Изложба „Замислувајќи го Балканот- идентитети и сеќавања од долгиот19 век“
„Замислувајќи го Балканот- идентитети и сеќавања од долгиот 19–ти век“ е меѓународната патувачка изложба што синоќа беше отворена во објектот Чифте амам во Старата скопска чаршија. Според министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, на оваа значајна изложба која ја раскажува приказната за градењето и за развитокот на модерните нации во Југоисточна Европа, посетителите на непосреден и автентичен начин ќе можат да се запознаат со балканската историја, со културата, религијата и со богатото културно наследство на овој […]
Замислувајќи го Балканот – Идентитетите и сеќавањата од долгиот 19 век
Отворање на изложбата „Замислувајќи го Балканот – Идентитетите и сеќавањата од долгиот 19 век“ во Чифте амам… Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска вечерва (четврток, 12.6.2014 година) во 19:00 часот во објектот Чифте амам ќе се обрати на отворањето на изложбата „Замислувајќи го Балканот – Идентитетите и сеќавањата од долгиот 19 век“. Во комплексната поставка која ја раскажува приказната за градењето и за развитокот на модерните нации во Jугоисточна Европа, покрај нашата земја учествуваат и Србија, […]
„Скопје низ објективот на еден млад француски фотограф“ во Чифте амам
Изложбата на фотографии од главниот град на Жереми Бишолц, насловена како „Скопје низ објективот на еден млад француски фотограф“, ќе биде отворена в среда 16 април 2014 во галеријата Чифте амам и ќе трае до 30 април 2014. Францускиот институт во Скопје и Националната галерија на Македонија имаат чест да Ве поканат на отворањето на изложбата на фотографии на Жереми Бишолц „СКОПЈЕ НИЗ ОБЈЕКТИВОТ НА ЕДЕН МЛАД ФРАНЦУСКИ ФОТОГРАФ“. Во текот на еднонеделниот уметнички претсој во […]
Изложба “Париз, те сакам” – поставка
Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 24 март 2014 година (понеделник) се отвори изложбата “Париз, те сакам”. На изложбата се претставени делата на 41 македонски уметници, кои со поддршка на Министерството за култура на РМ во текот на изминатите години имаа можност да остварат двомесечен студиски престој во „Меѓународниот град на уметностите“ во Париз, светската метропола на уметноста.
„Париз те сакам“ во репрезентативниот простор на Чифте амам
Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 24 март 2014 година (понеделник) во 13 часот ќе се отвори изложбата Париз, те сакам. Изложбата „Париз те сакам“ во репрезентативниот простор на Чифте амам е организирана по повод Светскиот ден на франкофонијата и со себе носи уште една придобивка повеќе во насока на продлабочување на искреното пријателство на македонскиот и францускиот народ. На изложбата се претставени делата на 41 македонски уметници, кои со поддршка на […]
(фото) Дел од кинеската култура преставена во Мала станица
Изложбата е резултат на духовната и на културната рехабилитација, а секој експонат е рачно навезан од девојките од малцинството Чианг во регионот Венчуан. Градоначалникот на Венчуан, Ванг На, истакна дека пријателството меѓу Македонија и Кина се покажало со помошта што, како што рече, љубезниот македонски народ му ја дал на кинескиот во справувањето со катастрофалниот земјотес. “Се повеќе кинески туристи доаѓаат во Македонија, каде не само што уживаат во културниот гламур и прекрасните пејсажи, туку […]
Изложба на кинески везови во Мала станица
Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица на 12 септември 2013 година (четврток) во 12:30 часот ќе биде отворена изложба на везови од областа Чианг. Изложбата се организира по повод одбележувањето на 20 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Кина и Македонија и за спомен на 50 години од земјотресот во Скопје и 5 години од земјотресот во Сичуан, се организира изложбата за везови од малцинството Чианг, која е во ко-организација на Амбасадата […]
„Копнеж по реалното“ – комплетна поставка
Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 10 јули 2013 година (среда) во 20 часот се отвори изложбата Копнеж по реалното, изложба на современи австриски уметници. Ви ја претставуваме комплетната поставка. Изложбата ќе може да ја проследите и во наредните 30-тина денови.
„Копнеж по реалното“ изложба на современи австриски уметници (Фото)
Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, во средата (10 јули 2013 година) се отвори изложбата Копнеж по реалното, изложба на современи австриски уметници. Изложбата свеченото ја отвори г-а Халиде Палоши, директор на Национална галерија на Македонија, Карин Цимер, куратор на проектот, Ханспетер Хубер, помошник министер во сојузното Министерство за образование, уметност и култура на Р. Австрија и Елизабета Канческа-Милевска, министер за култура на Р. Македонија.
Изложба на современи австриски уметници вечерва во Чифте амам
Почитувани, Ве известуваме дека во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 10 јули 2013 година (среда) во 20 часот ќе се отвори изложбата Копнеж по реалното, изложба на современи австриски уметници. Изложбата ќе се отвори во среда, 10 јули, во 20.00 часот, во нашиот објект Чифте амам, а на свеченото отворање ќе говорат г-а Халиде Палоши, директор на Национална галерија на Македонија, Карин Цимер, куратор на проектот, Ханспетер Хубер, помошник министер во сојузното […]