамките на одбележување на јубилејот – 75 години постоење на Националната галерија. Симон Шемов „Мултиверзум“ […]