Изложба на Марија Светиева во Мала станица

Share Button

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 21 јуни 2013 година (петок) во 20 часот ќе се отвори изложба на Марија Светиева.

marija svetieva plakat

Марија Светиева создава нестварен свет, сочинет од опипливи податоци на личното опкружување мистифицирајќи ја притоа реалноста се дотаму каде што се влегува во сферата на препознавањето на уметничкото поради што уметницата се радува на чинот на создавање надминувајќи го притоа чувството на осаменост и напуштеност, со што ова творештво со право може да го наречеме исцелително. Делата на уметницата радуваат и крепат, пленат со животна радост и хармонија произлезени од раскажувач на мали-големи нешта. Следиме лирска катарза, убавина на мислата и нејзина емоција. Прецизна гестикулација на цртежот што е продолжување и појаснување на содржината на мислата, односно на сонот-приказна. Силна ликовно лирична авантура, сензитивни сугестии, визуелизација и поетика во содејство со ликовниот гест.

Нејзината уметност е чувствување на животот преку невини асоцијативни претстави, микросостојби, временски и вонвременски за сето тоа да се преобрази во спас на траењето од заборав, односно да создаде миловидност што не познава загуби и погуби. Значи, создадена е уметност што магепснички плени, уметност што трепети буди и надежи гради. Сликарство отворено со бескрајна инвентивност мелодиски палети и хумани пораки, а раскошната слобода, пак, во играта на духот не плени со магична сила. Во секој случај, станува збор за совладана вештина на сликарските техники, а смелоста и антологискиот избор на чувствителноста е состојба што ја создава фаустовската авантура, но лично и самостојно без ничие посредништво. Секој нејзин потег намерен или не ја реализира целината на визијата, а таа, пак, може да ја сметаме за оправдана и можна или, пак, да ја доживееме како мноштво од метафигурални облици.

marija svetieva treperi zemjata pod moite noze

marija svetieva treperi kosmosot od ljubov1

marija svetieva kolaz2

marija svetieva karnevalmarija svetieva 1

Марија Светиева оваа година одбележува 25 години ликовно творештво.

Кустос на изложбата е Љупчо Маленков.

Изложбата ќе ја отвори г-а Халиде Палоши, директор на Националната галерија на Македонија.

Со почит,

Национална галерија на Македонија

 

Share Button