„Екологија на мислата“ – Вебинар
„ЕКОЛОГИЈА НА МИСЛАТА“ – Вебинар, 4.03.2021, 18:00 ч. Промотивен настан на изложбата ДОПИРОТ, како дел од ИДНИ ЕКОЛОГИИ, проект на Британскиот совет и агенцијата „Лукс“ во соработка со Националната галерија, е вебинарот насловен ЕКОЛОГИЈА НА МИСЛАТА.
Учесниците на овој вебинар, сите плодни уметници и куратори на локалната визуелна уметничка сцена, ќе се осврнат на различни еколошки и политички прашања, чиишто процеси се во голема мера под влијание на начинот на кој човекот се однесува, ја експлоатира и уништува природата брзо менувајќи ги условите за живот: загаден воздух, почва, мориња, топење на мразот, пожари, поплави, уништени екосистеми, миграции, глад, пандемии… и конечно, како и дали сето тоа се одразува или преточува во визуелниот јазик, како моќна алатка за подигнување на свеста.
Вебинарот ќе дискутира за голем број еколошки и политички проблеми, чии процеси се под длабоко влијание на начинот на кој луѓето постапуваат, манипулираат и ja уништуваат природата. Ќе обедини проникливи погледи за животната средина, екологиите и космологиите, климатските промени, антропоценот, колонизацијата и индустријата за екстрактните индустрии, функционирањето на глобалниот пазар, урбаната иднина и одржливост, миграцијата, идентитетот, прифаќањето на другиот во општеството, правењето убавина од грдото, критикување на медицинските индустрии и сл.
Заклучокот даден во книгата на Саша Каган од 2012 година, како еден од теоретските пристапи во областа на еколошките уметности, „Кон глобална (еколошка) ментална промена – трансформативна уметност и култури на одржливост“, дефинира дека глобалната криза на неодржливост претставува нарушување на хардверот на цивилизацијата, како и криза на софтверот на човечкиот ум.
Регистрациски формулар за учество: https://forms.office.com/Pages/ResponsePage.aspx?id=yl06Q73zbUyn-wzvIdegsb7djbo3x5VLmUu-ScB08FRUOU5FM0pYVEZTSTVGSzIyMzBRMlpNWDlKRi4u
Гости говорници
- Небојша Вилиќ, куратор, критичар и теоретичар на уметност и професор на Факултетот за драмски уметности, Факултетот за ликовна уметност и Факултетот за историја на уметност
- Кристина Пулејкова, уметник со седиште во Лондон
- ОПА, уметничка група, Слободанка Стевческа, професор на Факултетот за уметност во Скопје, и Денис Саракиноски, слободен уметник со седиште во Скопје
- Славица Јанешлиева, уметник и професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје
- Ивана Васева, уметнички критичар, невладина организација
- Велимир Жерновски, слободен уметник со седиште во Скопје
- Елпида Хаџи-Василева, слободен уметник со седиште во Велика Британија
Модератор и куратор
Ана Франговска, виш кустос во Националната галерија