Изложба “Австриската уметност после 1945” во Даут пашин амам
По повод 30 години воспоставена дипломатска соработка, Австриската амбасада во соработка со Националната галеријаима особена чест да ве покани на отворањето на изложбата “Австриската уметност после 1945” на 30 октомври 2024, во Даут пашиниот амам со почеток во 18:00 чaсот. Австриската современа уметност по 1945 година е производ на едно сложено и динамично испрепелтување на историските, политичките и културни сили. Последиците од Втората светска војна условија Австрија, како и поголемиот дел од Европа, да се […]
Изложба „Најдрагиот Пинокио“ (Carissimo Pinocchio)
Амбасадата на Италија во Скопје и ИТА Скопје во соработка со Националната галерија на Република Северна Македонија со задоволство ве канат на прославата на Денот на италијанскиот дизајн 2024 година Во рамките на тридневната програма, на 14 март 2024 (четврток), во галеријата Чифте амам ќе се отвори изложбата со наслов „Најдрагиот Пинокио“ (Carissimo Pinocchio), во 13:00 часот. Поставката ќе може да се погледне во наредните две недели, до 28 март 2024. Имено, во објектот Чифте […]
Изложба „Калиопе Австрија и Северна Македонија“
Австриската амбасада во соработка со Националната галерија на Република Северна Македонија имаат задоволство да ве поканат на изложбата со наслов „Калиопе Австрија и Северна Македонија“, Жените во општеството, културата и науката која ќе биде отворена на 12 март 2024 година, во 19:00 часот, во Чифте амам. Австриското Сојузно Министерство за европски и меѓународни работи и Женскиот музеј во австриското гратче Хитисау во покраината Форарлберг ја промовираат работата и достигнувањата на жените од Австрија на секаде […]
,,Интимност и интерконекција” – Зимски салон 2024 на ДЛУМ
„Зимски салон 2024“ со годинешна кураторска тема ,,,Интимност и интерконекција” биенална изложба како дел од програмските изложби и проекти на ДЛУМ. Една од традиционално најзначајните групни изложби која претставува селекција на ликовна продукција на тема одредена од интернационален куратор. Историски гледано, оваа изложба е клучна во однос на смелите уметнички дебати и поставки со кои се потврдува улогата на визуелните поставки како рефлексија на општеството, со независност која служи како платформа за експериментирање и предизвикување […]
Ад Астра вол.2 на Валмир Азири во Мала станица
Ад Астра вол.2 во Националната галерија во просториите на „Мала станица“ во Скопје! Отворањето на изложбата е во четврток, 8 јуни 2023, во 19 часот, повелете! „Состојбата на создавање е состојба на фиксација. Додека не сме почнале сме опседнати, кога не сме завршиле сме опседнати“, вели големата руска поетеса Марина Цветаева во нејзиниот трактат „Уметноста во светлината на совеста“. Валмир Азири продолжува да биде „обземен“ од бесконечноста на хоризонтот кон кој тој држи чекор во сложено патување и надворешно и внатрешно. Во […]
Проекција на видеоинсталација „Вкрстени избори“ на Тања Балаќ
Самостојно претставување на уметницата Тања Балаќ ќе се одржи на 19 мај, во 20 часот во Национална галерија на Македонија, објект „Чифте амам“. Станува збор за мултимедијален проект – видеоинсталација насловена „Вкрстени избори“ („Crossing Choices“, 2023), која се состои од слика, фотографија, инсталација и видео. Текстот во каталогот за изложбата е на проф. д-р Ивица Џепаровски и се однесува на експерименталниот филм со наслов „Вкрстени знаци“ (“Crossing Signs”, 2023) оформен врз основа на ликовната подлошка […]
Изложба „Париски рефлексии II“
Националната галерија во соработка со Францускиот институт во Скопје, во рамките на одбележување на Меѓународниот ден на Франкофонијата, со особено задоволство го најавува второто продолжение на изложбата под наслов „Париски рефлексии“. Изложбата која го носи предзнакот 2, ги претставува делата на втората генерација македонски уметници кои реализирале студиски престој, изложби или на извесен начин во дел од нивното творештво биле поврзани во центарот на светската уметност – Париз, по што извршиле влијание врз развојот на […]
ОСТЕН БИЕНАЛЕ на ЦРТЕЖ Скопје 2022
Централниот настан на ОСТЕН БИЕНАЛЕТО на ЦРТЕЖ Скопје 2022 и ОСТЕН АРТ ФЕСТИВАЛ Скопје 2021/22 се одржа на 22 февруари 2023 во Националната галерија на Р. С. Македонија – Чифте aмам, со голема изложба на дела од речиси 160 меѓународни уметници од повеќе од 40 земји. Истовремено, беа изложбени наградените и селектираните карикатуристи од 54. Светска галерија на карикатури Скопје 2022, а на наградените уметници и карикатуристи присутни на настанот им беа врачени награди и […]
Отпорност – Приказни за жени кои инспирираат промени
Наскоро Фондацијата World Press Photo и Амбасадата на Кралството Холандија во соработка со Македонскиот центар за фотографија и Националната галерија претставуваат избор на приказни, наградени на натпреварите на World Press Photo од 2000 до 2021 година, кои ја истакнуваат отпорноста и предизвиците на жените, девојките и заедниците ширум светот. WPP-Resilience-booklet-Macedonian-download Оваа изложба ја афирмира посветеноста на Холандија на правата на жените и родовата еднаквост и правда, истражува како женските и родовите прашања во […]
Самостојна изложба на Сашо Блажес „Високо во ничија земја” во Чифте амам
На 25 октомври 2022 година (вторник), во 20 часот, во НУ Национална галерија, во објект Чифте амам ќе биде отворена самостојната изложба на Сашо Блажес насловена „Високо во ничија земја”. Сликите од циклусот „Високо во ничија земја” на Сашо Блажески, изработени во комбинирана техника (масло, акрилик и колаж на платно и масло на најлон), иако се во извесна помала или поголема корелација со различните дефиниции на терминот, сепак конкретно се однесуваат на денешната „нова“ […]