Добитниците на Конкурсот на Националната галерија за зрел уметник и конкурс за млад уметник – 2020 ќе се претстават во Мала станица

Оваа година Националната галерија воведе нова содржина во Програмата, Конкурс за зрел и млад уметник, поддржан од страна на Министерството за култура. На 25 јуни 2020 беше понуден професионален повик за учество во Конкурсот, отворен за сите уметници. За победниците, како што беше објавено, обезбедени се средства за хонорар, за реализација и продукција на делата, пракса која одамна не се применува на македонската ликовна сцена, а е потврда на професионалност и респект кон влогот и […]

„Везење во камен“ на Моника Мотеска во Чифте амам

Мултимедијалниот проект „Везење во камен“ на Моника Мотеска ги претставува најновите истражувања на уметницата. Проектот е комплексна инсталација која го анимира целиот простор на Чифте амамот, а се состои од неколку независни, но и меѓусебно поврзани визуелни дела во различен медиум, од најкласичните цртежи-слики, преку просторни реди-мејд објектни скулптури/инсталации, па се до видео и звучни дела/инсталации. Мотеска ја покажува својата ликовно-концептуална вештина пред се во класичните форми на визуелно изразување, а потоа и во предизвиците […]

Изложба на Антони Мазневски „Како што е“ во Чифте амам

„КАКО ШТО Е“ е наслов на најновиот ликовен проект на Мазневски кој ќе биде претствен на публиката во Националната галерија, во објектот Чифте амам. Проектот првенствено го афирмира интересот за космичката интеракција но и можноста за реинтерпретација, демонстрација на метод и ракопис, животен пулс. Целта на изложбата е да се презентира поновата, седумгодишна продукција на авторот пред јавноста, да се предочат истражувањата и усовршувањата во полето на ликовната естетика, филозофската мисла, занаетските квалификации, да се […]

Изложба на Решат Амети – 30 Години уметност

Националната галерија  Ве информира дека во објектот Даут пашин амам ќе биде поставена ретроспективната изложба на академскиот сликар Решат Амети со наслов „30 Години уметност“. Истата, за публиката ќе биде достапна од 28 октомври до 29 ноември 2020 г. Објектот за посетителите е отворен секој ден, освен понеделник, од 10 – 18 часот. Протоколот за заштита од Ковид-19 и понатаму останува задолжителен! Во почетокот на 90-тите години од минатиот век, Решат Амети сериозно се наметна […]

Чудесните илустрации на Кондовски се празник за детските сетила

Во просториите на Националната галерија, објект Мала станица, беше отворена изложба на илустрации од Димитар Кондовски. Националната галерија деновиве беше обвиена со духот на радоста на детската илустрација на великанот на современото сликарство. Воедно чудесните илустрации претставуваат и своевиден празник за детските сетила, за нивниот богат имагинативен свет. Токму изложбата на илустрации е соодветен вовед кон ретроспективната изложба на Кондовски што ја подготвуваме, истакна директорката на Националната галерија, Старова-Ќерими. -Во далечната 1992 паметам како мојот […]

Изложба на Павле Кузманоски во Чифте амам

По долгиот период на карантински денови, отсуство на понуда на културна програма, изолација и мерки за социјална дистанца, во октомври месец настапуваме со исклучителна понуда на настани во Националната галерија на Р. С. Македонија, изјавува директорката д-р Дита Старова Ќерими. „Од многуте настани е и оваа ретроспектива. Ценејки дека публиката усвои нова култура при посета на манифестации, наметната од задолжителните протоколи за социјална дистанца, охрабрени, го збогативме овој месец со понуда за културно насладување на […]

ОСТЕН биенале на цртеж 2020 во Чифте амам

75-години ОСТЕН – изложби во Национална галерија на С. Македонија во Чифте амам Скопје 1 – 10 октомври 2020 ОСТЕН БИЕНАЛЕ на ЦРТЕЖ Скопје 2020 Изложени автори: Адриана ВАСИНКА-ФАБИАН, Австралија | Александар МИЈАК, Полска | Александрос МАГАНИОТИС, Грција | Анахид ХАГОБИАН, Уругвај | Андреас ТОМБЛИН, Кипар | Ана ПЛАВИНСКАЈА, САД | Ана МОНТАНАРО, Италија | Атанас МАЦУРЕФ, Бугарија | Атанас АТАНАСОСКИ, С. Македонија | Авни САМИ, Холандија | Билјана ЈЕВТИЌ, Србија | Благоја НИКОЛОВСКИ, С. […]

Октомври, месец со богата програма во храмот на уметноста

По долга пауза, во октомври месец настапуваме со исклучителна понуда на настани во Националната галерија на Р. С.Македонија, изјавува директорката д-р Дита Старова Ќерими. „Ценејки дека публиката усвои нова култура при посета на културни манифестации, наметната од задолжителните протоколи за социјална дистанца, охрабрени, го збогативме овој месец со понуда за културно насладување на социјално дистанцираната публика.“ Во продолжение проследете ја најавата за настаните во Националната галерија во периодот што претстои: 1 -7 октомври 2020, дигитални […]

Проект: „Детски фасцинации 20“

Во рамки на манифестацијата „Европски денови на културно наследство“ чија тема за оваа година е „Културното наследство и училиштата“ ние како институција преку едукативното одделение земавме учество. Во таа насока, во месец септември, се реализираат креативни работилница со наслов „Детски фасцинации 20“. На работилниците учествуваат деца на возраст од 6 до 15 год од повеќе основни училишта од градот Скопје. Тие работеа во просториите на Чифте амам во амбиентот на изложбата на Атанас Атанасоски „Пејсажни […]

Самостојна изложба на  Биљгаип Кочиштe – БИГЕ под наслов “1441“

На 21.9.2020 г. во 12 часот во Националната галерија, објект Чифте амам ќе биде отворена самостојна изложба на  БИЉГАИП КОЧИШТE – БИГЕ под наслов “1441“ на која авторот ќе се претстави со четириесетина дела.  Протоколот за заштита од Ковид-19 и понатаму останува задолжителен! Во текот на човечката историја, феноменот на миграција, во имигрантските или емигрантските вектори, покажал депопулација на личност, група или маса на луѓе од социјални, политички, економски и интелектуални причини. Покрај тоа, феноменот […]