Конкурс за вработување – шифра кул 04 01 Б02 005, шифра кул 04 01 Б01 004

Share Button

Република Македонија Национална установа, Национална галерија на Република Северна Македонија – Скопје

Во врска со члeн 3 и член 20-г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14 и 27/16 и 35/18), член 22 и член 23 од Законот за работни односи („Службен весник на Република Македонија“ број 62/2005, 106/2008,161/2008,114/2009, 130/2009,16/10, 50/10, 52/10,124/10,47/11,11/12,39/12,13/13, 25/13,170/13,187/13,113/14, 20/15, 33/15, 72/15,129/15,167/2015,27/2016 и 120/18), Правилникот за задолжителни  елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија. бр. 34/15), Известувањето од Министерството за финансии на Република Северна Македонија за обезбедени финансиски средства бр.18-5997/2 од 11.07.2019 година, Националната установа, Национална галерија на Република Северна Македонија – Скопје со единствен матичен број 4063317 и единствен даночен број 4030965222783 објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС

                                                                                                     Број 1/2019 

Националната установа, Национална галерија на Република Северна Македонија – Скопје има потреба од вработување на 2 (две) помошно-технички лица на неопределено работно време за следниве работни места на ниво со шифра:

1. Ниво Б01, шифра кул 04 01 Б01 004, назив на работното место Чувар – контролор, Звање на работното место Друг работник за прием на посетители,  подгрупа 1 помошно- технички лица за одржување на објектите и опремата во Сектор за  правни,  административни и општи технички и финансиски работи – Одделение за правни, административни, општи технички работи  (1) еден извршител;

2. Ниво Б02, шифра кул 04 01 Б02 005, назив на работното место Хигиеничар, Звање на работното место Друг работник за одржување на објектот, подгрупа 1 помошно- технички лица за одржување на објектите и опремата во Сектор за правни,  административни и општи технички и финансиски работи – Одделение за правни, административни, општи технички работи  (1) еден извршител;

Општите услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите се:
–    да е државјанин на Република Северна Македонија,
–    активно дa го користи македонскиот јазик,
–    да е полнолетен,
–    да има општа здравствена способност за работното место и
–    со правосилна судска пресуда да не му е изречена кaзна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови:
За нивото Б01 и нивото Б02 – да има завршено ССП – општа гимназија, ССУ – 3 години; Работните места се предвидени за со или без работно искуство.

Распоред на работно време во смени

Дневното работно време за работното место Чувар – контролор се организира во смени и тоа:

–    Работно време од 07:00 до 14:00 и од 14:00 до 22:00 часот
Дневното работно време за работното место Хигиеничар е во траење од осум часа дневно (односно согласно програмските потреби и во смени)

–    Работни часови неделно 40
Паричен нето износ на плата за работно место под реден број 1 изнесува: нето 16.389/бруто 23.891  денари.

Паричен нето износ на плата за работно место под реден број 2 изнесува: нето 16.036/бруто 23.350  денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2019 год. се Македонец 1, Албанец 1.

Рокот за пријавување на кандидатите за јавниот оглас е 5 работни дена, не сметајќи го денот на објавувањето во дневен весник. Заинтересираните кандидати треба да достават Пријава, со прилог потребна документација, оригинал или заверена на нотар.
–    Пријава Кратка биографија
–    Свидетелство / Диплома за завршен степен на образование кое се бара за работното место
–    Уверение за државјанство

–    Уверение за општа здравствена способност за работното место (не постаро од 6 месеци)

–    Уверение дека не е изречена казна забрана за вршење професија, дејност, должност.

 

Пријавата за огласот може да се подигне од архивата на Националната установа, Национална галерија на Република Северна Македонија – Скопје или да се симне од интернет страната www.nationalgallery.mk

Изборот ќе се изврши во зависност од пријавените кандидати а најдоцна во рокот определен во член 23 став 2 од Законот за работни односи.

Кандидатите комплетната документација со која се докажува исполнувањето на условите од огласот, треба да ја достават до архивата на Националната установа, Национална галерија на Република Северна Македонија – Скопје, секој работен ден од 9 до 15 часот или по пошта на следната адреса: ул. Јордан Мијалков 18 Скопје Република Северна Македонија (со назнака „за Јавен оглас за вработување бр.01/2019″).
Телефон за контакт 02 3126856 Елизабета Тасевска.
При поднесување на пријавата лицето го наведува бројот на работно место за кое се пријавува. Кандидатите се должни да достават прецизни и точни податоци.

Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Кандидатите со пријавата треба да ги достават доказите за исполнување на условите, во оригинална форма или копија заверена на нотар.

Селекцијата и интервјуто на пријавените кандидати ќе ги спроведе надлежна Комисија формирана за спроведување на постапка за вработување.
Пријавените кандидати ќе бидат навремено известени за времето и местото на одржување на интервјуто. Ненавремена, нецелосна и некомплетна пријава и документација нема да биде предмет на разгледување од страна на Комисијата.

Националната установа, Национална галерија на Република Северна Македонија – Скопје

Share Button