Протоколи за посета во објектите на Националната галерија

Протоколи за посета во објектите на Националната галерија, согласно со препораките кои нашата институција ги доби. Повелете во наите објекти. Во Даут пашиниот амам може да ја погледнете постојаната поставка и да ја посетите нашата специјализирана продавничка. Во Чифте амам, имате три изложби истовремено, во целиот објект. Во Мала станица, има изложба на стари архивски фотографии од Првата светска војна, од Роберт Јанкуловски.  Ве очекуваме!

За објавените конкурси на Националната галерија

Конкурсите кои Националната галерија на Северна Македонија ги објави пред еден месец, Конкурс за зрел уметник и конкурс за млад уметник предизвикаа голем интерес. До крајниот зададен рок (20 јули) на адресата на галеријата аплицираа 10 уметници на конкурсот за зрел уметник и 23 млади автори за другиот конкурс, за млад уметник. Особениот интерес го потврдува фактот дека на ликовната фела, после долг временски период им беше понуден професионален повик отворен за сите, чии селектори […]

Националната галерија со титула за Сајт на годината за 2019 година

Националната галерија ја доби титулата за Сајт на годината за 2019 година во конкуренција на владини и државни институции. Наградата е доделата од страна на манифестацијата Сајт на годината на Медиа солушнс која се одржа годинава по 10ти пат. Наградата во името на Институцијата ја прими колегата Александар Ристевски кој во измнинатите 10 години се грижи за одржување на нашата веб страница и социјалните медиуми, и се грижи за правовремено информирање на јавноста за активностите […]

Изложба на Кристина Пулејкова во Чифте амам

Изложбата „Свадбен пат“ на авторот Кристина Пулејкова, ќе се отвори во четврток (19 декември) со почеток во 19 часот, во објектот Чифте амам, во срцето на Скопската чаршија. За изложбата кураторот на истата, вишиот кустос Ана Франговска, вели: Концептот околу кој се дефинира и обликува наративот на проектот е приказната за европската јагула, која е ставена на листата на загрозени видови, а паралелно на европската јагула, Пулејкова локално, ја вклучува и охридската јагула, која природно […]

Изложба на црногорскиот уметник Џељош Џокај

Изложба на црногорскиот артист Џељош Џокај во Мала станица, на 20 декември (петок) во Мала станица, од 20 часот… Џељош Џокај е црногорски уметник со албанско потекло, кој припаѓа на генерацијата на уметници на Владимир Величковиќ и Душан Џамоња, генерација која не сака да заборави и се раздели од претходната, од надреалистичката, т.е онаа на Ступица и од апстрактната на Лубарда. Блиска му е естетиката на руралниот социјален реализам, а потоа и онаа на градскиот […]

Рубенс Корубин – „Ателје, Радоста на сликањето“

Рубенс Корубин веќе долг низ на години се наоѓа во самиот врв на современото македонско сликарство. Тој работи во повеќе медиуми (сликарство, цртеж, графика, и мозаик), а неговите дела претставуваат ретки, совршени унии помеѓу темата и начинот на експресијата. Уметноста на Корубин сведочи за исклучителна способност за прикажување на едно ретко емотивно богатство, а ги поседува и сите знаци на големо сликарско мајсторство. Еден романтичен сликар, тој е уметник кој ја искажува сопствената деликатна визија […]

Графики и цртежи на Адем Дермаку во Чифте амам

На 08 Август 2019 (четврток) во Националната галерија, објект „Чифте Амам“ со почеток од 19.00 часот, ќе биде отворена изложбата „ МОИТЕ СПОМЕНИ, ДАЛИ СЕ И ТВОИ…?!”, графики и цртежи од Адем Дермаку, познат уметник од Швајцарија/Косово. Дермаку се продлабочи рано во техниките на графичко печатење. Неговото широко познавање на многу традиционални техники често се комбинира во неговите дела. Градење мостови преку употреба на носталгични средства, кои ги користат уметниците за критични современи теми, кулминира во нови, изненадувачки слики. Неговите […]

Изложба „Неименуваното е одговор“

Живееме во време во кое изборот и начинот на кој се прикажува минатото е од клучно значење за демократизацијата на современото општество. Историјата е колективна меморија која му дава смисла на нашето политичко постоење и делување. Дали нашите животни и професионални заложби ќе ги водиме во потенцирање на јавното, заедничкото и развојот или кон сè поголема индивидуализација и раст, типична за денешниот глобален капитализам, зависи и од тоа и како го вреднуваме минатото и од […]

Проект „Магла“ на кураторот Ави Лубин

Проектот „Магла“ е кураторски проект на Ави Лубин, куратор од Израел, во кој учествуваат уметниците: Алберт Алгаер, Газмент Ејупи, Фатмир Мустафа, Луан Бајрактари и Дритон Селмани. Оваа изложба која е насловена Магла, по првото искуство на кураторот Лубин со Косово, т.е. со маглата на аеродромот кој го отежнал слетувањето, има за цел да одговори на неколку дискурси и тоа: Што значи да се биде делумно признаена држава како што е Косово? Што значи да се […]