Свечено отворање на изложбата на Демир Бељуљи

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 22 јуни 2013 година во 12 часот се отвори изложба на Демир Бељуљи. Во присуство на бројната публика, изложбата ја отвори директорката на Националната галерија на Македонија, г-ѓа Халиде Палоши. Изложбата е во организација на Скопско лето 2013.

(фото) Изложба на Бубан и Мајер во Мала станица – отворање

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, во вторникот (11 јуни 2013 година) беше отворена изложбата на словачките уметници Стано Бубан и Ева Мајер. Ева Мајер е родена 1983 година во Соморја (Словачка) и е талентиран графички уметник на најмладата генерација. Дипломирала во 2008 година на Унгарскиот универзитет за ликовни уметности во Будимпешта. Главни теми на нејзината уметност е испитувањето на поединецот на патот во општеството. Стано Бубан е роден 1961 година во Сечовце, […]

Станислав Бубан и Ева Мајер во Мала станица

Почитувани, Ве информираме дека во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 11 јуни 2013 година (вторник), во 20 часот, ќе се отвори изложба на Стано Бубан и Ева Мајер. Ева Мајер е родена 1983 година во Соморја (Словачка) и е талентиран графички уметник на најмладата генерација. Дипломирала во 2008 година на Унгарскиот универзитет за ликовни уметности во Будимпешта. Главни теми на нејзината уметност е испитувањето на поединецот на патот во општеството. Ева Мајер ги […]

Life Action / Game Action 2 во Мултимедијалниот центар „Мала станица“

Ве информираме дека во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 25 декември (вторник), во 20 часот ќе се отвори изложбата Life Action / Game Action 2, кураторски проект на Ана Франговска, на која ќе излагаат уметниците Гордана Вренцоска, Славица Јанешлиева, Гоце Наневски, Игор Сековски, Александар Спасоски и Борис Шемов. Life Action / Game Action 2 е продолжение на минатогодишниот проект Life Action / Game Action 1 кој се одржа лани. Life Action / […]