BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
PRODID:-//Nationalgallery.mk - ECPv4.9.14//NONSGML v1.0//EN
CALSCALE:GREGORIAN
METHOD:PUBLISH
X-WR-CALNAME:Nationalgallery.mk
X-ORIGINAL-URL:https://nationalgallery.mk
X-WR-CALDESC:Изложби за 
BEGIN:VTIMEZONE
TZID:Europe/Paris
BEGIN:DAYLIGHT
TZOFFSETFROM:+0100
TZOFFSETTO:+0200
TZNAME:CEST
DTSTART:20230326T010000
END:DAYLIGHT
BEGIN:STANDARD
TZOFFSETFROM:+0200
TZOFFSETTO:+0100
TZNAME:CET
DTSTART:20231029T010000
END:STANDARD
END:VTIMEZONE
BEGIN:VEVENT
DTSTART;TZID=Europe/Paris:20230927T200000
DTEND;TZID=Europe/Paris:20231210T180000
DTSTAMP:20260410T091324
CREATED:20230918T085546Z
LAST-MODIFIED:20231124T082356Z
UID:12647-1695844800-1702231200@nationalgallery.mk
SUMMARY:Изложба на Симон Шемов „Мултиверзум“
DESCRIPTION:„Сето време е сега“\, вели поетот и есеист Алек Дервен Хоуп\, свесен за сложеноста што се јавува во поетската имагинација\, која се храни со идеи за минатото и иднината од гледна точка на недостижното сега. Парадокс е вечноста.\nВечноста не е физичко место\, туку ментална состојба во која се размислува за секоја секунда од историјата како да се случува токму сега. Ова важи без разлика дали некој размислува за античка филозофија токму во овој момент или замислува идна можност заснована врз интуиција во истиот момент\, или дали едноставно гледа во ѕвезда чија светлина настанала во минатото\, а заради временско-просторниот дискурс и патување таа е видлива за нас сега\, што ги релативизира прашањата за безграничноста на просторот во универзумот\, за времето\, светлината… \nОваа размисла е најава на новата визуелна сензација која ни ја нуди Симон Шемов\, т.е. неговата десетлетна богата уметничка продукција која\, покрај „новиот“ емпиризам\, го носи и бремето на минатогодишното искуство подолго од половина век\, со онтологијата и антолошкото значење на едно богато уметничко кредо. Најновиот творечки циклус на маестро Шемов\, насловен „Мултиверзум“ се занимава главно со аспекти на космологијата и космогонијата\, т. е. со проблемите на појавата и егзистирањето на космосот и универзумот\, а секако\, преку оваа општа феноменолошка семантика\, и со посебната хуманистичка егзистенцијална природа на човекот\, трагање кон посебното од општото или обратно\, преку субјективното и сингуларното кон безграничното. \nВо најновиот опус од речиси 400 дела\, се издвојуваат „четири феноменолошки аспекти кои се аналогни на неговите повторливи интереси низ хронологиската матрица и се провлекуваат како дискурсни нишки низ неговиот целокупен уметнички опус (од почетоците\, во средината на 60-тите на минатиот век до денес). Станува збор за природната индоктринација со пантеизмот\, сосема логично на него се надоврзува преокупираноста со прашањата за постанокот и егзистенцијата на универзумот\, та оттука космологијата/космогонијата како клучни одредници ad acta\, потоа аспектите на поврзаноста на уметноста и природата на игрите (т. е. вечната потреба за истражување\, експериментирање и анимирање и на себе и на публиката – со одреден партиципативен директен или индиректен инпут) и семиотиката\, т. е. неговата преокупација со истражување и трансформирање на симболи и архетипови“. (Ана Франговска) \n„Предизвикот од детството на неговото сликарство\, сè уште ја надразнува неговата истражувачка мисија\, која почнува од една точка со туш\, а до денес љубопитно ѕирка зад оградата\, зад неговите Паравани\, со трајна надеж дека еден ден истражувачкиот процес ќе го доведе до одговорот за вистината на постоењето на нас самите\, на сите во неограничената космогонија. Истрагата продолжува\, не е на повидок THE END. Шемов е вљубен во живиот свет. Тука е сосредоточена неговата неизмерлива тврдоглавост да го растајни опстанокот во целиот универзум\, каков\, колкав и каде и да е“. (Соња Абаџиева) \nИзложбата ќе се отвори на 27 септември\, во 20 часот\, објект Даут-пашин амам\, и ќе трае до 27 ноември. \nКуратор на проектот е Ана Франговска. \n
URL:https://nationalgallery.mk/event/izlozhba-na-simon-shemov-multiverzum/
LOCATION:Daut Pasha Hamam\, Krushevska 1A\, Skopje\, 1000\, Macedonia
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://nationalgallery.mk/wp-content/uploads/2023/09/3-13.jpg
END:VEVENT
END:VCALENDAR