Славица Јанешлиева со „Впечатоци“ во Мала станица

Ве информираме дека во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица на 26 декември 2012 година (среда) во 20 часот, ќе биде отворена самостојна изложба на Славица Јанешлиева под наслов „Впечатоци“. СЛАВИЦА ЈАНЕШЛИЕВА е родена 1973 година во Скопје. Во 1996 дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек графика. Во 1998 магистрирала на истиот факултет. Од 2006 работи како доцент на Катедра по графика, на Факултетот за ликовни уметности, при Универзитетот „Св. Кирил […]

Урош Ѓуриќ во Мала станица со „Тишина“

Ве информираме дека во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 23 ноември 2012 година (петок) во 20 часот ќе се отвори изложба на Урош Ѓуриќ со наслов Тишина. Урош Ѓуриќ го преиспитува меѓуодносот уметник-публика, системот на уметноста-државата и воведувајќи се себеси како референтна точка во тие процеси, го преиспитува местото на уметникот во тој систем на дејствување како активен учесник во микро и макроопштествените хоризонти на реалноста. Различните медиуми на изразување какви што […]

„Блесок“ на Нарциса Андреевска во Мала станица

Ве информираме дека во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 2 ноември 2012 (петок) во 20 часот ќе се отвори изложба на Нарциса Андреевска. Секоја нова средба со творештвото на Нарциса Андреевска буди нов предизвик и наметнува цела низа прашања што носат дилеми и, секако, со толкувањето на нејзините дела се добиваат одговорите. Сето тоа е изразено во маслата преку кои се обидуваме како посматрачи да впловиме во нејзината интима изразена со колоритот, […]