Изложба на Мифтар Мемети во Чифте амам

Во чест на 550 години од раѓањето на Скендербег. Во тек се подготовките на изложбата на Мифтар Мемети која според планираното треба да се одржи во мај, во објектот Чифте амам.
Станува збор за најновиот проект на Мифтар Мемети кој опфаќа 4 тематски целини на кои авторот работел веќе подолого време, односно му ги посветил последните 10 години од неговото творештво. Овој негов 10 годишен труд инспириран од албанската историја и култура токму по повод 550 години од раѓањето на Скендербег ќе најде свое место во изложбениот простор на објектот Чифте амам, целосно вклопувајќи се во идејата и целта на авторот да даде свој печат во одбележувањето на годишнината од раѓањето на големиот војсководец. Тргнувајќи од тука, сама по себе се наметна и идејата на овој датум да биде организирано и отварањето на оваа изложба. На изложбата се прикажани вкупно 350 слики во мал формат работени во маслена техника. Тие се меѓусебно поврзани и комбинирани во засебни целини на комплексни мозаични слики формирајќи 4 поедничени дела во голем формат.
Првото дело кое има централно место во проектот тргнувајќи од поводот за оваа изложба е посветено на 550 години од раѓањето на Скендербег и е формирано од слики во мал формат меѓусебно суптилно поврзани во една целина која претставува голем мозаик на кој го распознаваме токму ликот на славниот војсководец. Освен гоелмиот мозаик посветен на Скендербег на овој настан ќе бидат изложени и уште три вакви дела посветени на: 100 години од раѓањето на Мајка Тереза, 100 години од независноста на Албанија и чинот на прогласување на Мајка Тереза за светица. Делото посветено на100 години од раѓањето на Мајка Тереза е направено од 100 слики во мал формат од кои повторно како и во претходното дело се формира еден голем мозаик од кој изникнува портретот на Мајка Тереза.
Проектот пак посветен на 100 години од независноста на Албанија ги прикажува најзначајните историски личности на Албанскиот народ, повторно формирајќи од портретите на овие личности еден голем мозаик. Целокупниот број на овие слики во мал формат кои ги формираат големите мозаични претстави на значајни личности од албанската историја е вкупно 350. Сите се работени со маслена техника со нагласен реалистичен пристап и извонредна цртачка прецизност, факт кој на крај претставува клучен момент во идеалното градење на мозаичните дела налик на пазелси од мали платна. Малите платна водат кон големата слика, големата слика е причината за малите платна.
Сликарството на маестро Мифтар Мемети претставува емоционален изблик, плод на човечкото, кое истовремено остварувавува блискост со луѓето во обид да им го доближи фактичкото. Сликар кој дава предност на чувствата и емоцииите, кои во текот на сликарскиот процес постепено се градат и продлабочуваат. Односно тој ја доближува сликата кон своите замисли, следејќи ги сопствените емоции и интелектуален предизвик. Неговите дела се инспирирани од драматични настани, поврзани со клучни моменти од албанската историја и култура.
Мифтар Мемети е роден 1954 г. во с. Раковец, Тетово. Во 1980 г. го завршил Факултетот за ликовни уметности во Приштина. До 2004 г. работел како наставник за ликовни уметности во сите тетовски средни училишта. Магистрирал сликарство на Факултетот за ликовни уметности во Приштина во 2001 г. под менторството на професорот Тахир Емра. Во 2004 г. после озваничувањето на Тетовскиот универзитет го добил звањето доцент и бил избран за редовен професор по предметот Цртеж со сликарство. Автор е на десетина самостојни изложби, учествувал на голем број колективни изложби.
Изложбата ќе се отвори на 17 јуни, во 20.00 часот во Чифте амам.