„Човечка фигура“ на Сејди Капланај – изразување на човечкиот диверзитет преку сликарството

Ве известуваме дека на 03.04.2025 година во 19:00 часот, во објектот Чифте амам, ќе биде отворена изложбата на Сејди Капланај „Човечка фигура“. Сејди Капланај е ликовен уметник од Косово (1956). Дипломирал и магистрирал сликарство на Факултетот за ликовни уметности во Приштина под менторство на Муслим Мулиќи. Претставник е на апстрактниот експресионизам од 80-тите до денес. Неговиот најнов циклус слики во акрилна техника „Човечка фигура“ ќе биде претставен во објектот Чифте амам со 40тина дела во […]

Љуљзиме Лека Муљаку во Чифте амам со циклусот „Метаморфоза II“

Почитувани, Ве известуваме дека на 02.04.2025 г. (среда), во 19.00 часот, во Чифте амам ќе биде отворена самостојна изложба на Љуљзиме Лека Муљаку со наслов „Метаморфоза II“. Љуљзиме Лека Муљаку припаѓа на современата уметничка сцена и ја претставува генерацијата уметници кои својата дејност ја започнале со визуелен израз од 90-тите години. Таа ќе се претстави во Националната галерија со 50 слики од различни формати, интересен циклус со дела изработени во акрилна техника. Изложбата „Метаморфоза II“ […]

„Портрети и фигури – избор од колекцијата на Националната галерија“ во Чифте амам

Почитувани, Ве информираме дека во Националната галерија на Македонија, во објектот Чифте амам, е отворена за јавност изложбата под наслов „Портрети и фигури – избор од колекцијата на Националната галерија“. Оваа изложба претставува селекција на педесеттина дела (слики и скулптури) на едни од најрано прибавените експонати за нашата колекција, вклучително и исклучително вредни дела, од кои голем дел биле претставени и на првата постојана поставка од формирањето на галеријата. Овој избор е само мал дел […]

100 години од раѓањето на Ристо Лозаноски

Драга публико, љубители на уметноста, колеги, медиумски работници… Пред да го најавиме последниот проект за 2024 година дозволете да изразиме благодарност за вашето внимание, посветено време и поддршка во успешната реализација на Годишната програма на Националната галерија. Посакуваме празниците да ги споделите во добро здравје, да ја пречекаме Новата 2025 во која повторно ќе ги исполниме вашите очекувања. За крај на тековнава година, во Даут пашиниот амам ќе одбележиме уште еден исклучителен јубилеј, 100 години […]

Изложба „Вангел Коџоман – 120 години од раѓање“ во Даут пашин амам

Националната галерија Ве поканува на изложба посветена на доајенот на современото македонско сликарство Вангел Коџоман која ќе биде реализирана во објектот Даут пашин амам по повод 120 години од неговото раѓање. Ќе ни биде голема чест и задоволство заедно да се потсетиме на неговиот живот и творештво, неговите портрети и пејзажи, боите и светлината на неговиот роден крај. Оваа година се одбележуваат 120 години од раѓањето на академскиот сликар Вангел Коџоман. Почитта која му се […]

Ретроспективна изложба на Драган Верговски – Алпи

Драган Верговски-Алпи, роден во 1950 година, во Белград, е истакнат советник конзерватор чие уметничко патување е длабоко обликувано од неговите ментори и од различните стилови на модерната уметност. Неговите школски и студентски години се обележани со богато образовно искуство, почнувајќи од Средното уметничко училиште во Скопје, под раководство на професорот Димо Тодоровски. Тука Верговски ги усовршува своите уметнички вештини и развива длабока проникливост за сложеноста на уметничкото изразување. Продолжувајќи го своето ликовно образование, Верговски се […]

„Подобро на гранка отколку заглавен во лифт“ Мирослав Масин во Даут пашин амам

Ве известуваме дека на изложбата на Мирослав Масин насловена „Подобро на гранка отколку заглавен во лифт“ ќе биде отворена во објектот Даут пашин амам, на 15.5.2024, во 20 часот. За комплексното творештво на Мирослав Масин, за естетичките категории и темите на интерес, пренесуваме дел од ставовите на авторите кои се осврнале на истото. „… ако примитивизмот е антирационалистичка и антиматеријалистичка филозофија, потрага по потеклото и апсолутите, по недопрената и неконтаминирана човечност и побуна против линеарната, […]

Самостојна изложба на Надја Розева во Чифте амам

На 11.04.2024 година, четврток, во 19:30 часот, во Чифте амам ќе биде отворена самостојна изложба на Надја Розева. На изложбата ќе бидат прикажани медални скулптури создадени во различни периоди, како и други дела на авторот. Изложбата ќе трае до 7 мај 2024 година. Националната галерија за прв пат ќе ги претстави уметничките медали на светски познатата медалистка Надја Розева. Изложбата е прва од ваков вид во нашата земја и ќе го насочи вниманието на јавноста […]

„Париски рефлексии 3“ во Чифте амам

Националната галерија во соработка со Францускиот институт во Скопје, во рамките на одбележување на Меѓународниот ден на франкофонијата, со особено задоволство го најавува третото продолжение од циклусот изложби под наслов „Париски рефлексии“. Изложбата која го носи предзнакот 3 претставува избор на дела од третата генерација македонски уметници кои реализирале студиски престој, дел како добитници на тогашната државна награда „Моша Пијаде“, но и преку специјализации и дополнување на образованието, изложби или на извесен начин во дел […]

Axiotomic + IXgram Дориан Јовановиќ и Стефан Шашков – КАПЕЊЕ

Како последен проект за 2023 година го најавуваме мултимедијалното претставување на авторите Дориан Јовановиќ и Стефан Шашков насловена „Капење“. Оваа инсталација на видеа и звук ќе биде поставена во просторот на Чифте амам на 27 декември 2023, официјално од 20 ч, па се до 7 јануари 2024 година. Амамот, односно неговата функција во даденото време, бил јавен простор каде се вршело прочистување на телото, но и размена на информации од секојдневниот живот на чаршијата. Со […]