Axiotomic + IXgram Дориан Јовановиќ и Стефан Шашков – КАПЕЊЕ

Како последен проект за 2023 година го најавуваме мултимедијалното претставување на авторите Дориан Јовановиќ и Стефан Шашков насловена „Капење“. Оваа инсталација на видеа и звук ќе биде поставена во просторот на Чифте амам на 27 декември 2023, официјално од 20 ч, па се до 7 јануари 2024 година. Амамот, односно неговата функција во даденото време, бил јавен простор каде се вршело прочистување на телото, но и размена на информации од секојдневниот живот на чаршијата. Со […]

„NOMEN EST OMEN“ на Колектив ЗЕРО во Мала станица

Изложба „NOMEN EST OMEN“ на Колектив ЗЕРО, која ќе биде отворена на 12 октомври 2023 (четврток), со почеток во 20 часот, во мултимедијалниот центар Мала станица, на Националната галерија.  Од протозеро друштвото на почетокот на 80тите произлезе “Колектив Зеро” (нула, ништо, безначајност), која е формирана во 1985 година во ориенталниот амбиент и институциите на Старата скопска чаршија. Колективот Ø – Зеро, во 80-тите години на 20 век претставуваше парадигма за вонинстиуционално генерациско дејствување на македонската […]

Изложба „Наместо вовед“ на Митко Панов

Изложбата на Митко Панов ќе се отвори на 5 октомври 2023 (четврток), со почеток во 20 часот, во објектот Мала станица.  Изложбата на Митко Панов е осмислена да прикаже два елемента од неговото творештво – сликарството и филмот. Всушност концептот е приказ на творештвото каде авторот е визуелен раскажувач. Митко Панов е посветен на своето творештво, во истражувањето на нови изразни форми, каде прави синтеза помеѓу класичните сликарски дисциплини, филмот и современите текови на идејата […]

Владимир Темков – Ретроспективна изложба во Чифте амам

Пред почетокот на летниот период го најавуваме 40-годишниот ретроспективен опус на Владимир Темков во Чифте амам. Отворањето на изложбата е закажана за 31 мај 2023 (среда), во 20 часот. Владимир Темков е присутен на македонската и тогашната југословенска ликовна сцена од 1980 година, и јубилејно 40 години од неговата прва самостојна изложба. Од тој период, па до денес, учествува на изложби во Македонија и тогашна СФРЈ, како и на многу меѓународни изложби, колонии, симпозиуми… Со […]

Изложба на Кристина Пулејкова во Чифте амам

Изложбата „Свадбен пат“ на авторот Кристина Пулејкова, ќе се отвори во четврток (19 декември) со почеток во 19 часот, во објектот Чифте амам, во срцето на Скопската чаршија. За изложбата кураторот на истата, вишиот кустос Ана Франговска, вели: Концептот околу кој се дефинира и обликува наративот на проектот е приказната за европската јагула, која е ставена на листата на загрозени видови, а паралелно на европската јагула, Пулејкова локално, ја вклучува и охридската јагула, која природно […]

„Мустаќлии“ – Дела од колекцијата на Националната галерија

Во пресрет на месецот ноември, или во контекст на месецот на подигнување на свеста за машкото здравје и глобалната кампања на пуштање на мустаќи кај мажите – Movember, Националната галерија ја организира изложбата насловена „Мустаќлии“ на дела од нејзината богата колекција. Имено, оваа изложба е првото издание на проектот „Од поинаков дискурс“ кој има за цел да вклучи интелектуалци чија дејност не е тесно врзана со ликовната уметност, критика и теорија, кои во соработка со […]

Рубенс Корубин – „Ателје, Радоста на сликањето“

Рубенс Корубин веќе долг низ на години се наоѓа во самиот врв на современото македонско сликарство. Тој работи во повеќе медиуми (сликарство, цртеж, графика, и мозаик), а неговите дела претставуваат ретки, совршени унии помеѓу темата и начинот на експресијата. Уметноста на Корубин сведочи за исклучителна способност за прикажување на едно ретко емотивно богатство, а ги поседува и сите знаци на големо сликарско мајсторство. Еден романтичен сликар, тој е уметник кој ја искажува сопствената деликатна визија […]

Ретроспективна изложба на Реџаи Исени

Реџаи Исени (1939 – 2018), е автор чие целокупно творештво е сепак битен сегмент од македонската современа уметност, поврзан со посткубистичките влијанија кои во нашата средина не беа силно изразени, а сепак присутни и негувани во одделни варијанти кај некои творци. Иако во локални и национални рамки, (дури и екс југословенски, особено меѓу средината и постарата генерација), поради активното делување од крајот на шеесеттите, па се до осумдесеттите години од дваесетиот век, доста е познат […]

„Костадин Танчев-Динка – Од слика и графика до нови медиуми”

На 17 април 2019 година (среда) , со почеток во 12 часот, во објектот Даут пашин амам ќе биде одржана промоција на монографското издание посветено на творештвото на Костадин Танчев – Динка. Изданието под наслов „Костадин Танчев-Динка – Од слика и графика до нови медиуми” содржи повеќе текстови од следните автори: проф. д-р Владимир Величковски (авторски текст за творештвото на Костадин Танчев – Динка), проф. д-р Тони Васиќ (текст за најновиот проект – Интегрални графики […]

Изложба на Петре Николоски “БЕСКОНЕЧНОСТ (Infinity)”

Националната галерија на Македонија во рамки на овогодинешната јубилејна програма по повод чествувањето на 70 години од постоењето, како завршна манифестација ја најавува изложбата на Петре Николоски насловена ” БЕСКОНЕЧНОСТ (Infinity)” која ќе се отвори на 27 декември во просториите на Чифте амам, во 19.00 часот. Изложбата на Николоски се состои од повеќе мултимедијални дела и инсталации, кои се во најголем број изработени специјално и исклучиво во контекст на архитектонскиот и идеолошко – дискурзивен наратив […]