Од отворањето на изложбата FLUX IDENTITY
На 10 февруари 2021 година, во објектот Чифте амам, Националната галерија официјално ја започна програмата за тековната година со меѓународен проект наслов „Flux Identity“ На отворањето на изложбата д-р Дита Старова Ќерими, директор на Националната галерија, им се заблагодари на Канадската амбасада и на невладината организација „Визарт“ од Нови Сад, Србија, со чија соработка се реализира оваа изложба. Особена благодарност изрази кон Анета Пешева, почесен конзул на Канада. Истакна дека соработката со Амбасадата е долгогодишна […]
FLUX IDENTITY, современата уметничка сцена на Канада во дијалог со уметниците од РС Македонија во Чифте амам
Националната галерија годината ја започнува со меѓународна изложба, по една година одложување на меѓународните проекти заради состојбата со пандемијата на Ковид 19, со изложбата FLUX IDENTITY, современата уметничка сцена на Канада во дијалог со уметниците од РС Македонија. Организацијата е во соработка со Канадската Амбасада и невладината организација „Визарт“ од Нови Сад, Србија. Отворањето ќе се случи во среда, 10 февруари 2021, во 19 часот, објект Чифте амам. На изложбата FLUX IDENTITY, динамичен дијалог на […]
„Везење во камен“ на Моника Мотеска во Чифте амам
Мултимедијалниот проект „Везење во камен“ на Моника Мотеска ги претставува најновите истражувања на уметницата. Проектот е комплексна инсталација која го анимира целиот простор на Чифте амамот, а се состои од неколку независни, но и меѓусебно поврзани визуелни дела во различен медиум, од најкласичните цртежи-слики, преку просторни реди-мејд објектни скулптури/инсталации, па се до видео и звучни дела/инсталации. Мотеска ја покажува својата ликовно-концептуална вештина пред се во класичните форми на визуелно изразување, а потоа и во предизвиците […]
Чудесните илустрации на Кондовски се празник за детските сетила
Во просториите на Националната галерија, објект Мала станица, беше отворена изложба на илустрации од Димитар Кондовски. Националната галерија деновиве беше обвиена со духот на радоста на детската илустрација на великанот на современото сликарство. Воедно чудесните илустрации претставуваат и своевиден празник за детските сетила, за нивниот богат имагинативен свет. Токму изложбата на илустрации е соодветен вовед кон ретроспективната изложба на Кондовски што ја подготвуваме, истакна директорката на Националната галерија, Старова-Ќерими. -Во далечната 1992 паметам како мојот […]
Графики и цртежи на Адем Дермаку во Чифте амам
На 08 Август 2019 (четврток) во Националната галерија, објект „Чифте Амам“ со почеток од 19.00 часот, ќе биде отворена изложбата „ МОИТЕ СПОМЕНИ, ДАЛИ СЕ И ТВОИ…?!”, графики и цртежи од Адем Дермаку, познат уметник од Швајцарија/Косово. Дермаку се продлабочи рано во техниките на графичко печатење. Неговото широко познавање на многу традиционални техники често се комбинира во неговите дела. Градење мостови преку употреба на носталгични средства, кои ги користат уметниците за критични современи теми, кулминира во нови, изненадувачки слики. Неговите […]
„Интеграција на идентитети“ во Мала станица
Во Националната галерија, објект Мултимедијален центар „Мала станица“ на 26 Jули 2019 (петок) со почеток од 20.00 часот, ќе биде отворена изложбата „Интеграција на идентитети“ од 21 автори од С.Македонија и Бугарија. Претходно оваа изложба, која е иницирана од ликовната група уметници „Конекција“ и е продуцирана од КИЦ на РСМ во Софија, беше претставена пред културната публика во Пловдив – градот Европска престолнина на културата за 2019 година и во главниот град на Бугарија, Софија. […]
Изложба „Неименуваното е одговор“
Живееме во време во кое изборот и начинот на кој се прикажува минатото е од клучно значење за демократизацијата на современото општество. Историјата е колективна меморија која му дава смисла на нашето политичко постоење и делување. Дали нашите животни и професионални заложби ќе ги водиме во потенцирање на јавното, заедничкото и развојот или кон сè поголема индивидуализација и раст, типична за денешниот глобален капитализам, зависи и од тоа и како го вреднуваме минатото и од […]
„Од традицијата“ изложба на Решат Амети
Изложбата ќе биде отворена на 2 септември 2017 год. (сабота), во 20 часот, објект Чифте амам. Изложбата ќе ја отвори директорот на Националната галерија на Македонија, д-р Дита Старова Ќерими. Решат Амети е роден во Гостивар (1964), дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје 1989 година во класата на професорот Ана Темкова, а дипломската работа ја одбранил кај професорот Ристо Калчевски. Добитник е на многу награди и признанија како наградата за сликарство „Лазар Личеноски“ […]
Европска ноќ на музеите 2017
Националната галерија на Македонија оваа година е дел од европската манифестација „Европска ноќ на музеите 2017“ која ќе се одржи на 20 мај 2017 година. Оваа манифестација се одржува во сите музеи во Франција и во сите европски музеи кои сакаат да партиципираат, а влезот на „Европска ноќ на музеите 2017“ е бесплатен за сите посетители. Оваа манифестација е поддржана од Министерството за култура и комуникации на Република Франција, Советот на Европа, ИКОМ, УНЕСКО, а […]
Изложба на уметнички слики од македонски автори, наследени во процесот на сукцесија на поранешна СФРЈ
Во Национална галерија на Македонија, објект Мала станица, на 3 декември 2016 година, во 12 часот ќе се отвори изложбата Уметнички слики од македонски автори, наследени во процесот на сукцесија на поранешна СФРЈ. На изложбата се застапени 46 уметнички дела и се поголем дел на уметнички слики од македонски автори преземени како движен имот во сукцесијата која и припадна на Република Македонија, а чиј што пат дотука воопшто не беше лесен. Овие дела, од наши […]