Конкурс за млад уметник

Share Button

Националната галерија со отворена покана за реализација на изложба на млади визуелни уметници .

На овој конкурс ќе може да се пријават уметници до (и) 35 годишна возраст (до денот на пријавувањето на конкурсот да немаат повеќе од 35 години), со постојано место на живеење на територијата на Р.С.Македонија (од најмалку три години).

Повикот е за сите млади уметници кои имаат идеја да реализираат проект во мултимедијалниот центар Мала станица, во периодот окт-ное 2020 година.
Темата не е ограничена.

Победници на конкурсот ќе бидат двајца уметници, т.е. два проекти. Уметникот кој ќе биде избран да ја реализира изложбата ќе добие до износ од 40.000 денари за продукција на изложбата (покриено со фактурни докази за набавениот материјал или изнајмена опрема) и 20.000 денари хонорар за неговиот ангажман.

Галеријата има обврска да испечати мал каталог за изложбата, 21х21 см, 12 страници, на македонски, албански и англиски јазик и да организира пригоден коктел за отворањето.

Уметничките дела може да бидат во било кој медиум: слики, фотографии, видеа, инсталации или скулптури.

Од сите пријавени трудови/автори на конкурсот, стручно жири (тројца странски членови од областа на уметноста и историјата на уметност и двајца локални членови) ќе направи избор на два автори чии изложби ќе бидат реализирани.

Пријавите мора да содржат: кратка наративна биографија (не повеќе од 300 зборови), опис на концептот на проектот (не повеќе од 500 зборови, јасно артикулиран концепт на нов неизведен проект – дипломски работи не се прифаќаат), визуелен материјал кој ќе биде потврда на претходниот уметнички ангажман на уметникот, но и визуелна потврда на новата продукција (дури и на ниво на мапа), финансиска конструкција за реализација на проектот (согласно планираниот буџет). Само апликациите кои ги содржат сите делови ќе бидат разгледувани. Апликацијата мора да бидат исклучиво во PDF формат, максимална големина 10 MB. Нема да бидат прифатени dropbox, wetransfer.

Материјалот да е на македонски и англиски, во times new roman, фонтот 12, со 1,5 проред.

Пријавите пратете ги најкасно до 20.7.2020 на 🔛Ngm@nationalgallery.mk

Share Button