Ивана Пирковска изложува во Чифте амам

Share Button

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 12 декември 2013 година (четврток) во 20 часот ќе се отвори изложба на Ивана Пирковска со наслов Илузија за простор-времето.

Ivana Pirkovska pokana

Минималистичкиот проект на младата скулпторка Ивана Пирковска насловен „Илу­зијата за простор-времето“ се состои од пет транспарентни висечки инста­лации кои заемно кореспондираат и се надо­полнуваат. Проектот е конципиран од раз­лични материјали (плек­сиглас, огледала, обоени обрачи, топка, тениски топчиња, обоени конци, обоени фолии и објекти- цртежи).

Пирковска во проектот глобално го актуелизира проблемот на излузијата, со која се восприема светот и човекот. Човечката перцепција и рецепција се ограничени, фрагментирирани, нецелосни во контекстот на простор-времето. Светот и човекот се набљудува и восприема низ искуството, т.е. илузијата стекната од раѓањето, такашто објектив­ната ствар­ност за светот на природата и за светот на човекот се темели на заблу­дата.

Користењето на геометриските елементи (квадратот, коцката, кругот и линијата) во инсталациите на Пирковска се артику­лираат низ суперпозицијата на елемен­ти­те и низ линеарното вкрстување на точките на посочените геометриски форми. Во нив дополнително се вклучени огледалата како рефлексија не само на виртуел­носта/илузијата за простор-времето, туку и како метафора на Плато­новата алего­рија за пештерата, т.е. за нашиот ограничен, заробен ум, чие царство на идеите, стана царство на нашите проекции, фикции и стеканти илузии за све­тот и за човекот.

Во нејзинте геометриски конципирани и минималистички крајно редуци­рани, речиси концептуалистички третирани инсталации, набљуду­ва­чот може да се проектира себеси и ментално да соучествува во довршувањето на идеите за презентираните форми, и на идеите за идеите на авторката, коишто се одне­су­ваат пред сè за природата на светот, и за природата на човекот, а кои се темелат на илузијата, на незнаењето, на предрасудите, коишто станаа сенки на сенките и слика на сликите на нашата секојдневна стварност.

Share Button