BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
PRODID:-//Nationalgallery.mk - ECPv4.9.14//NONSGML v1.0//EN
CALSCALE:GREGORIAN
METHOD:PUBLISH
X-WR-CALNAME:Nationalgallery.mk
X-ORIGINAL-URL:https://nationalgallery.mk
X-WR-CALDESC:Изложби за 
BEGIN:VTIMEZONE
TZID:Europe/Paris
BEGIN:DAYLIGHT
TZOFFSETFROM:+0100
TZOFFSETTO:+0200
TZNAME:CEST
DTSTART:20240331T010000
END:DAYLIGHT
BEGIN:STANDARD
TZOFFSETFROM:+0200
TZOFFSETTO:+0100
TZNAME:CET
DTSTART:20241027T010000
END:STANDARD
END:VTIMEZONE
BEGIN:VEVENT
DTSTART;TZID=Europe/Paris:20241119T200000
DTEND;TZID=Europe/Paris:20241220T180000
DTSTAMP:20260520T121750
CREATED:20241112T095519Z
LAST-MODIFIED:20241114T095800Z
UID:13404-1732046400-1734717600@nationalgallery.mk
SUMMARY:Вангел Коџоман\, 120 години од раѓање
DESCRIPTION:var hupso_services_c=new Array("twitter"\,"facebook_like"\,"facebook_send"\,"google"\,"email");var hupso_counters_lang = "en_US";var hupso_image_folder_url = "";var hupso_twitter_via="NGM_Skopje";var hupso_url_c="";var hupso_title_c="%D0%92%D0%B0%D0%BD%D0%B3%D0%B5%D0%BB%20%D0%9A%D0%BE%D1%9F%D0%BE%D0%BC%D0%B0%D0%BD%2C%20120%20%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B8%20%D0%BE%D0%B4%20%D1%80%D0%B0%D1%93%D0%B0%D1%9A%D0%B5";Вангел Коџоман\, 120 години од раѓање\nДаут пашин амам\n19. 11. 2024\, 20 ч.\nНационалната галерија Ве поканува на изложба посветена на доајенот на современото македонско сликарство Вангел Коџоман која ќе биде реализирана во објектот Даут пашин амам по повод 120 години од неговото раѓање. Ќе ни биде голема чест и задоволство заедно да се потсетиме на неговиот живот и творештво\, неговите портрети и пејзажи\, боите и светлината на неговиот роден крај. \nОваа година се одбележуваат 120 години од раѓањето на академскиот сликар Вангел Коџоман. Почитта која му се оддава на уметникот значи повторна средба на неговите дела со публиката\, кои по подолг временски период се изложуваат и нѐ потсетуваат на едно минато време забележано со вештата сликарска рака. \nКоџоман ѝ припаѓа на првата генерација академски образовани уметници\, заедно со Димитар Пандилов\, Лазар Личеноски и Никола Мартиноски\, а нешто подоцна и Василие Поповиќ-Цицо\, Димо Тодоровски\, Томо Владимирски и Љубомир Белогаски\, кои се сметаат за основоположници на македонската модерна уметност. Важно е да потсетиме на огромните напори што овие автори ги вложувале во своето творештво за осовременување на македонскиот ликовен и културен живот\, кој се одвивал во тешки економски и општествено-политички услови. Тие твореле во времиња кога уметноста не ѝ била толку блиска на пошироката јавност\, во период обележан од војни\, сиромаштија и несигурност. Делата на овие автори за нас претставуваат и своевидно сведоштво за тие минати времиња\, белези се што нѐ потсетуваат на промените кои се случувале\, а кои уметниците ги доживувале на ним својствен длабок\, емотивен\, индивидуален начин. \nВо творештвото на Вангел Коџоман тешко може да се издвојат одредени фази. Грубо\, тоа може да се подели на два временски периода: пред Втората светска војна до 1950 година и од педесеттите до осумдесеттите години. Првиот е период кога во неговите дела се забележува академскиот реализам\, како и постимпресионистичко влијание од белградската ликовна школа\, додека вториот се карактеризира со веќе формиран личен колористички експресионизам кој преовладува во неговите дела\, а со елементи од фовистичкото сликарство. \nОна што најмногу ќе го обележи творештвото на Коџоман е неговиот придонес во обработувањето на многу различни теми. Интересот кон сѐ што го опкружува со помош на својот сликарски занает вредно го бележи\, црта\, слика. Се чини дека не постои тема која тој не ја обработува или\, пак\, не се обидува да ја стави на хартија\, на платно. Масло\, пастел и акварел се техниките со кои ги работи своите дела на темите: актови\, портрети\, пејзажи\, мртви природи\, како и дела со мотиви од староградската архитектура\, дела со социјална тематика и дела со историска содржина. Сепак\, најпрепознатлив е по пејзажот и портретот\, во кои ги остварува своите најголеми и најзначајни дела. \nЛиковниот опус на Вангел Коџоман е многу голем. Пред сѐ\, тоа се должи на неговата мисла дека уметноста треба да биде меѓу луѓето\, дека таа му припаѓа секому и дека не треба да биде ничија привилегија. Оттука ја црпи својата истрајност\, дисциплинираност и посветеност кон работата. Третманот на сите техники во кои се изразува за него имаат иста важност и вредност\, како и темите кои ги обработува во текот на својот творечки живот\, што ќе го одбележи како особено плоден автор\, препознатлив и запаметен како сликар на македонското поднебје. \nДо крајот на својот живот (1994) вредно\, одговорно и со огромна љубов ќе биде посветен на својот занает: уметноста и сликарството. Улогата на Вангел Коџоман како еден од основоположниците на македонската модерна уметност ќе остане забележана и високовреднувана во историјата на македонската уметност. \nКуратор на изложбата е Александра Зиновски Вилиќ и истата ќе биде поставена до 20 декември 2024. \nvar hupso_services_c=new Array("twitter"\,"facebook_like"\,"facebook_send"\,"google"\,"email");var hupso_counters_lang = "en_US";var hupso_image_folder_url = "";var hupso_twitter_via="NGM_Skopje";var hupso_url_c="";var hupso_title_c="%D0%92%D0%B0%D0%BD%D0%B3%D0%B5%D0%BB%20%D0%9A%D0%BE%D1%9F%D0%BE%D0%BC%D0%B0%D0%BD%2C%20120%20%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B8%20%D0%BE%D0%B4%20%D1%80%D0%B0%D1%93%D0%B0%D1%9A%D0%B5";
URL:https://nationalgallery.mk/event/vangel-kodhoman-120-godini-od-ragane/
LOCATION:Daut Pasha Hamam\, Krushevska 1A\, Skopje\, 1000\, Macedonia
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://nationalgallery.mk/wp-content/uploads/2024/11/fb-cover-Kodjoman.jpg
END:VEVENT
END:VCALENDAR